30.000 луѓе на улиците во Грција на годишнината од страшната железничка несреќа, избија немири

Повеќе од 30.000 луѓе, според полицијата, протестираа денеска во Грција за да ја одбележат смртоносната железничка несреќа пред една година, „национална траума“ според зборовите на премиерот кој призна „колективен неуспех“ наспроти големата небрежност. Во Атина имаше повеќе од 20.000 демонстранти. Некои од нив фрлаа молотови коктели пред парламентот, а полицијата одговори со фрлање солзавец пред да се растера толпата, пренесува …

Continue Reading

Сојузниците на Путин му се заканија на Макрон: Армијата што ќе ја испратите ќе ја снајде судбината на Наполеон

Сојузниците на рускиот претседател Владимир Путин денеска го предупредија францускиот претседател Емануел Макрон дека војниците што тој ќе ги испраќа во Украина ќе ги чека истата судбина како и војската на Наполеон Бонапарта, чија инвазија на Русија заврши со пораз и голем број мртви. Макрон завчера им ја отвори вратата на европските земји да испратат војници во Украина, но предупреди …

Continue Reading

Хорнер ослободен по „ригорозна“ истрага

Шефот на тимот на Ред Бул, Кристијан Хорнер, беше ослободен од обвинението за недолично однесување кон колега, по истрага. 50-годишникот беше обвинет за недолично однесување кон колешка. „Ред Бул е уверен дека истрагата била правична, многу ригорозна и непристрасна“, изјави портпаролот на Ред Бул. Хорнер, кој го водеше Ред Бул од 2005 година, ги отфрли обвинувањата. Тој, исто така, раководеше …

Continue Reading

Бајден во болница на преглед, резултатите ќе бидат објавени јавно

Американскиот претседател Џо Бајден рече дека денеска ќе биде подложен на физички преглед во воената болница во Мериленд и дека резултатите ќе бидат внимателно следени со оглед на тоа дека 81-годишникот има намера да биде реизбран во ноември. Белата куќа соопшти дека подоцна денеска јавно ќе објави писмено резиме на рутинскиот, годишен преглед на демократскиот претседател. Овогодинешниот преглед доаѓа во …

Continue Reading

Големи пожари во Тексас, зафатени 500.000 хектари земја

Големи шумски пожари во Тексас продолжуваат да беснеат додека сите противпожарни служби се обидуваат да го задржат пламенот, пишува Гардијан. Пожарот во Смоукхаус Крик е втор по големина шумски пожар во Тексас досега, кој проголта повеќе од 500.000 хектари во Тексас Панхендл откако започна во понеделникот. In pictures: Smokehouse Creek fire, the second largest wildfire in state history, rages through …

Continue Reading

Русите позираа во уништената Авдиивка со мапа на „рускиот свет“, на мапата е и Балканот

Денеска на социјалните мрежи се прошири фотографија на која двајца Руси во униформи позираат во Авдиивка, првиот украински град освоен од руските сили во последните осум месеци од војната. Вы тоже видели фотографию из украинской Авдеевки с картой их долбанутого «Русского мира» с Казахстаном, Кыргызстаном, Таджикистаном, Монголией, Восточным Туркестаном, Тибетом, Балканами, европейским Стамбулом и Грецией? Вот же ж долбоёбы pic.twitter.com/dtL0WVghBp …

Continue Reading

Скопјанец со тешки повреди донесен во Комплексот клиники

Вчера во 11.54 часот во СВР Скопје, од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив бил со тешки телесни повреди бил донесен 51-годишниот С.Л. од Скопје, извести МВР. „Според пријавеното, тој се здобил со повредите при извршување на работни задачи на подрачјето на Карпош“, соопшти МВР. Увид извршиле полициски службеници од СВР Скопје и за настанот бил известен …

Continue Reading

(Видео) Средба Пендаровски – Зеленски: Македонија силно ја осудува руската агресија врз Украина

Претседателот Стево Пендаровски, во рамки на учеството на самиот Украина – Југоисточна Европа, денеска во Тирана оствари средба со претседателот на Украина, Володимир Зеленски. Како што соопштуваат од кабинетот на претседателот, двајцата претседатели разговараа за последниот развој на случувањата во Украина и можностите за продлабочување на соработката во насока на поддршка на украинскиот народ и враќање на територијалниот интегритет на …

Continue Reading

Маричиќ од Тирана: Поставувањето на приоритетите за спроведување на Планот за раст е гаранција за успешна забрзана интергација во ЕУ

Првиот заменик претседател на Владата за европски прашања Бојан Маричиќ денес учествува на состанокот на вицепремиери и министри за европски прашања на Западен Балкан во Тирана, Албанија, каде што е во тек Лидерскиот самит за проширување на ЕУ. Состанокот се одвива во повеќе сесии кои ќе бидат посветени на различни теми поврзани со Планот за раст на Западен Балкан. За …

Continue Reading