Шенон Доерти пред четири години го одбра фустанот за погреб, а пред смртта распродаде сè што има за да ѝ олесни на мајка си

Актерката Шанен Доерти која почина на 54-годишна возраст, девет години се бореше со рак на дојка. Во својот поткаст таа објасни дека сака да реши многу работи пред да почине за да ја спаси мајка си од дополнително страдање. “Мој приоритет во моментов е мајка ми. Знам дека ќе ѝ биде тешко ако умрам пред неа. Бидејќи ќе ѝ биде …

Continue Reading

Најдобри во Европа: Родри и Јамал

Фудбалерите на Шпанија во финалето на Европското првенство ја победија Англија со резултат 2:1 и со тоа ја освоија шампионската титула. Напаѓачот на Реал Сосиедад, Микел Ојарзабал го постигна решавачкиот гол во 86.минута. Најдобар фудбалер на турнирот (МВП) е Родри, а најдобар млад фудбалер Ламин Јамал. Ојарзабал им ја донесе конечната победа на Шпанците. Ова е четврта шампионска титула за …

Continue Reading

Утре до 42 степени, пеколни температури до петок

Сончево и многу топло, од пладне со мала до умерена облачност е прогнозата за утре од Управата за хидрометеорологија. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 23, а максималната ќе достигне од 36 до 43 степени. Индексот на ултравиолетовото зрачење ќе биде 10. Во Скопје сончево и многу топло …

Continue Reading

Ламин Јамал урна рекорд на легендарниот Пеле

Младиот шпански фудбалер Ламин Јамал собори уште еден рекорд. Ламин Јамал, постигна гол во полуфиналето и стана најмладиот стрелец во историјата на европските првенства, а сега собори уште еден рекорд. Тој го започна финалето на ЕУРО 2024, што значи дека стана најмладиот фудбалер кој играл во финале на едно големо натпреварување. Јамал на тој начин го собори рекордот на легендарниот …

Continue Reading

Соученици на атентаторот на Трамп сведочат дека бил мета на булинг: често го малтретираа

Томас Метју Крук кој се обиде да изврши атентат на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, не бил омилен во друштвото, сведочат за локални медиуми во Пенсилванија, негови соученици. Момче кое одело во истиот клас со атентаторот, кажува дека Крук постојано времето го минувал сам и останатите често го малтретирале. На училиште доаѓал облечен во ловечка облека. Џејсон Колер, поранешен ученик …

Continue Reading

Љутков: „Галичка свадба“ е чувар на македонскиот културен и национален идентитет

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, присуствуваше на традиционалната манифестација „Галичка свадба“, каде што на младенците, Стефана Димитрова и Даријан Кочоски, им го честиташе бракот со најубави желби за среќна иднина. „Оваа манифестација игра огромна улога во зачувувањето и афирмацијата на оригиналниот фолклор, традиционалните вредности, архитектурата и народното творештво, како темели на нашиот културен и национален идентитет“, вели министерот Љутков. Тој …

Continue Reading

Ангелов: За жал пожарот на Серта повторно гори, гасењето го помагаа 103 војници, 30 полицајци, хеликоптери и ер-трактори, ќе се гаси и утре

Пожарот на планината Серта кој има три крака, сè уште е активен. Гасењето ќе продолжи сè додека е видливо, а утре повторно ќе се гаси со хеликоптери и ер-трактори. Директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов вели дека ветрот и високите температури го отежнуваат гасењето. „Пожарот кој што веќе неколку дена беснее на планината Серта продолжува и понатаму …

Continue Reading

СДСМ: Владата падна на првиот тест, спората реакција во Неготино опустоши 1000 хектари

Задоцнета и ненавремена беше реакцијата на надлежните и Владата на Мицкоски за справување со пожарите во Неготино и регионот, велат од СДСМ. Обвинуваат за немарност. „Заради слабата координација и немарност, изгореа преку 1000 хектари зеленило и се донесоа во опасност преку 150 куќи. ВМРО-ДПМНЕ ветуваше ефикасност, но само по првата криза се покажа дека не умеат да се носат со …

Continue Reading

20-годишниот атентатор на Трамп работел во кујна во дом за стари лица, пушката ја купил татко му

Американските медиуми објавуваат нови детали за 20-годишниот Томас Метју Крукс, кој стои зад обидот за атентат врз Доналд Трамп. На предизборен митинг во Пенсилванија тој го погоди Трамп во десното уво, уби едно лице од толпата и рани уште две пред да биде убиен од Тајната служба. Крукс матурирал во 2022 година и работел во кујната на старечки дом в …

Continue Reading