Пендаровски го демантира Стоилковски: За клеветите ќе следува тужба

Најрешително ги демантираме лажните наводи изнесени на денешната прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ во која се обвинува претседателот Пендаровски дека има некаква поврзаност со странски консултанти, а во врска со скандалот откриен од медиумите за активна операција на ВМРО-ДПМНЕ со цел фингирање на анкети заради манипулација на јавното мислење. Според наводите во македонските медиуми, ВМРО-ДПМНЕ, немајќи реална политичка понуда, планирале противзаконски активности …

Continue Reading

КПР ја отпушти маскотата: Флертуваше со навивачките, не навиваше за тимот

Славниот лондонски фудбалски клуб Квинс Парк Ренџерс ја отпушти својата маскота, мачката Џуд, бидејќи бил „премногу флертувал со жените на трибините“ и игнорирал бројни предупредувања да престане, пишува „Сан“.   Џуд е официјална маскота на клубот од 2008 година, именувана по мачката која живее на стадионот. Истата личност во изминатите неколку години ја играше улогата на Џуд за време на …

Continue Reading

Османи: Квоти и младите да бидат на листите за пратеници

Кандидатот за претседател од Европскиот фронт, Бујар Османи, денеска имаше разговор со младите од Тетово на тема: „Задржување на младите во државата“. Османи ја сподели визијата за иднината, нагласувајќи го зајакнувањето на младинските политики кон перспективите и напредокот. „Младите со поинакво разбирање за технолошкиот развој на светот, да бидат дел од дизајнот и архитектите на државните политики за иднината на …

Continue Reading

Албански државјанин илегално преминал граница кај струшко

На 06.04.2024 во 05.30 часот во полициското одделение во струшкото село Велешта приведен е Н.Х.(43) од Република Албанија. Тој илегално ја преминал македонско-албанската државна граница и без соодветна документација и документи за идентификација престојувал на подрачјето на селото Велешта. Во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Continue Reading

Бројот на загинати во земјотресот во Тајван се искачи на 13, има стотици заглавени, илјадници повредени

Бројот на загинати од силниот земјотрес во Тајван се искачи на 13 во саботата, откако беше пронајдено уште едно тело во тешко погодениот национален парк Тароко, при што стотици луѓе се уште се заглавени. Во источниот град Хуалиен, во близина на епицентарот на земјотресот со јачина од 7,2 степени според Рихтер, патиштата во планинските области остануваат блокирани од повеќекратни лизгања …

Continue Reading

Дејан призна дека ја задавил Данка, зошто кријат каде е телото на девојчето?

Дејан Драгијевиќ (50) синоќа на рочиштето во Вишото јавно обвинителство во Зајечар признал дека ја задавил Данка Илиќ, дознава Блиц. Според информации на Блиц, сослушувањето на Дејан Драгијевиќ траело над 2 часа. Тој му откри и на обвинителството дека имал помагачи да го извадат телото на Данка Илиќ од депонијата. Рече дека татко му и брат му му помогнале да …

Continue Reading

Мишиќ: Од суштинско значење е потребите на младите да бидат пресликани во новите политики

Во отворената канцеларија на Либерално-демократската партија денеска се одржа панел-дискусија насловена „Време е за гласна акција! – Младинските политики приоритет во општеството“, на која членовите на либерал-демократската младина заклучија дека, земајќи ги предвид разликите во ставовите за одредени социо-економски прашања во однос со другите генерации, од клучно значење е поголемата вклученост на младите во донесувањето на одлуки. Претседателката на ЛиДеМ …

Continue Reading

Динамо со оглас во „Марка“ сака да го врати Модриќ во Загреб

Динамо Загреб не крие дека сака да го врати на „Максимир“, Лука Модриќ. Ветеранот, според медиумите по завршувањето на сезоната ќе има две опции: да избори нов договор со Реал или да ја заврши кариерата. Динамо му ја нуди третата опција, да се врати во Загреб, каде што започна неговата блескава кариера. „Модрите“ играат на емоциите, се надеваат дека Модриќ …

Continue Reading

Каевски: ВМРО-ДПМНЕ е изолирана во својот став против Европа и нема план за иднината

На почеток на кампањата за претседателските избори се потврдувата две суштински работи, рече на денешната прес конференција портпаролот на СДСМ Дарко Каевски. Тој вели дека ВМРО-ДПМНЕ е изолирана во својот став против Европа, како и дека дури и политичките партии од албанскиот опозициски блок одлуките за членство во ЕУ ги поставуваат како услов за коалицирање по изборите. Според Каевски, Мицкоски …

Continue Reading