Шефот за клима на ОН: Имаме уште две години да ја спасиме планетата

Владите, деловниот свет и развојните банки имаат уште две години да направат нешто за да избегнат многу полоши климатски промени, изјави денеска шефот на Обединетите нации за климата. Научниците тврдат дека е неопходно до 2030 година да се преполоват емисиите на штетните стакленички гасови за да се спречи зголемувањето на температурата за повеќе од 1,5 степени во однос на прединдустрискиот …

Continue Reading

Хамас: Немаме 40 живи израелски заложници за размена

Хамас соопшти дека во моментов не може да идентификува и пронајде 40 израелски заложници потребни за првата фаза од договорот за прекин на огнот, според израелски функционер и извор запознаен со преговорите, што може да значи дека повеќе заложници се мртви отколку што се знае. Преговарачите побараа Хамас да ослободи 40 заложници во текот на првите шест недели од прекинот …

Continue Reading

Затворениците во Украина ќе можат да се приклучат на армијата, парламентот го поддржа предлогот

Украинските пратеници денеска во прво читање го усвоија нацрт-законот со кој на затворениците ќе им се овозможи да се приклучат на армијата, што треба да ја олесни ротацијата на исцрпените војници на бојното поле по две години војна со Русија. Предлог-законот предвидува затворениците кои ќе се приклучат на армијата да добијат условно ослободување. Оние кои се осудени за злосторства против …

Continue Reading

Џоан Лапорта ги вжешти страстите пред дуелот ПСЖ-Барселона

Претседателот на Барселона, Џоан Лапорта не пропушти да го зачини вечерашниот спектакл во кој неговиот клуб ќе му гостува на Пари Сен Жермен во Лигата на шампионите. „Ние веруваме во нашите можности. Задоволство е да имаш вакви играчи, не би ги менувал за ниту еден од играчите на ПСЖ!“, изјави Лапорта за клупската интернет страница и дополни. „Не сме биле …

Continue Reading

Ванковска: Неопходно е да покренеме постапка за излез од НАТО и да донесеме нов социјален Устав

Кандидатката за претседател на Левица, Билјана Ванковска и кандидатите за пратеници од ИЕ1 Дарко Ристовски и Катерина Јовановска, денес одражаа средба со граѓани во Карпош. На средбата беа презентирани делови од програмата на Ванковска за претстојните избори. „Ако сакаме достоинство, овие избори немаме право на грешка. Мора да излеземе и да гласаме за да се прашува народот. Покренување на постапка …

Continue Reading

Влатко Стефанвски и Владо Јаневски ќе го отворат новото казино во Limak- Diamond Mall

Влатко Стефанвски и Владо Јаневски ќе го отворат новото казино во Limak- Diamond Mall. „Grand Casino Admiral Ве кани на големото отворање во Diamond Mall со спектакуларни концерти на нашите најпопуларни изведувачи. Дојдете да ги свртиме заедно среќните коцки , и да се забавуваме со легендите на македонската музика. Ви ветуваме квалитетна забава и богата програма со многу изненадувања и …

Continue Reading

Маж од Пехчево прегазен од својот трактор

Вчера во 20.47 часот било пријавено дека околу 13.00 часот во с.Умлена-пехчевско Ј.Д.(69) од истото село, откако се симнал од тракторот кој го управувал, тракторот почнал да се движи и го прегазил. Ј.Д. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничкиот центар Штип, објави МВР во дневниот билтен. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Берово.

Continue Reading

Насилство во Скопје и Кавадарци: мажи на возраст од 69 и 77 години нападнати од сопствените синови

Двајца татковци во полицијата пријавиле дека биле нападнати од своите синови. Во првиот случај, се работи за 77 годишник од Скопје, кој пријавил дека во саботата околу 15.00 часот во домот на подрачјето на Чаир бил физички нападнат од својот син С.К.(52). Во вториот, приведен е Г.С.(43) од Кавадарци затоа што во семејниот дом физички го нападнал неговиот 69-годишен татко, …

Continue Reading

Жена од Карпош нападната од нејзиниот сосед

Кусо пред полноќ, М.М.(54) од Скопје, пријавила дека вчера на подрачјето на Карпош била физички нападната од соседот Ф.К.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, објави МВР во дневниот билтен.

Continue Reading