Приведенa 42-годишна жена, се обидела да украде паричник во една од собите на тетовската болница

Во 12.55 часот, полициски службеници на СВР Тетово ја лишиле од слобода 42-годишната тетовка П.С.. Таа била затекната при обид да изврши кражба на паричник на 54-годишна тетовка во една од собите на тетовската Клиничка болница. П.С. била задржана во Полициската станица Тетово за целосно расчистување и документирање на случајот, по што против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.

Continue Reading

Ништо лошо нема да ја снајде земјата од првиот претседател Албанец, Мицкоски ја игнорира европската иднина на граѓаните, оценува ДУИ

Изјавата на првиот човек на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски дека идејата на Демократската унија за интеграција треба да се игнорира, покажува слабост, нeсигурност и не соодветствува со политичката реалност во државата, оценуваат од оваа партија. „Откако постојано ги игнорира пораките од САД, Европската унија и пријателските земји за уставни измени, тој сега бара да се игнорира и барањето на ДУИ …

Continue Reading

Урсула фон дер Лајен: Добивката од замрзнатите руски средства за купување воена опрема за Украина

Европската унија треба да размисли за користење на профитот од замрзнатите руски средства за набавка на воена опрема за Украина, изјави претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен. „Време е да започнеме разговор за искористување на неочекуваните профити од замрзнатите руски средства за заедничко купување на воена опрема за Украина“, рече Лајен во Европскиот парламент, пренесува Ројтерс. Таа во …

Continue Reading

МОН: Од понеделник исплата на субвенциониран студентски оброк на неделно ниво

Наместо на дневна основа, од следниот понеделник паричните средства за субвенциониран студентски оброк, ќе се исплаќаат одеднаш за шест дена во неделата. Ова е предвидено со последните измени на Законот за субвенциониран студентски оброк, направени на барање на студентските организации и здруженија, а во насока на унапредување на решението за користење на оваа системска мерка. Министерството за образование и наука …

Continue Reading

Чанта од која зависи безбедноста на илјадници луѓе исчезна од воз во Париз: „Чувствително е“

Како што објави француската телевизија БМФТВ, компјутер и УСБ кои ги содржеле безбедносните планови на Олимписките игри биле украдени од воз на станицата Гаре ду Норд и е отворена истрага. Ова се случува пет месеци пред отворањето на Олимписките игри во Париз. Вработен во градското собрание на Париз пријавил во понеделникот кога ја забележал кражбата на неговата чанта неколку моменти …

Continue Reading

Од задутре нема повеќе гарантирани цени во маркетите, секое нелогично зголемување ќе биде санкционирано, порача Битиќи

Од задутре нема повеќе гарантирани цени на производите во маркетите. Но вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи порача дека секое нелогично зголемување на производите, кое ќе биде надвор од пазарната логика, ќе биде санкционирано. „Доколку не се донесе законот за нефер трговски практики соодветно ќе реагираме. Секое нелогично зголемување на цените, кое ќе биде надвор од пазарната логика, ќе биде …

Continue Reading

Халанд ќе се почести со Мерцедес од 3,1 милиони евра

Напаѓачот на Манчестер сити, Ерлинг Халанд наскоро ќе стане сопственик на прекрасниот „Мерцедес АМГ 1“ вреден околу 3,1 милиони евра. Според норвешките медиуми, Халанд автомобилот ќе го купи заедно со својот пријател од детството Оле Ертваг. Во колекцијата на скапи автомобили на Халанд имаше, или сè уште има, неколку неверојатни примероци: „Мерцедес АМГ ГЛЕ“ од над 100.000 евра, „Ролс Ројс …

Continue Reading

Стојаноски до Бојмацалиев: Дали со законот за откуп на станови кој го предлагате, и вие ќе се стекнете со такво право

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, го праша дополнителен заменик министер за внатрешни работи, Митко Бојмацалиев, дали  со законот за откуп на станови кој го предлага, и тој ќе се стекне со такво право и уште 30-ина лица. Стојаноски вели дека Бојмацалиев наместо да работи и да размислува за решение на проблемот со пасошите или со организирање на фер и демократски …

Continue Reading

Бројот на барања за азил во Европската унија минатата година скокна за 18 отсто

Бројот на барања за азил во Европската унија скокна за 18 отсто минатата година и достигна 1,14 милиони, што е највисоко ниво од мигрантската криза 2015/16 година, покажуваат објавените податоци од Агенцијата за азил на Европската унија (EUAA). Новите податоци веројатно ќе ја поттикнат веќе вжештената дебата за миграцијата и ставовите на екстремната десница, пред серијата локални и национални избори …

Continue Reading