Пожарникарите спасија дете од заклучен автомобил во Макарска
Во Макарска, на паркингот на пазарот Кауфленд, пожарникарите синоќа извлекле дете од заклучен автомобил. Пријавата ја добиле во 21:43 часот, а интервенцијата траела нешто подолго од 20 минути, објавено е на Фејсбук страницата на Противпожарната станица. Јавната противпожарна станица уште еднаш апелираше до граѓаните да не ги оставаат децата затворени во возилата.
Continue Reading
Кој ги убива рибите во делчевска Брегалница, прашуваат од Левица
Локалните сточари во делчевско, во атарот на селата Драмче и Бигла, забележале мртви риби по течението на реката Брегалница. Шокантни сцени кои уште еднаш ги потврдуваат сомнежите за небрежноста и неспособноста на новата Влада да превземе вистински мерки за заштита на животната средина и здравјето на граѓаните, истакнуваат од Левица. „Љупчо Симоновски, самостоен општински инспектор, вели дека утринава е направен …
Continue Reading
Ангеловска-Бежоска – Радев: Продолжува добрата соработка помеѓу Народната банка и централната банка на Бугарија
Актуелните прашања за економската состојба во Европската Унија, како и економските предизвици со кои се соочуваат земјите од регионот во однос на задржувањето на ценовната и финансиската стабилност беа главните теми на разговорот помеѓу гувернерката на Народната банка на Република Северна Македонија, Анита Ангеловска-Бежоска и гувернерот на Бугарската народна банка, Димитар Радев, кои остварија средба во рамките на работната посета …
Continue Reading
Зеленски: Се бориме против страшен непријател, но нема да се предадеме
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, им порача на Украинците денеска, по повод Денот на државноста на Украина, да се борат против „страшниот непријател“, но дека нивната земја нема да се предаде. „Украина не може да се согласи на ништо помалку од тоа да живее, да се зачува и да преживее. Украина нема да му се потчини на злото, ние мора …
Continue Reading
Проштална средба Муцунски – Норман, стана збор за нашиот евроинтегративен процес
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, оствари проштална средба со нерезидентниот амбасадор на Канада, Џајлс Норман. Муцунски изрази благодарност за целокупната работа на Амбасадорот, нагласувајќи дека со неговиот ангажман и континуираните заложби до висок степен придонел за зајакнување на билатералните односи и стратешкото партнерство меѓу Северна Македонија и Канада. На средбата стана збор и за сојузништвото во …
Continue Reading
Отпишаниот Џејмс МВП на Копа Америка
Џејмс Родригез некогаш беше голема ѕвезда. По фантастичниот Мундијал во 2014 година, Реал го купи од Монако за 75 милиони евра и уште во првата сезона беше прогласен за најдобар играч за врска на Ла Лига. Во 2015 година, УЕФА го вклучи во најдобриот тим на годината, а подоцна беше одличен во Баерн, каде во 2017 година влезе во најдобриот …
Continue Reading
Вработени во Општина Бутел се заканувале на раководител
Раководител во општина Бутел, на 13.07.2024 година во ПСОН Чаир пријавил кривично дело “Загрозување на сигурноста” по чл.144 ст.2 од КЗ. Службеникот, раководител во општина Бутел добил СМС пораки со заканувачка содржина, од вработените во општината А. Е. и Б. Р. Од страна на ЕНК-ОНК превземени се мерки и активности, при што се обезбедени лицата А. Е. и Б. Р., …
Continue Reading
Скопјанец изгубил контрола и паднал од електричен тротинет
Вчера во 15.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Св.Климент Охридски“ во Скопје, Б.Ј.(30) од Скопје, управувајќи електричен тротинет, изгубил контрола и паднал на коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Continue Reading
Падналe од мопед: тешко повредени две лица во Охрид и Кавадарци
Синоќа во 21.00 часот во СВР Охрид било пријавено дека на бул.„Туристичка“ во Охрид, 42-годишната А.Ѓ. од Охрид, управувајќи мопед со охридски регистарски ознаки, изгубила контрола и паднала на коловозот. Во несреќата А.Ѓ. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид. Истиот ден во 09.30 часот …
Continue Reading