Физичка пресметка меѓу охриѓанки: по кавга меѓу две деца, се истепаа мајките

Вчера во 14.50 часот во СВР Охрид е пријавено дека на улицата „Ванчо Питошески“ во Охрид, поради меѓусебно недоразбирање помеѓу две малолетни лица, нивните родители 36-годишната П.В. и 35-годишната М.Т., двете од Охрид, го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка, извести СВР Охрид. По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

Continue Reading

Момче во Њу Џерси починало поради малтретирање од татко му: го терал да ослабне, трчал на лента до исцрпеност

Се појави вознемирувачка снимка на која татко од Њу Џерси го принудува својот шестгодишен син да трча на лента за трчање затоа што бил „премногу дебел“, само неколку дена пред смртта на момчето од „хронично“ злоставување. Таткото од Њу Џерси, Кристофер Грегор, е обвинет за убиство на својот шестгодишен син. Новата снимка покажува како момчето се наведнува од исцрпеност додека …

Continue Reading

Челси сака да го врати Конте на „Стенфорд Бриџ“

Фудбалскиот клуб Челзи сака да го врати Антонио Конте на „Стенфорд Бирџ“. Челси под водство на Маурисио Покетино од почетокот на сезоната игра по системот „топло-ладно“, се наоѓа на деветтото место и се очекува Аргентинецот да ја напушти клупата на крајот од сезоната. Конте, го водеше Челзи од 2016 до 2018 година, ја освои титулата во Премиер лигата во сезоната …

Continue Reading

Крмов: Донесување посебен закон и финансирање државни центри за лица со попреченост

Денес во Штип, пратеникот од Левица и носител на листа од ИЕ3, Борислав Крмов, оствари средби со претставници и членови на неколку здруженија на лица со попреченост. „Целта е да ја претставиме програмата на Левица за претстојните Парламентарни избори, 2024. Нашата Програма и од меѓународниот фактор е оценета како најинклузивна социјална програма. Бидејќи зборуваме поопширно за лицата со попреченост, ние …

Continue Reading

Бојмацалиев: Одделенијата за внатрешни работи Неготино и Кавадарци подготвени за изборите на 8 мај

Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев заедно со директорот на БЈБ, Сашо Тасевски, беа во работна посета на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Велес каде што остварија работни средби со раководствата на Одделенијата за внатрешни работи во Неготино и во Кавадарци во рамки на серијата посети во сите сектори ширум земјава. „Од страна на раководството на овие …

Continue Reading

Пуштен во употреба новиот парк на булеварот „Февруарски поход“ во Аеродром

Во пресрет на големиот христијански празник Велигден, со интонирање на македонската химна и подигнување на македонското знаме, денеска официјално беше пуштен во употреба новиот парк лоциран на булеварот „Февруарски поход“ во Општина Аеродром. На денешниот настан присуствуваше градоначалникот на Општина Аеродром, кој заедно со претседателот на советот Дејан Митески, извидниците и дечињата од детската градинка „Буба Мара“, го означија крајот …

Continue Reading

Весна Петрушевска за таткото на Тоше Проески: Никола, гушни го од мене, кажи му колку го сакавме

Актерката Весна Петрушевска се огласи на социјалните мрежи по веста дека починал таткото на Тоше Проески, Никола Проески. „Никола, гушни го од мене, кажи му колку го сакавме, твојата бескрајна љубов кон Тоше беше една огромна тага. Барем сум малку мирна дека се видовме за Бадник. Топол и мил човек. Многу ми е жал. Најискрено сочувство до семејството“, напиша Петрушевска.

Continue Reading

Уапсен малолетник во Полска, осомничен дека се обидел да запали синагога

Полската полиција  соопшти дека во соработка со Агенцијата за внатрешна безбедност уапсила 16-годишен човек осомничен дека со фрлање молотови коктели ја нападнал синагогата Нозик во Варшава. Полицијата соопшти дека ќе испрати барање до обвинителството за отворање истрага против младиот човек, кој според кривичниот законик може да добие затворска казна до 10 години, пренесува Асошиејтед прес. „Беше целосно изненаден, не сакаше …

Continue Reading

Маричиќ: Преговорите со ЕУ ни носат реформирање на јавната администрација и стабилен судски систем

Секретарот за меѓународна соработка на СДСМ и кандидатот за пратеник Бојан Маричиќ во својата изјава за медиуми посочи дека СДСМ е најсериозната и единствената политичка опција во Македонија која може да обезбеди продолжување на преговорите со ЕУ. „Со отворање на поглавјата, со сплотеност и со дисциплина за реформите, влегуваме во финиш на промените кои ни носат европски стандарди и европски …

Continue Reading