Црвен крст на терен во логистичка поддршка на екипите при справувањето со пожарите

Црвен крст е активно на терен во логистичка поддршка на екипите при справувањето со пожарите, велат од таму. Црвениот крст на Република Северна Македонија, како што нагласуваат во информацијата, внимателно ја следи ситуацијата со справувањето со пожарите во државата и преку мобилните тимови на Црвениот крст на РСМ активно е вклучен во логистичка поддршка на екипите, институциите и граѓаните ангажирани …

Continue Reading

Форбс: Трамп е побогат за милијарда долари по атентатот

Нетото богатство на поранешниот претседател Доналд Трамп вчера се зголеми за повеќе од милијарда долари, бидејќи акциите на Трамп Медиа – матичната компанија на социјалната мрежа Truth Social – пораснаа неколку дена по обидот за атентат врз Трамп, кој поседува мнозински удел во компанијата. Акциите на Trump Media & Technology Group пораснаа за 32% на нешто помалку од 41 долар, …

Continue Reading

Симон ќе паузира до октомври

Унаи Симон првиот голман на Атлетик Билбао и на шпанската репрезентација, кој во неделата со неа стана европски шампион, оваа недела ќе мора да го оперира зглобот. Симон ќе паузира три до четири месеци. Според очекувањата, тој некаде во октомври ќе може да се стави на располагање на својот клуб. Симон веќе некое време се мачи со повреда која сега …

Continue Reading

Герасимовски во придружба на Црвениот Крст делеше вода за справување со екстремните температури

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски го придружуваше општинскиот Црвен крст кој деновиве спроведува заеднички теренски активности за превенција и заштита на здравјето на граѓаните од последиците на топлотниот бран. Мобилните тимови составени од службите на локалната самоуправа и волонтерите од Црвен Крст на различни локации во општината делат вода, даваат прва помош, како и препораки и совети за справување …

Continue Reading

(Видео) Жени се истепаа на популарна плажа пред децата: се влечеа за коса и врескаа, едвај ги одвоија, јавуваат италијанските медиуми

Жестока тепачка избила на популарна плажа во Италија, кога жени се истепаа околу лежалките, јавуваат италијанските медиуми. Шокирани туристи ја снимија неверојатната сцена на плажата во Варкатуро во областа Неапол, а снимката стана вирална на мрежите. „Неконтролирано насилство, неопходно е превоспитување на оние кои не знаат како да се однесуваат во јавноста“, напиша заменикот Емилио Борели, кој го објави видеото …

Continue Reading

Вулин: Големите сили ја фалат Северна Македонија кога ќе ги послуша и ги повредува Србите, но кога шумите ќе почнат да горат, Србија е прва што ќе помогне

„Како министер за полиција, секоја година испраќав луѓе и опрема да и помогнат на Северна Македонија да ги изгасне пожарите. Така е и денес, српските хеликоптери и пожарникари се борат со огнот за да ги спасат луѓето и имотот на Северна Македонија“, истакна вицепремиерот на Србија и поранешен министер за полиција Александар Вулин, потсетувајќи дека Србија и помага на Северна …

Continue Reading

Драма кај Барселона: во несреќа повредени пет лица, тројца се во тешка состојба

Во автобуска несреќа на влезот во тунел на автопат во близина на Барселона, во североисточна Шпанија, пет лица се повредени, од кои три потешко, соопштија денеска официјални лица. Автобусот превезувал меѓу 50 и 60 текстилни работници во блиската фабрика кога се случила несреќата на автопатот Ц-32, околу еден час северно од Барселона, додале официјалните лица. Службите за итни случаи за …

Continue Reading

Роберта Мецола е реизбрана за претседателка на Европскиот парламент

Роберта Мецола, политичарка од Малта од Европската народна партија, денеска е реизбрана за претседателка на Европскиот парламент. Мецола беше избрана со апсолутно мнозинство при тајно гласање, откако за неа гласаа 562 пратеници. Претседател на ЕП се избира со мандат од две и пол години, а противкандидат на Мецола за оваа функција беше Ирене Монтеро од групата Левица, која доби 61 …

Continue Reading

Пожар зафати населба на Хаваи, наредена итна евакуација: голем број пожарникари на терен

Жителите на околу 200 домови на хавајскиот остров Кауаи се евакуирани поради пожар кој брзо се проширил поради налетите на ветрот, додека пожарникарите се обидувале да го изгаснат со испуштање вода од воздухот, соопштија денеска властите. Пожарот изгоре околу 4,04 квадратни километри земјиште меѓу Ханапепе и Каумакани, соопштија пожарникарите во Кауаи. Тие додадоа дека се загрозени неколку објекти, а 60 …

Continue Reading