Таравари на средба со СКСЗМ: посебен фокус на економскиот развој

Претседателскиот кандидат на коалицијата „ВЛЕН“, Арбен Таравари заедно со лидерите на коалицијата „ВЛЕН“, во рамки на претседателската и парламентарната кампања денеска имаше средба со Стопанската Kомора на Северо-Западна Македонија каде се разговараше за економскиот развој, зачувувањето на работната сила и деловната клима во Северна Македонија Стопанската Kомора на Северо-Западна Македонија ги штити бизнисите во земјата и се грижи за промоција …

Continue Reading

Ковачевски: Главното прашање на овие избори е европската иднина на државата

Главното прашање на овие избори е кој има визија за иднината, а кој продава магла и само крева раменици? Кој ќе обезбеди напредок кон членството во ЕУ, а кој ќе го закочи тој процес и ќе не врати 10 чекори назад во минатото? Ние имаме конкретен план како да ја внесеме државата во ЕУ, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски …

Continue Reading

Мицкоски: СДСМ стана измеќар на ДУИ, Ахмети од вилаетот во Зајас управува со Македонија како некој блискоисточен шеик

„Се сеќавате пред 6 и пол години ја започнаа онаа нивна кампања кога велеа дека ќе донеле живот во Македонија. Наместо живот за сите, општество за сите, тие донесоа живот за малкумина кои што се денес во врхушката на СДСМ и ДУИ, а за сите нас останатите донесоа вистински пекол. Кога зборам за вистински пекол, ќе ве потсетам на некои …

Continue Reading

Левица е единствената партија која го затвори фашистичкиот клуб во Битола

„Професорката Ванковска цврсто стои на ставот дека Македонија има алтернатива и дека Македонија треба да се позиционира како рамноправна членка во новиот геополитички поредок. За разлика од сите останати партии, Левица и Ванковска се против безалтернативноста која ни се наметнува последниве 30 години“, истакна носителот на Изборната единица 5, Јована Мојсоска. Граѓаните, додава таа, можат да видат дека единствено Левица …

Continue Reading

ЗНМ и ССНМ со претставка до МВР за апсењето на новинарот Салиу

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) ќе поднесат формална претставка до Секторот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди на Министерството за внатрешни работи (МВР), за апсењето на новинарот Фуркан Салиу. Во претставката се истакнуваат повредите на правата на новинарот во три главни точки: „Непрофесионално однесување и употреба на прекумерна …

Continue Reading

„Свесни сме за комбинацијата на непријателските земји“ Лондон ги негира тврдењата дека Британија не е подготвена за војна

Поранешните британски претставници на одбраната грешат кога велат дека Велика Британија не е подготвена за војна, изјави вицепремиерот на Риши Сунак, Оливер Дауден. „Светот се повеќе станува поопасно место. Свесни сме за комбинациите на непријателските држави, меѓу кои се Русија, Иран, Северна Кореја и Кина. Мора да преземеме активности во овие области. Секако, секогаш може да се направи повеќе, но …

Continue Reading

Ванковска во Богданци: Не смее да се дозволи уништување на земјоделските површини на сметка на отварање рудници или поставување сончеви панели

Борбата за враќање на достоинствен дом претседателскиот кандидат Билјана Ванковска денес ја продолжи во Богданци, информираат од Левица. На средбите со граѓани во Богданци, Ванковска беше придружувана од Сашко Јанчев, носител на листа на ИЕ4. „Стасавме и на југот на нашата земја“, рече Ванковска која беше топло пречекана од Богданчани. И во Богданци ја потенцираше важноста од раскинување на трите …

Continue Reading

Лукашенко: Западот сака да испрати војска во Белорусија

Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко изјави дека целта на Западот е да освои „барем дел“ од белоруската територија и таму да испрати свои војници. „Се води информациска војна, пред се во медиумите. Економска војна, не може поинаку да се нарече. Правиме се за да ја спасиме земјата од жешка војна. Засега успеваме во тоа. Мислам ќе успееме да го решиме …

Continue Reading

Чеченија ќе ја забрани музиката што е пребрза или премногу бавна

Властите во руската република Чеченија објавија забрана за музика што ја сметаат за пребрза или премногу бавна. Во петокот, министерот за култура Муса Дадаев објави одлука за ограничување на сите музички, вокални и кореографски композиции на темпо од 80 до 116 отчукувања во минута, објави руската државна новинска агенција ТАСС. „Ја објавив конечната одлука, договорена со лидерот на Чеченија, Рамзан …

Continue Reading