Поранешен снајперист: Убеден сум дека атентаторот на Трамп имал помош одвнатре

Снајперистот ветеран кој го држи светскиот рекорд за најдолг потврден снајперски удар, тврди дека напаѓачот на Доналд Трамп имал помош. Далас Александар, кој помина 14 години во канадски армиски снајперски тим заштитувајќи ги светските лидери, вклучително и канадскиот премиер, во видео снимка сугерира дека 20-годишникот кој отвори оган на митингот на Трамп во саботата вечерта можеби имал внатрешна помош. „Напаѓачот …

Continue Reading

Герасимовски: Доделивме 770. 000 денари на 60 социјално загрозени лица

Општина Центар додели 770. 000 денари на 60 социјално загрозени лица баратели по основ на нарушена здравствена состојба или тешка материјална положба. Еднократната финансиска помош Комисијата за социјална и здравствена заштита ја одобри врз основа на пристигнати барања од страна на жители на општината кои ги исполнуваат условите според Правилникот за постапката за остварување право на финансиска помош и поддршка …

Continue Reading

(Видео) Кривична против тројца полицајци од ПС Центар за примање поткуп

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР, до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска полиција, поднесе кривична пријава против Д.С., Ф.Ѓ. и Д.Ј., полициски службеници во Полициска станица Центар, поради постоење основи на сомнение …

Continue Reading

На Табановце за влез се чека околу 30, на Богородица за излез околу 45 минути

Од 09.07.2024 11:00 часот, на десна коловозна лента на автопат Скопје – Куманово извршена била времена измена на режим на сообраќај , при што во должина од 1000 метри (пред НС Миладиновци до НС Миладиновци), сообраќајната лента за принудно запирање и сообраќајната лента за возење ќе бидат затворени, додека сообраќајот ќе се одвива по левата сообраќајна лента за претекнување. Сообраќајот …

Continue Reading

Инфлуенска осудена за трговија со луѓе: „Чуваше девојка како робинка“

Како што пренесува Би-Би-Си, две млади Бразилки исчезнале во септември 2022 година, а нивните семејства и пријатели започнале потрага низ САД за да ги најдат. Исчезнатите девојки живееле со истакнатa инфлуенсерка, Кат Торес, која порано била познат модел и била видена како се забавува со Леонардо ди Каприо. Торес успеала да привлече голем број девојки, ветувајќи им дека ќе ги …

Continue Reading

Министерката за енергетика се сретна со чешкиот амбасадор, се разговарало за новоформираното министерство и за неговите цели

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска, денеска оствари работна средба со амбасадорот, Јарослав Лудва од Република Чешка. На средбата се разговараше за новоформираното министерство за неговите цели, активности и проекти. Министерката Божиновска ја истакна огромната важност за реализирање на нови капитални инвестиции во полето на енергетиката и усогласување на постоечките закони со европската унија. На средбата беше …

Continue Reading

Милер и кажа збогум на германската репрезентација

Германскиот фудбалер Томас Милер (34), победник на Светското првенство во 2014 година и ѕвезда на Баерн Минхен, објави дека се повлекува од националниот тим. „После 131 меѓународен натпревар и 45 голови, денеска се збогувам со германската репрезентација“, објави тој во видеото објавено на социјалните мрежи. Последниот натпревар на Милер за репрезентацијата беше во четвртфиналето на домашното Европско првенство, кога Шпанија …

Continue Reading

Средба Муцунски – Прескер: во фокусот процесот на интеграција во ЕУ

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, оствари средба со амбасадорот на Република Словенија, Грегор Прескер. На средбата беше изразено задоволство од одличните билатерални односи и успешната соработка, а беа разменети и мислења за актуелните состојби, како во двете земји, така и во Регионот. Во разговорите, посебен фокус беше ставен врз процесот на интеграција во Европската Унија, при …

Continue Reading

Средба на министерот Љутков со евроамбасадорот Гир

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков денеска оствари средба со евроамбасадорот Дејвид Гир и со претставници од делегацијата на ЕУ во Скопје. На средбата, министерот Љутков изрази благодарност за соработката со делегацијата на ЕУ во областа на културата, како и за поддршката во евроинтеграциските процеси како еден од најважните приоритети на Владата и на Министерството за култура и туризам. …

Continue Reading