(Видео) Ковачки: СДС не е противник само на ВМРО-ДПМНЕ, туку и на народот

Победата во првиот круг е огромна. Победата е ваша на сите граѓани. Затоа што вие одлучувате во каква Македонија ќе живеете. Сакам да ви честитам на сите кои се обединивте и се приклучивте на промените. Но имаме уште работа. Пред нас е вториот круг за избор на претседател на Македонија и избор за нова влада. Во вас е силата за …

Continue Reading

(Видео) Приведени 100 учесници на пропалестинските демонстрации на Универзитетот во Бостон

Полицијата денеска го растури студентскиот протест против израелската агресија во Појасот Газа на североисточниот универзитет во Бостон, а Универзитетот соопшти дека се уапсени околу 100 студенти. Од универзитетот додаваат дека секој што имал универзитетска лична карта е ослободен и дека „ќе се соочи со дисциплинска постапка на универзитетот, но не и законска постапка“. Во соопштението на универзитетот се нагласува дека …

Continue Reading

Билд: Рангник има договор со Баерн

Почесниот претседател на Баерн Минхен, Ули Хенес, откри дека клубот наредната недела ќе го соопшти името на новиот тренер, но највлијателниот германски медиуми „Билд“, тврди дека веќе е познато кој ќе го замени Томас Тухел. Најторфејниот германски клуб од наредната сезона ќе го предводи Ралф Рагник. Како што пренесува „Билд“, во саботата е одржан уште еден состанок по кој двете …

Continue Reading

Ужас во Загреб: пронајдено тело во автомобил во одводен канал

Граѓани попладнево во одводен канал во Загреб пронашле возило со тело на непознато лице, соопшти полицијата. Повикот во полиција стигнал нешто по 13 часот. Полицијата набрзо пристигнала на локацијата меѓу Антуновац и Тења и потврдила дека лицето во возилото починало, пишува Вечерњи лист. Истрагата е во тек.

Continue Reading

Пендаровски: Наместо да се извинат за 27 април, кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ за претседател најавува амнестија за насилниците

Претседателскиот кандидат Стево Пендаровски на 7 -годишнината од упадот во Собранието, кој се случи на 27 април 2017-тата година, истакна дека насилниците коишто влегоа да тепаат пратеници и новинари, не им се извинија ниту на граѓаните, ниту пак на луѓето кои ги поттикнуваа на насилство против своите сограѓани, само за да ги зачуваат своите фотелји затоа што не сакаа мирно …

Continue Reading

Силјановска-Давкова: Не е точно дека стартуваме од нула, ние не шутираме пенали, а тие ги промашија на празен гол

Во рамките на својата кампања за претседателка за Република Македонија, професорката Гордана Силјановска – Давкова, оствари средба со граѓаните на Дебар каде што имаше свое обраќање. „Ја заслужувате мојата благодарност за поддршката во првиот круг, без вашите гласови сигурно дека немаше да биде ваков резултатот каков што е многу инспиративен, не само за мене, не само за ВМРО ДПМНЕ туку …

Continue Reading

Гринвуд ја испрати Алмерија во Сегунда

Хетафе, во 33.коло забележа победа во Алмерија 3.1 Со овој пораз фудбалерите на Алмерија и официјално испаднаа од шпанската Примера. Гостите поведоа во 27. минута со голот на Мејсон Гринвуд, а израмни Чоко Лозано на четири минути пред крајот на првото полувреме. Најдобриот играч на натпреварот, Гринвуд му ја врати предноста на Хетафе со гол по само три минути игра …

Continue Reading

(Видео) Барнли однесе бод од „Олд Трафорд“

Фудбалерите на Манчестер јунајтед уште еднаш ги разочараа своите навивачи. Во рамките на 35.коло одиграа 1.1 со Барнли, кој во финишот освои значаен бод в борбата за опстанок. Антони во 80.минта погоди за предност на Јунајтед, а потоа Амдуни во 87. минута од пенал го замолкна „Олд Трафорд“ и му донесе бод на Барнли. Манчестер јунајтед сега е шести со …

Continue Reading

(Видео) Мицкоски: Граѓаните кои не гласаат, во суштина гласаат за Ахмети да продолжи да живее како шеик во хациенда

Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ на денешниот митинг во Чешиново-Облешево во рамките на претседателската и парламентарата кампања побара на изборите на 8 мај сите граѓани да излезат да гласаат за ВМРО-ДПМНЕ и за професорката Гордана Силајновска Давкова. Имено тој објасни дека ако граѓаните останат дома и не го остварат своето право на глас овозможуваат Али Ахмети, Артан груби, Бујар Османи …

Continue Reading