(Видео) Пожарникарите спасија две лица од запалена зграда во Валенсија, снимен моментот на спасувањето

Вчера во шпанскиот град Валенсија се запали голема станбена зграда од 14 ката, а пожарот се прошири и на соседната зграда. Најмалку 4 лица загинаа, а 14 се повредени. На местото на настанот биле повикани повеќе од 20 противпожарни единици кои се обиделе да го изгаснат пожарот. На едно од видеата од пожарот се гледа како пожарникарите спасиле две лица …

Continue Reading

41-годишна Македонка избодена до смрт пред очите на малолетниот син во Германија: сопругот е главниот осомничен

41-годишна Македонка била избодена до смрт од нејзиниот сопруг пред нивниот 8-годишен син, пренесува германски „Билд“. Повредите на Македонаката, како што стои во написите биле толку тешки што искрварила до смрт. Постариот 16-годишне син на жртвата ја алармирал полицијата. Кога дошол дома околу 19 часот, неговиот помал брат стоел пред заклучената врата од станот. Тој бил целосно вознемирен и рекол …

Continue Reading

Нејмар го спасил Дани Алвеш од поголема затворска казна

Поранешниот бразилски репрезентативец Дани Алвеш, вчера беше осуден на затворска казна од четири ипол години. Алвеш силувал девојка во ноќен клуб во Барселона ноќта меѓу 30 и 31 декември 2022 година. Станува збор за првостепена одлука против која Дани Алвеш ќе поднесе жалба, но тешко дека ќе може значително да ја намали казната, бидејќи добил многу помалку отколку што побарале …

Continue Reading

Орбан: „Унгарија потпиша договор за соработка со Шведска во одбранбената индустрија“

Унгарија ќе потпише договор за соработка со Шведска во областа на одбранбената индустрија, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан пред средбата со шведскиот премиер Улф Кристерсон  во Будимпешта. Орбан изјави за државното радио дека Унгарија и Шведска ќе ги решат сите отворени прашања меѓу двете земји, како и ќе постават цели за воена соработка, пренесе Ројтерс. Тој додаде дека унгарскиот парламент …

Continue Reading

Путин: Поздрав, херои

Во честитката за 23 февруари, Денот на бранителите на татковината, ден пред втората годишнина од нападот на Украина, рускиот претседател Владимир Путин ги поздрави хероите. Според видео пораката што денеска ја објави руското претседателство, Владимир Путин ги поздравил „автентичните национални херои“. Тој додаде дека „во последните години компаниите од воено-индустрискиот сектор го зголемија производството и испораката на најбараното оружје на …

Continue Reading

Британците откриле 5,7 тони кокаин во пратка со банани, дрогата била наменета за европскиот пазар

Во пристаништето Саутхемптон на 8 февруари полицијата заплени 5,7 тони кокаин во вредност од 526 милиони евра. Тоа е најголемата заплена на дрога од класа А досега во Велика Британија. Националната агенција за криминал (NCA) и граничната полиција ја пронашле дрогата во контејнер со банани од Јужна Америка, пренесува Sky News. Претходната рекордна заплена беше извршена во истото пристаниште во …

Continue Reading

(Видео) Хаос во Прага – Се тепаа играчите и тренерите на Спарта и Галатасарај

Галатасарај испадна од Лига Европа, откако доживеа тежок пораз од Спарта во Прага. Чешкиот тим славеше со 4:1 и со вкупен резултат 6:4 се пласираше во осминафиналето. По натпреварот, веднаш откако главниот судија означи крај, веројатно испровоцирани од начинот на кој Спарта го прослави последниот гол постигнат во 97.минута, играчите и луѓето од стручниот штаб на Галатасарај започнаа тепачка. Летаа …

Continue Reading

Наместо аматерски скечеви пратениците на ДПМНЕ да ги вратат дипломатските пасоши, велат од СДСМ

Додека ДПМНЕ сее лаги и ги манипулира граѓаните, нивните пратеници со дипломатски пасош со новото уставно име им се посмеваат на граѓаните, велат од СДСМ. „Токму оние што прават шоу по границите, како пратеникот Миле Лефков од ДПМНЕ имаат дипломатски пасош со новото уставно име, изваден пред нешто повеќе од еден месец. Антонијо Милошоски исто така има дипломатски пасош со …

Continue Reading

(Видео) Русија со дронови ја нападна Украина, три лица загинаа во Одеса

Руско беспилотно летало погоди комерцијална област во украинското црноморско пристаниште Одеса, при што загинаа три лица, соопшти украинскиот воен и регионален гувернер Олех Кипер. Војската соопшти дека Русија лансирала 31 беспилотно летало во Украина во текот на ноќта, а противвоздушната одбрана уништила 23 од нив. Во објава на апликацијата за пораки Телеграм, војската на Југот рече дека пресретнала девет беспилотни …

Continue Reading