Испукал 10 куршуми од автоматска пушка кон Мустафа, па бил уапсен додека бегал со тротинет: Нови детали за убиството во Бар

Црногорската полиција соопшти дека утринава во Бар го уапсила Дино Ибрахимовиќ (28), кој е осомничен за бруталното убиство на Едмонд Мустафа (29), за кој се верува дека е член на организираната криминална група Шкалјари. Полицијата соопшти и дека осомничениот откако испукал десетина истрели побегнал од местото на злосторството. „Во исклучително краток временски период, а врз основа на описот на сторителот …

Continue Reading

Руски активист кој ја критикуваше војната во Украина е осуден на затвор: „Ја знаеме вистинската причина зошто нè приведуваат, судат, апсат и убиваат“

Руски суд денеска го осуди активистот Олег Орлов на две и пол години затвор поради дискредитација на руските вооружени сили. Повеќе од две децении Орлов (70) беше еден од водачите на организацијата за човекови права Меморијал, која ја доби Нобеловата награда за мир во 2022 година, откако беше забранета и распуштена во Русија. Станува збор за повторно судење. Минатата година, …

Continue Reading

„Пратениците да работат на законското решение кое го понудивме во делот за лиценцирање на негувателките“, рече министерот Велковски при посетата на општина Илинден

Градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски, оствари работна средба со министерот за труд и социјална политика, Ѓоко Велковски, каде во рамки на средбата посетија неколку локации на територија на општина Илинден. Градоначалникот Георгиевски и министерот Велковски направија увид во градежните активности на доградбата централниот објект на детската градинка „Гоце Делчев“. Со проширување на капацитетот на градинката, ќе се изградаат 4 …

Continue Reading

Џенифер Лопез и Бен Афлек снимени додека страсно се бакнуваат на улица

Папараците ги фатија Џенифер Лопез и Бен Афлек додека споделуваат страстен бакнеж по ручекот во Лос Анџелес. Тие посетија ресторан кој се наоѓа недалеку од нивниот дом. Потоа почнале да одат кон автомобилот, а пред да седнат, Бен ја притиснал сопругата на ѕидот и почнал да ја бакнува. Лопез неодамна откри дека никогаш не планирала да се смири со Бен …

Continue Reading

„Грилиш ќе игра кога ќе ја подобри формата“

Менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола изјави дека Џек Грилиш ќе се врати во првиот тим откако ќе ја подобри својата игра. Грилиш започна 41 натпревар минатата сезона, во кои Сити ја освои тројната круна, Премиер лига, Лигата на шампионите и ФА Купот. Сезонава стартуваше на 19 натпревари, од кои седум во Премиер лигата. „Тој е истиот фудбалер, го има …

Continue Reading

ЛДП со предлог: Патните исправи да важат до истекот на нивниот рок со печат на Северна Македонија

Во настојувањето да се олесни движењето на граѓаните на Република Северна Македонија надвор од границите на државата и проблемите со кои се соочуваат при нивните патувања, но и престој во странство, пратениците на Либерално-демократската партија предлагаат дополнување на Законот за патните исправи. -Предложените дополнувања се насочени кон унапредување на патните исправи и дефинирање на јасни правила за државјаните на земјава, …

Continue Reading

Италијанската премиерка ја загуби власта во Сардинија

Италијанската премиерка Џорџија Мелони ја загуби власта на медитеранскиот остров Сардинија, со што нејзината десничарска коалиција го доживеа првиот значаен изборен неуспех откако ја презеде функцијата во 2022 година, покажаа денеска резултатите од регионалните избори. Алесандра Тоде, членка на левичарското Движење пет ѕвезди поддржано од Демократската партија, освои 45,4 отсто од гласовите на изборите во неделата, надминувајќи го Паоло Труцу, …

Continue Reading

Шолц: Европските земји и членките на НАТО нема да испраќаат војници во Украина

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска изјави дека европските земји и членките на НАТО нема да испраќаат војници во Украина. „Се разговараше дека она што беше договорено меѓу сојузниците од почетокот важи и за иднината, а тоа е дека на територијата на Украина нема да има војници на европските земји или членки на НАТО“, изјави Шолц по самитот на европските лидери. …

Continue Reading

Парите од билетите за „Силјан Штркот Шанца“ и „Сите сме птици“, МНТ ќе ги донира за Леонид

МНТ хуманитарно ќе го одбележи својот 79. роденден со изведба на претставите „Силјан Штркот Шанца“ и „Сите сме птици“. Средствата од продадените билети ќе бидат наменети за лекување на нашиот Леонид, објавија од театарот.

Continue Reading