Загина 74-годишна жена од Скопје: со возилотo излетала од патот Стража – Гостивар

Утрово во 08.40 часот во СВР Тетово било пријавено дека на магистрален пат Стража – Гостивар, патничко возило „спарк“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Л.А.(74) од Скопје, излетало од коловозот. Од здобиените повреди, Л.А. починала на местото. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а увид на местото на несреќата извршиле екипа од ОВР Гостивар и јавен обвинител, по …

Continue Reading

(Видео) Мицкоски од Лондон: Главен приоритет, добрососедските односи и наоѓање одржливо решение за проблемот со источниот сосед

„Денеска се одржува Самитот на Европската политичка заедница. На самиот Самит имав можност да остварам многу билатерални средби, меѓу кои би ја издвоил билатералната средба со новиот министер за надворешни работи на Велика Британија. Потоа средбите со државниците од регионот и соседството како што е средбата со претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ, потоа Јаков …

Continue Reading

Николоски: Исплатени платите за околу 4. 400 вработени во Железници и Пошти

Министерот Александар Николоски на својот фејсбук профил објави дека е исполнето ветувањето за обезбедување и исплата на плати за вработените во двете претпријатија за Железници и во Македонски пошти. „Ветив дека 4.400 вработени нема да ги оставам без плата! Плата е исплатена на Македонски Железници Инфраструктура, Македонски Железници Транспорт и Македонски Пошти“, напиша Николоски. Повика на одговорност за претходните раководства …

Continue Reading

Паднати дрвја, искршени гранки, по невремето проследено со силен ветер и дожд во Скопје

Попладнево Скопје го зафати невреме проследено со силен дожд, ветер и град. Во делови од скопските населби Ново Лисиче и Аеродром снема струја откако почна невремето. Силен ветер и дожд во форма на невреме попладне регистрирано и во Кавадаречко, каде жителите на социјалните мрежи се пожалија дека во одредени делови од градот снемало струја. Од УХМР соопштија дека од утре …

Continue Reading

(Фото) Невреме со силен ветар и дожд зафати делови од Скопје

Делови од Скопје попладнево беа зафатени од силен ветер со дожд и град. Во одредени реони како во населбите Ново Лисиче и Аеродром снема струја откако почна невремето. Невремето сликано од автопатот Штип-Скопје. Невреме со силен дожд и град го зафати и Кавадарци а жителите на социјалните мрежи пишуваат дека во одделни делови од градот нема струја.

Continue Reading
Приведен крадец во Кичево, вршел тешки кражби во станови и куќи

Скопјанка истепала маж на кејот на Вардар во скопски Аеродром

Скопјанка истепала маж на кејот на Вардар во скопската општина Ародром а случајот во полиција го пријавил 47-годишниот маж. Имено според полицијата, вчера во 18.00 часот во СВР Скопје, А.Б.(47) пријавил дека на 16.07.2024 околу 01.00 часот на кеј на реката Вардар на подрачјето на општина Аеродром бил физички нападнат од Р.Н.(женско лице), двајцата од Скопје. Се преземаат мерки за …

Continue Reading

Повредена скопјанка во експлозија на шахта, поради див приклучок

Синоќа во 20.45 часот во СВР Скопје, од Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје било пријавено дека кај нив со изгореници била донесена М.П.(58) од Скопје, која се здобила со повреди околу 19.15 часот. Според пријавеното, додека поминувала покрај шахта со подземни кабли на ЕВН на тротоарот на бул.„Крсте Мисирков“, во шахтата настанала експлозија, при што жената се здобила со …

Continue Reading

Крадец влегол во куќа во Кочани и крадел предмети, а на сила одзел и златен накит

Вчера во 12.42 часот во Полициската станица Кочани, В.Б. од Кочани пријавил дека во неговата куќа во Кочани, едно лице влегло и одзело предмети и со употреба на сила го одзело личниот накит на неговата мајка М.Б.(86). Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Continue Reading

Неколкумесечниот син го оставила неухранет и без родителска грижа: кривична за 23-годишна жена од Куманово

СВР Куманово поднесе кривична пријава против М.А.(23) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање на дете“. Пријавената, од рааѓањето на нејзиното дете на 12.12.2023 ја запоставила својата родителска должност, со денови го оставала нејзиниот неколкумесечен син без родителска грижа, одбила болничко лекување и го довела во состојба на неухранетост, соопшти полицијата.

Continue Reading