(Видео) „Сликата на Силјановска со Ковачев потврда за соработката на македонското и бугарското ВМРО“, вели Тасевска
„Она што го нудат ДПМНЕ и нивната кандидатка за претседател, Гордана Силјановска е враќање назад во изолација и мрачно минато. Овие денови граѓаните може да видат дека ДПМНЕ ги врати на сцена насилниците од 27 април и тоа токму на промоцијата на Силјановска. Нема никаква промена во ДПМНЕ, оваа партија не може да понуди ништо добро“, рече Лидија Тасевска, пратеничка …
Continue Reading
Путин: Србите се најверните сојузници на Русија со векови
Рускиот претседател Владимир Путин зборуваше за односите со Србија и глобалните настани, обраќајќи им се на учесниците на Светскиот младински фестивал во Сочи, пренесува РТ. „Односите меѓу Русија и Србија се од посебна природа, историски длабоки, јас секогаш зборувам за ова со посебна топлина бидејќи со векови Србите се најверните сојузници на Русија. Ние го знаеме, се сеќаваме и цениме …
Continue Reading
Претрес во Охрид, пронајдена дрога, приведен дилер
Вчера во 16.20 часот на улица „Крали Марко“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода 23-годишниот П.К. од Охрид, извести МВР. „При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и други предмети со остатоци од марихуана“, соопшти МВР. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање нас лучајот …
Continue Reading
Адвокатот на газдата на „Беса транс“: Лажна исправа ниту е изработена, ниту е употребена, ниту постои, убеден сум дека пресудата не може да опсои
Асмир Алиспахиќ, адвокатот на сопственикот на „Беса транс“ во чиј автобус лани во Бугарија изгореа 45 патници меѓу кои 12 деца, смета дека не може да опстои пресудата со која Беким Хаџиу доби една година и осум месеци затвор, парична казна од 800.000 денари и четиригодишна забрана за превезување патници, која судот утрово му ја изрече за фалсификување исправа. Алиспахиќ …
Continue Reading
Апсење на скопскиот аеродром поради кражба на возило
Вчеравечер (6 март) околу 22 часот и 50 минути во Полициската станица Тетово е задржан 25-годишниот Л.Ф. од тетовско Доброште, кој претходно бил лишен од слобода во Полициската станица за граничен премин Аеродром Скопје. Тој се сомничи дека на четврти овој месец противправно одзел патничко моторно возило „фолксваген голф“ во Тетово, сопственост на 65-годишниот тетовец С.Б. Се расчистува и документира …
Continue Reading
Тошковски контра Џафери: Несреиозно е тврдењето дека граѓаните за 50 дена можат да извадат документи за гласање
Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски ја нарече несериозна изјавата на премиерот Талат Џафери дека граѓаните можат за 50 дена да извадат документи за да гласаат на претстојните избори. Тошковски објасни дека неопходнa e законска измена за граѓаните да можат со патните исправи со старото уставно име да го остварат правото на глас. „Изјавата е несериозна. Немаме педесет дена. На …
Continue Reading
Штрајковите го парализираат сообраќајот во Германија, возовите не сообраќаат, се создаваат огромни колони
Комбинација од штрајкови на машиновозачите, персоналот за безбедност на аеродромот и персоналот на Луфтханза го парализираа железничкиот и воздушниот сообраќај во Германија. Штрајкот на машиновозачите на германските железници (Deutsche Bahn DB) во патничкиот сообраќај започна во два часот по полноќ и треба да трае до петок до 13 часот. Товарните возови не сообраќаат од 18 часот во среда. Прекинот на …
Continue Reading
Медведев: На Олимпијадата ќе играм под неутрално знаме
Рускиот тенисер Даниил Медведев изјави дека е подготвен да се натпреварува под неутрално знаме на Олимписките игри во Париз. Меѓународниот олимписки комитет (МОК) им го укина правото на руските спортисти да се натпреваруваат под државното знаме по инвазијата на таа земја во Украина. Медведев, сепак, нема проблем да ја претставува својата земја дури и ако тоа значи дека нема да …
Continue Reading
Кинески министер: Во Газа се случува масакр, срамно е што не можеме да го спречиме
Кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји денеска ја осуди надворешната политика на САД и го пофали партнерството меѓу Пекинг и Москва, додавајќи дека хуманитарната ситуација во Газа е „срам за цивилизацијата“. Ванг, искусен 70-годишен дипломат, ги осуди повеќекратните обиди на САД да го „притискаат“ Пекинг и „нивните напори да ја обвинат Кина под каков било изговор“, што „достигнало незамисливо …
Continue Reading