Сосед на атентаторот: Имаше транспаренти за поддршка на Трамп во дворот

Сосед на 20-годишникот кој се обиде да го убие Доналд Трамп изјави дека во дворот на куќата на неговото семејство имало транспаренти со поддршка на Трамп. Во саботата Томас Метју Крукс пукаше во Трамп од покрив на зграда, додека поранешниот претседател говореше на митинг во Пенсилванија. Еден куршум му помина покрај увото, а Трамп се здоби со полесни повреди. Во …

Continue Reading

Министерство на Хамас: Најмалку 50 луѓе загинаа во израелските напади врз Газа

Израелските сили денеска се судрија со борците на Хамас во неколку области на Појасот Газа, а палестинските здравствени власти соопштија дека најмалку 50 лица загинале во израелските бомбардирања на јужните и централните области. Палестинската исламистичка милитантна група Хамас го обвини Израел за интензивирање на нападите во Газа за да се обиде да ги попречи напорите на арапските посредници и САД …

Continue Reading

Убиство во Македонски Брод, жртвата е 31-годишен војник во АРМ, поведена е истрага

Основното јавно обвинителство Кичево донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 21-годишник од селото Суви Дол, Македонски Брод за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело- Убиство според член 123 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот со умисла лишил од живот едно лице во двор на куќа во селото Калуѓерец, нанесувајќи му огнострелна повреда со куршум од ловна пушка, …

Continue Reading

Повторно активен пожарот над Битола

Огнот повторно се разгоре над обиколницата на Битола. Екипите на ТППЕ Битола постојано се на терен и работат на ставање на ситуацијата под контрола и локализирање на пожарот, известува Општина Битола. Паралелно се врши и координација со општинскиот кризен штаб за вклучување на сите расположливи сили и ресурси во согласност со потребите. Во комуникација на градоначалникот Тони Коњановски со Центарот …

Continue Reading

Чистка во Грција: поради „законот на Миконос“ баровите на плажа се затвораат, чадори и маси се собираат цела ноќ

Сопствениците на ресторани на брегот во Неа Анхиалос вчера набрзина почнаа да собираат чадори, лежалки и маси од плажата за да не ги затворат трајно своите објекти поради примената на „законот на Миконос“ кој беше воведен среде летната сезона. По пријавите, следеше контрола на државната агенција за земјиште, користеа дури и дронови, а вчера беа изречени високи казни, со ултиматум …

Continue Reading

Сеизмолошката опсерваторија со детали за денешниот земјотрес во Скопје

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денес, 16.07.2024 година во 14 часот и 06 минути, регистрираше земјотрес чиj епицентар припаѓа на скопско епицентрално подрачје, со Рихтерова локална магнитуда ML2.0. Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван од населението во градот …

Continue Reading

ФА: Герет направи повеќе од сите селектори пред него во последните 50 години

Герет Саутгејт (53) поднесе оставка како селектор на Англија. Англија во финалето на ЕП беше поразена од Шпанија со 2:1. За Саутгејт ова беше втор пораз во борба за континенталната титула. Да потсетиме, Англија загуби и од Италија во 2021 година во финалето на истиот турнир. Саутгејт е на чело на Англија од 2016 година. Откако Саутгејт официјално се повлече, …

Continue Reading

Славески: Во предвидениот ребаланс на Буџет нема предвидено средства за набавка на нови автобуси во Град Скопје, шокантно е тврдењето на Арсовска дека има предвидено цел еден денар

„3-4 месеци пред завршувањето на минатата 2023 година, градоначалникот Арсовска имаше изјава во медиумите по 16-17-тиот неуспешен обид за изгласување на одлука за задолжување за набавка на еко автобуси, таа изјави дека во Буџетот за 2024 година ќе бидат определени средства за набавка на еко автобуси. Моето објаснување се заснова на тоа тврдење и затоа што немаше таков предлог во …

Continue Reading

Се запали „мерцедес“ во движење на локален пат во селото Мешеишта

Вчера во 11.20 часот, во возило „мерцедес“, кое се движело по локален пат во селото Мешеишта, општина Дебрца, настанал пожар, извести СВР Охрид. „Повредени лица нема, а интервенирала Територијалната противпожарна единица од Охрид“, додаваат од СВР Охрид.

Continue Reading