Медведев со нова порака: Москва треба жестоко да му се одмазди на Западот

Москва треба жестоко да му се одмазди на Западот за неселективни санкции кои им штетат на обичните граѓани, изјави поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев. Медведев на Телеграм напиша дека ограничувањата не се наметнати само на функционери и деловни субјекти, туку „се насочени против сите граѓани на Русија“. „Идејата е јасна: колку повеќе Русите страдаат, толку подобро за Западот“, напиша поранешниот …

Continue Reading

Додик: Ако Трамп победи на изборите, Република Српска би можела да прогласи независност

Лидерот на босанските Срби, Милорад Додик, рече дека очекува дека победата на Доналд Трамп на претстојните претседателски избори во САД може да ја отвори вратата за прогласување независност на Република Српска, додавајќи дека властите на тој ентитет не се откажале од таквата цел и покрај предупредувањата од Западот. Во интервјуто кое на своите веб-страни го објави рускиот провладин весник „Известија“, …

Continue Reading

(Видео) Хаос во Брисел: Земјоделците палат гуми, пробиена полициската блокада

Земјоделците запалија купишта стари гуми во Брисел во знак на протест, барајќи акција од ЕУ за прашањата од евтините цени на супермаркетите до договорите за слободна трговија, додека министрите за земјоделство се собраа да разговараат за кризата во овој сектор. NOW – Farmers break through police roadblocks in Brussels.pic.twitter.com/9r0fwDgK5A — Disclose.tv (@disclosetv) February 26, 2024 Полицијата употреби водени топови за …

Continue Reading

Путин му го честиташе 70-тиот роденден на Ердоган

Рускиот претседател Владимир Путин денеска телефонски разговарал со турскиот колега Реџеп Таип Ердоган и му го честитал 70-тиот роденден, соопштија од кабинетот на Ердоган. „Претседателот Ердоган телефонски разговараше со претседателот на Русија, Владимир Путин. Претседателот на Русија во текот на денот му го честиташе роденденот на претседателот Ердоган. Путин му се заблагодари на нашиот претседател за неговиот придонес во развојот …

Continue Reading

„Експлозија“ на станбените кирии во Германија, на повидок нов проблем

Високите кирии во поголемите германски градови им отежнуваат на компаниите да бараат квалификувана работна сила, покажува истражувањето на ревизорската куќа „PwC“. Многумина сметаат дека високите кирии се клучен недостаток на живеењето во голем град, што поттикна третина од испитаниците да размислуваат за нова работа. Некои веќе го промениле работното место, откриле авторите на истражувањето. „Затоа на работодавачите во градовите им …

Continue Reading

Гутереш: Советот за безбедност на ОН не одговори на војните во Украина и во Појасот Газа

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш денеска изјави дека Советот за безбедност на ОН не успеал соодветно да одговори на конфликтот меѓу Израел и палестинската милитантна група Хамас и војната во Украина, оценувајќи дека овие два конфликти „можеби фатално“ го поткопале авторитетот на Советот за безбедност. „Недостигот на единство во Советот во врска со рускиот напад врз Украина и …

Continue Reading

Приведен тетовец, украл велосипед

Вчеравечер околу 22 часот и 35 минути, во тетовска Голема Речица, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 55-годишниот С.Р. од ова село. Kај него бил пронајден и одземен велосипед, кој претходно бил пријавен дека бил украден. Надлежните информираат дека случајот се расчистува и документира.

Continue Reading

Тетовец претепан додека се враќал од фудбалски натпревар

Четириесет и деветгодишниот М.Љ. од тетовско Слатино, вчера во 19 часот и 50 минути во СВР Тетово пријавил дека околу 14 часот во тетовско Теарце, на враќање од фудбалски натпревар, бил физички нападнат од Т.И.(37) од ова село. Во текот на денот Т.И. ќе биде повикан на службен разговор во Полициското одделение Теарце за расчистување и документирање на случајот, соопшти …

Continue Reading

Тајната на долгиот брак на Џо Бајден и неговата сопруга, велат, е добрата акција во кревет

Американскиот претседател Џо Бајден на шега им порача на своите колеги дека клучот за долг и среќен брак е добриот секс, за што, меѓу другото, се зборува и во новата книга за американските први дами. Американка – Трансформацијата на модерната прва дама, од Хилари Клинтон до Џил Бајден, е книга на дописникот на Њујорк Тајмс од Белата куќа, Кејти Роџерс, …

Continue Reading