(Видео) 85.000 луѓе го пречекаа Мбапе на „Сантијаго Бернабеу“

Францускиот фудбалер Килијан Мбапе и официјално беше промовиран во нов играч на Реал Мадрид. На промоцијата присуствуваа 85.000 луѓе на „Сантијаго Бернабеу“. Мбапе, утринава најпрвин беше на лекарски прегледи, а потоа заедно со претседателот на Реал Флорентино Перез го парафираше повеќегодишниот договор. Мбапе ќе остане во шпанската престолнина најмалку до летото 2029 година. Само за потписот доби 130 милиони, а …

Continue Reading

Родителите на бебето и медицинската сестра се смирија и си подадоа рака, случајот е затворен, рече Мемеди

Немало апсолутно никаква намера на медицинската сестра за нанесување повреда, туку тие модринки на раката настанале при процедурата земање венска крв за анализи на 11 јули. Ова го истакна директорот на детската клиника, Реџеп Мемеди, откако родителите на бебето јавно ја прозваа медициснката сестра дека им го тепала бебето оти не знаеле македонски јазик. Тој објасни дека земањето крв било …

Continue Reading

Тројца планинари загинаа поради високите температури во САД

Тројца планинари загинаа во текот на викендот во државните и националните паркови во Јута, за кои постои сомневање дека се должи на екстремна топлина. Ќерка (23) и нејзиниот татко (52), Беатрис Херера и Албин Херера Еспиноза, испратиле порака до полицијата дека се изгубиле и останале без вода додека оделе по 13-километарската патека Syncline Loop во Националниот парк во Јута на …

Continue Reading

Обвинение за пет лица во предметот „Грчец“, за останатите постапката ќе продолжи по нивно обезбедување

По спроведена сеопфатна истражна постапка што се водеше од почетокот на оваа година, предметниот обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Обвинителен акт против пет лица, извести ЈОРМ. „Според описот наведен во првиот дел од диспозитивот на Обвинителниот акт тројца од обвинетите како припадници на организираната меѓународна криминална …

Continue Reading

„Комуналниот отпад во општина Центар се собира редовно“, вели ЈП Комунална хигиена Скопје

ЈП Комунална хигиена-Скопје ја информира јавноста дека на територијата на Град Скопје вклучително и општина Центар комуналниот отпад се собира и транспортира без никаков застој, односно во согласност со динамиката утврдена со Оперативната програма за собирање и транспортирање на комуналниот отпад од подрачјето на градот Скопје, усвоена од страна на Советот на Градот Скопје. „Редовно се врши според Планот за …

Continue Reading

СДСМ: ДКСК да го истражи случајот на синот на Мицкоски, да не паѓа под притисоците на ВМРО-ДПМНЕ

Ја поздравуваме одлуката на ДКСК да започне постапка и да се истражи патувањето на синот Мицкоски во Вашингтон, велат од СДСМ. Јавноста, додаваат од партијата, мора да знае од кои пари е платено тоа патување. „Мицкоски се крие два дена, да не ги објави приватните сметки и со тоа јасно потврдува дека такви сметки воопшто не постојат. Денешниот обид за …

Continue Reading

Муцунски на одвоени средби со амбасадорите на БиХ и Јапонија: се разговараше за актуелните состојби во земјава и регионот

Министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, денеска, оствари одвоени средби со амбасадорот на Босна и Херцеговина, Драган Јаќимовиќ и амбасадорот на Јапонија, Оцука Казуја. На двете средби, соговорниците ги потврдија одличните билатерални односи кои се градат и развиваат во континуитет. На средбата со амбасадорот на Босна и Херцеговина, стана збор за актуелните состојби во двете земји, како и процесите за …

Continue Reading

Германската армија за прв пат го употреби моќниот ХИМАРС

Германските воздухопловни сили изведоа голема воена вежба на Алјаска, при што за прв пат го користеа американскиот артилериски систем ХИМАРС, соопшти денеска нивниот портпарол. Операцијата со употреба на ХИМАРС беше дел од воената вежба „Арктички бранител“. ХИМАРС е мобилен артилериски систем кој се прослави во украинската одбрана од руската инвазија. Германската влада најави дека за Украина ќе финансира уште три …

Continue Reading

Мбапе го стави потписот на договорот со Реал

Францускиот фудбалер Килијан Мбапе официјално е нов член на Реал. Откако успешно ги помина лекарските прегледи, Мбапе се упати на „Сантијаго Бернабеу“, каде што потпиша договор со европскиот и шпанскиот шампион. Во друштво на претседателот на клубот Флорентино Перез, напаѓачот се обврза на соработка до летото 2029 година. Со тоа ставија крај на долгогодишните шпекулации за тоа кога и дали …

Continue Reading