Која е сопругата на Педро Санчез која сега е во центарот на скандал: се запознале на забава, има неверојатна биографија

Истрагата што ја отвори судот во Мадрид против Бегоња Гомез, сопругата на премиерот Педро Санчез, има неизвесна иднина, по жалбата на обвинителите. Иако претходните денови потенцираше дека размислува да поднесе оставка, Санчез најави дека ќе остане на премиерската позиција и дека ќе се бори заедно со сопругата. Таа е обвинета за корупција и трговија со влијанија и за многумина е …

Continue Reading

„Биди хуман- спаси живот”: крводарителска акција во Уставниот суд денеска по повод 60 години oд постоењето

Уставниот суд денеска организира крводарителска акција под мотото „Биди хуман- спаси живот” која ќе се одржи во периодот од 9 до 14 часот во просториите на Судот. Акцијата за дарување на крв се реализира во соработка со Црвен крст на Република Северна Македонија, на иницијатива на Уставниот суд, по повод 60 години од своето постоење. Организирањето на оваа хумана активност …

Continue Reading

Силен СДСМ во Собранието е потребен за иднината на државата, велат социјалдемократите

Граѓаните треба масовно да излезат да гласаат на 8 мај, со својот глас да ја поддржат идејата за напредна, слободна и европска држава, да го поддржат СДСМ и Коалицијата за европска Македонија, велат од СДСМ преку соопштение. „Силен СДСМ во Собранието е потребен заради иднината на државата, за ДПМНЕ да не го донесе повторно режимот во најава, кој толку долго …

Continue Reading

Хутите нападнаа два брода поврзани со Израел. „Погодивме и два американски разурнувачи“

Хутите од Јемен го погодија со беспилотни летала контејнерскиот брод „МСЦ Орион“ во напад во Индискиот Океан и бродот „Киклади“ и два американски разурнувачи во Црвеното Море во серија напади што ги извршуваат со месеци како знак на поддршка за Палестинците кои се борат против Израел во војната во Газа. Контејнерскиот брод „МСЦ Орион“ бил нападнат од беспилотно летало, соопштија Хутите, …

Continue Reading

Игор Дуљај повеќе не е тренер на Партизан

Фудбалскиот клуб Партизан му врачи отказ на тренерот Игор Дуљај. Во последните пет натпревари во Супер лигата, тимот ќе го предводи Алберт Наѓ. Управниот одбор на Партизан, доцна синоќа, ја донел одлуката тренерот да добие отказ. На Дуљај му пресудија четири порази во низа од Чукарички, два од Црвена звезда и ТСЦ. Црно-белите се втори на табелата, а до крајот …

Continue Reading

(Видео) Снимка од руски војник стана вирална: „Добредојдовте во пеколот“

Вирално стана  видео од руски војник кој ги предупредува своите сонародници да не одат во војна. Иако рускиот претседател Владимир Путин не прогласи целосна мобилизација, тој привлекува потенцијални регрути ветувајќи почетна плата од 160.000 рубљи (1.792 долари) месечно. Тоа е три пати повеќе од просечната руска плата, а се нудат и бонуси на регрутите. Неименуваниот војник ги советувал своите сонародници, …

Continue Reading

Метеоролозите најавуваат промена на времето за 1 Мај и во следните денови

Времето денес е сончево и топло време со мала до умерена облачност, а во источните делови со услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10, а максималната ќе достигне од 19 до 27 степени. Утре, на 1 Мај ќе има изолирана, а во четврток …

Continue Reading

Ковачевски од Неготино: Али Ахмети прави грешка со скандирањата УЧК, тоа никому не носи добро

Али Ахмети прави голема грешка со скандирањата УЧК на предизборните митинзи на ДУИ. Тој знае дека тие скандирања никому не носат добро и единствено што може да направат е разгорување меѓуетничка нетрпеливост во државата, порача претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, на митингот на Коалицијата за европска иднина во Неготино. Ковачевски го повика Ахмети да се воздржи од реторика која не …

Continue Reading

Ковачевски: Да не дозволиме да се вратиме во времето на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ

Секојдневно сме на терен, меѓу граѓаните. Разговараме со нив, ги слушаме забелешките и заеднички изнаоѓаме решенија. Оние граѓани што избраа да не излегуваат на избори на 24-ти април, ги поттикнуваме да излезат сега и да го дадат својот глас за европската иднина, изјави претседателот на Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски, на митингот на СДСМ и коалицијата кој се одржа …

Continue Reading