И пет минути да се намали чекањето на Табановце е добро за транспортерите, Муратовска реагира зошто има две контроли од полиција место една

Транспортерите, кои стојат заглавени на граничниот премин Табановце по пет- шест часа, денес добија уште едно ветување за скратување на времето на чекање, овој пат од новиот директор на Царинската управа, Бобан Николовски. Тој денес, на граничниот премин Табановце се сретна со Билјана Муратовска од Асоцијацијата на превозници „Макам транс“. „Имаме две контроли од полицијата наместо една. Јас барам службениците …

Continue Reading

Од 22 до 25 јули ќе се прска против возрасни форми на комарци

Градот Скопје ги известува граѓаните дека терестичната дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против возрасни форми на комарци, ќе се реализира од 22 до 25.07 2024 година, во период од 22.00 до 03.00 часот, наредниот ден. „Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, истата ќе се изврши првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни, во истите …

Continue Reading

Песков: Kонцентрираното присуство на бродови на НАТО во Црното Море претставува дополнителна закана за Русија

Кремљ денеска објави дека Русија како закана ќе ги разгледа сите планови за воспоставување постојано присуство на воени бродови на НАТО во Црното Море, со оглед на вмешаноста на алијансата во руската војна со Украина. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, им одговори на новинарите на конференциска врска за новата стратегија за поморска безбедност на украинскиот претседател. Володимир Зеленски зборуваше за …

Continue Reading

Душан Тадиќ потврди дека повеќе нема да игра за Србија

Капитенот на фудбалската репрезентација на Србија Душан Тадиќ (35) повеќе нема да настапуваат за националниот тим. Тадиќ одлуката за која се шпекулираше изминатите денови ја објави на својот профил на „Инстаграм“. „Со оваа објава сакам да им се обратам на сите љубители на фудбалот, настојувам да бидам коректен и директен колку што е можно, како што беше случај при изјавите …

Continue Reading

За првпат отворена лабораторија за испитување на квалитетот на водата во Општина Илинден

Од денеска е пуштена во употреба нова лабораторија за контрола на квалитетот на водата за пиење со која ќе раководи ЈКП „Водовод“-Илинден, а се отвора за првпат од основањето на претпријатието. На отворањето на лабораторијата присуствуваше и градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски и директорот на ЈКП „Водовод“-Илинден, Ивица Трипуновски. Градоначалникот истакна дека лабораторијата е опремена со најсовремена апаратура и …

Continue Reading

Песков: Плановите на Фон дер Лајен и даваат на ЕУ воен призвук

Плановите на шефицата на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, за создавање на европска одбранбена унија и даваат на ЕУ „воен призвук“ и го потврдуваат ставот дека земјите од европскиот континент ги ескалираат тензиите и методите на конфронтација во надворешната политика, изјави денеска прес-секретарот на рускиот претседател Дмитриј Песков. „Заедничката одбранбена и безбедносна политика е една од областите на заедничка …

Continue Reading

СДСМ: Лефков како папагал повторува лаги, стравот од Филипче во ВМРО-ДПМНЕ е голем

Очаен е Лефков кој секојдневно добил задача да лаже и измислува за претседателот Венко Филипче. Човекот како папагал во глува соба секојдневно држи прес конференции и ги повотрува истите лаги кои со години ги пласира ДПМНЕ за претседателот Филипче, велат од СДСМ. „Ништо ново не кажува, ниту нешто од наведените напади кои се повторуваат се вистина. Овие бескрајно повторувани приказни …

Continue Reading

На Јажинце уапсен маж од Косово, бил баран од Интерпол Србија

Вчера во 16.00 часот на Граничниот премин Јажинце, на влез во државата, полициски службеници го лишиле од слобода 47-годишниот Б.Р. од Косово, затоа што при пасошка контрола и извршени проверки било констатирано дека во службената евиденција е со мерка „апси“, по барање на Интерпол Србија, извести МВР. Тој бил предаден на полициски службеници од СВР Тетово за понатамошна постапка.

Continue Reading

Прегазен велосипедист во Штипско, со тешки повреди пренесен во болница

Вчера во 14.48 часот во СВР Штип било пријавено дека во село Лакавица, штипско, патничко возило „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 30-годишниот Џ.Д., удрило во велосипед, управуван од малолетник, двајцата од село Лакавица, извести МВР. „Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Клиничка болница Штип“, соопшти МВР. Извршен бил увид од увидна екипа …

Continue Reading