Со положување на цвеќе во Струмица се одбележаa 20 години од смртта на претседателот Трајковски

Со положување на цвеќе пред споменикот на поранешниот претседател на Македонија, Борис Трајковски во Општина Струмица се одбележаа 20 години од неговата смрт. Владината делегација во Струмица ја предводеше Јованка Тренчевска, дополнителна заменик-министерка за труд и социјална политика. Дел од делегацијата беа и Кирил Парталов, државен секретар во Министерството за локална самоуправа и Спасе Додовски, координатор за имплементација на Конвенцијата …

Continue Reading

Во Ротимле одбележана 20-годишнината од загинувањето на претседателот Борис Трајковски и членовите на делегацијата

Со положување свежо цвеќе на спомен-обележјето во Ротимле, во близина на Мостар, Босна и Херцеговина, беше одбележана 20-годишнината од трагичната смрт на поранешниот претседател Борис Трајковски, членовите на делегацијата и екипажот на авионот. На спомен-обележјето кај Ротимле, каде што се случи несреќата, свежо цвеќе положија и претставници од владината делегација, составена од: министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, и Каја Шукова, …

Continue Reading

„Пред неколку години четвртина бурек со јогурт беше 50, сега е 120 денари“, Мицкоски со одговор до СДСМ за просечната плата

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска беше на теренска посета на увид на градежни активности во општина Гази Баба, каде што беше запрашан за коментар за тврдењата на Социјалдемократскиот сојуз дека ја зголемиле просечната плата. Мицкоски истакна дека тоа се нивни кажувања, но реалноста е сосема друга и дека македонските граѓани имаат се помалку пари и се полошо живеат, истакнувајќи …

Continue Reading

(Видео) Пендаровски на конференцијата „Украина – две години хероизам“: Оваа војна е најголемата закана за мирот и за европската безбедност

Претседателот Стево Пендаровски денеска се обрати на конференцијата „Украина – две години хероизам“ организирана од Амбасадата на Украина во Република Северна Македонија во соработка со невладината организација ЦИВИЛ – Центар за слобода, а која се одржа по повод 2 години од започнувањето на руската инвазија врз Украина. „Минатата година, на овој ист ден, посакавме никогаш повеќе да не се собираме …

Continue Reading

(Видео) Тасевска: ДПМНЕ блокира грант од 14 милиони евра, ја кочи реализацијата на експресниот пат Ранковце-Крива Паланка

„Пратениците од опозициската ДПМНЕ блокираат закони кои се од интерес на граѓаните и го кочат развојот на земјата. Претседателот на Комисијата за финансирање и буџет Бојан Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ не го става на дневен ред на комисија Предлог на законот за гаранција по Договорот за заем за дополнително финансирање на проектот за надградба и развој на патишта“, рече Лидија Тасевска, …

Continue Reading

Цената на авионските билети ова лето има можност да се зголеми меѓу пет и десет проценти на годишно ниво

Ирската нискобуџетна авиокомпанија Ryanair може да ги зголеми цените на билетите ова лето за 10 отсто на годишно ниво поради недостаток на авиони, изјави извршниот директор на компанијата, Мајкл О’Лири. Тој рече дека проблемите со испораките на авионите „Боинг“ и „Ербас“ ќе го ограничат капацитетот за превоз на патници и со тоа ќе се одразат на поскапувањето, пренесува „Скај њуз“. …

Continue Reading

Османи: Украина е само првата станица на Руската империјална амбиција, следната е Балканот

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи учествуваше на конференција насловена “Украина: Две години херојство”, каде што се одбележа двегодишнина од руската агресија на Украина, организирана од Амбасадата на Украина во Скопје и ЦИВИЛ. “Денес се собравме да го испочитуваме нивниот спомен и да ја увериме Украина дека ќе продолжиме со нашата поддршка и во иднина. Ќе продолжиме да стоиме на …

Continue Reading

Стефковски: Набавивме механизација за комуналното претпријатие, почнуваме со градба на рекреативен комплекс, ќе се градат и училиште, градинка и спортска сала

Во посета на општина Гази Баба денеска беше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој заедно со градоначалникот Бобан Стефковски промовираа два проекти. „Првиот е комплетно завршен проект, а тоа е набавка на нова механизација за јавното комунално претпријатие кое се состои од камион кипер со носивост до 1.200 килограми, кој што ќе биде наменет за подобрување на состојбата со комунален …

Continue Reading

Отворена младинска канцеларија во општина Илинден

Во просториите на Домот на култура во Марино, денеска беше отворена младинска канцеларија, која има за цел подобрување на квалитетот на живот на младите. На отворањето на младинската канцеларија, покрај младите од општина Илинден, присуствуваше и градоначалникот Александар Георгиевски, пришто на младите им посака успешна работа и реализација на предвидените проекти во спроведувањето на локалните младински политики, соопшто општина Илинден. …

Continue Reading