ВМРО-ДПМНЕ: Утре ќе ја откриеме целата шема на лажни вести на Асаф Еисин, кој се нудеше и во ВМРО и беше избркан

Во текот на утрешниот ден ВМРО-ДПМНЕ ќе ја открие целата шема на фалсификување на лажни вести и документи од страна на Социјалдемократскиот сојуз, наведува опозициската партија, преку соопштение. „Тоа е мрежа во која се вклучени и злоупотребени државни институции и највисоки политички личности, со поддршка од странски платеници исплаќани во готово. Прибегнувањето кон фалсификување е најдобар доказ дека власта е …

Continue Reading

ОН гласаа дека Израел треба да одговара за можни злосторства, САД и Германија беа против

Советот за човекови права на ОН денеска усвои резолуција во која се наведува дека Израел мора да одговара за можни воени злосторства и злосторства против човештвото, кои Израел ги отфрли како искривен текст. За резолуцијата гласаа 28 земји, 13 беа воздржани, а шест беа против резолуцијата, вклучително и САД и Германија. Усвојувањето поттикна неколку претставници во Советот да аплаудираат. Резолуцијата …

Continue Reading

Откриена радијација во руски град, прогласена е вонредна состојба

Властите во рускиот далечен град Хабаровск прогласија вонредна состојба во областа каде што е пронајден извор на радиоактивно зрачење, јави новинската агенција „ТАСС“. Се наведува дека покачените нивоа на радијација биле откриени во близина на столб за струја на околу 2,5 километри од станбени згради. Никој не е повреден или изложен на радијација и нема закана по здравјето на граѓаните, …

Continue Reading

(Видео) Тежок инцидент во Росарио, играч на Пењарол со крваво лице го напушти теренот

Фудбалерите на аргентинскиот Росарио Централ го совладаа уругвајски Пењарол со 1:0 во 1. коло од групата Г, во Копа Либертадорес. Натпреварот мина во сенка на инцидентот што го предизвикаа хулиганите на домашната екипа. Веднаш по крајот на натпреварот, кога гостинските фудбалери се упатија кон трибината каде што беа сместени нивните навивачи, од делот на стадионот на кој се наоѓаа симпатизерите …

Continue Reading

Израелската армија отпушти двајца високи офицери поради убиство на хуманитарни работници

Израелската војска соопшти дека отпуштила двајца офицери и укорила уште тројца за нивната улога во нападите со беспилотни летала во Газа, во кои загинаа седум хуманитарни работници во мисија за испорака на храна, велејќи дека тие лошо постапувале со критични информации и ги прекршиле воените правила. Наодите од истрагата на пензионираниот генерал за убиствата во понеделникот го одбележаа признанието на …

Continue Reading

Дигитализација на творештвото на Анте Поповски во Градската библиотека во Скопје

ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“– Скопје потпиша договор со Здружението за зачувување на делото на Анте Поповски АНТЕВО ПЕРО, за добивање дигитализирани материјали од неговиот опус, како и правата за дигитализација на книги и некнижен фонд од неговата приватна архива. Целокупното творештво и дејност на великиот Анте е од непроценливо значење за македонската култура и сметаме дека како институција сме …

Continue Reading

ВМРО-ДПМНЕ: Инцидентот со телевизиската екипа не е создаден од организаторите на митинот, го осудуваме однесувањето на поединецот

ВМРО-ДПМНЕ го осудува секое спречување на медиумите во нивната работа, посочениот инцидент не е забележан ниту создаден од лицата кои се организатори на митингот, велат од партијата по синоќешниот вербален напад и закани кон екипата на ТВ 24 вести за време на митингот на партијата. „Слободата на медиумите и обезбедување на простор за вистинско и точно информирање се врвот на …

Continue Reading

Солистички концерт на „Destiny Quartet“ во Македонска Филхармонија

Познатиот балкански квартет „Destiny Quartet“ ќе одржи самостоен концерт во Македонска Филхармонија на 18. април, 2024 година со почеток од 20:00 часот. Во рамки на својот настап, „Destiny Quartet“ ќе се претстави со двочасовно концертно шоу со оригинално сценарио, импресивна кореографија и впечатливи визуелни ефекти кои нема да ја остават публиката рамнодушна. Составен од висококвалификувани академски музичари, „Destiny Quartet“ е …

Continue Reading

Потрага по телото на малата Данка: Уапсените за убиство кажале неколку локации

Потрагата по телото на девојчето Данка Илиќ се уште трае, јавува репортерот на N1 од Бањско Поље. Десната страна на патот кој води од Бањско Поље до Бор, е местото на најинтензивна потрага. На терен се возила на механизација, полициски службеници и противпожарна единица. Полицијата го контролира сообраќајот и не е дозволен пристап до местата каде што е во тек …

Continue Reading