ВМРО-ДПМНЕ: Постојат сомнежи дека недостатокот на обрасци е намерно направен за „да го сопнат“ техничкиот министер

Постојат основани сомненија дека за да му направат сопки на техничкиот министер од опозицијата, СДСМ и ДУИ свесно креирале недостаток на обрасци поради што 100 илјади веќе фотографирани граѓани, не можат да дојдат до својот документ, обвини ВМРО-ДПМНЕ утрово преку соопштение. За ова малтретирање на народот, велат од партијата, мора да има одговорност и повикаа на измена на законот за …

Continue Reading

(Видео) Во Канада под снегот горат повеќе „зомби пожари“, професор предупредува дека е алармантно

Среде канадската зима, жарот од минатогодишната рекордна сезона на шумски пожари тлее под снегот. Таканаречените „зомби пожари“ горат под дебели слоеви снег со невидена брзина, предизвикувајќи стравувања за тоа што може да донесе летото што доаѓа. Луѓето кои возат по автопатот низ градот Форт Нелсон, Британска Колумбија, лесно можат да ги видат и помирисаат облаците од белиот чад што се …

Continue Reading

„Тоа е последното што ни треба“ – Нетанјаху ги отфрли повиците за предвремени избори

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска ги отфрли повиците на демонстрантите собрани во Тел Авив да одржат предвремени избори во таа земја. „Последното што ни треба сега се избори бидејќи веднаш ќе не поделат. Ни треба единство“, рече Нетанјаху. Демонстрации беа одржани и во Ерусалим, каде неколку стотици луѓе се собраа пред резиденцијата на израелскиот претседател барајќи договор за ослободување на …

Continue Reading

Белата куќа го обвини американскиот Конгрес за руското заземање на Авдивка

Префрлањето на Авдивка под контрола на руските сили е цената за непостапувањето на Конгресот, изјави денеска портпаролката на Советот за национална безбедност на Белата куќа, Адриен Вотсон и го повика Претставничкиот дом веднаш да го одобри барањето за дополнителни финансирања за Киев. „Ова е цената на неактивноста на Конгресот. Украинците продолжуваат храбро да се борат, но нивните залихи на оружје …

Continue Reading

САД префрлија 500.000 долари од запленетите руски средства за помош на Украина

Соединетите Американски Држави и’ префрлија на Естонија речиси 500.000 долари од запленетите руски средства за да и’ помогнат на Украина, соопшти денеска американското Министерство за правда. „Ова е прв ваков трансфер на средства од Соединетите Американски Држави на странски сојузник со цел директна помош за Украина. Конфискуваните средства се префрлаат во Естонија бидејќи сегашните околности не дозволуваат тие да бидат …

Continue Reading

Возеле брзо, без дозвола и под дејство на алкохол – над 150 возачи казнети вчера во Скопје

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 156 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 60 санкции, 14 мерки за возење без возачка дозвола, три санкции за некористење на сигурносен појас, 13 мерки за управување под дејство на алкохол. Сообраќајните …

Continue Reading

Тешка несреќа во Црна Гора: три лица помеѓу 18 и 21 година загинаа, две девојки се борат за живот

Тројца млади лица лица загинаа во сообраќајна несреќа што се случи ноќта меѓу саботата и неделата на патот Бар – Улцињ, соопшти црногорската полиција. „Во оваа сообраќајна несреќа загинаа Д.М.(21) од Улцињ, Б.Б.(20) од Бар и Н.Д.(18) од Рожај“, информираат од полицијата. Во Општата болница Бар се хоспитализирани Љ.П.(18) и А.В.(18) од Бар, кои се здобиле со повреди опасни по …

Continue Reading

Музичко-документарниот филм за Перо Ловшин, еден од првите панк рокери во Источна Европа во Кинотека

На 22 и 23 февруари од 20 часот во Кинотека ќе биде прикажан долгометражниот музички-документарен филм „Перо Ловшин – Ти можеш“ кој ја раскажува приказната на Перо Ловшин, еден од првите панк рокери во Источна Европа. Гостин на проекциите ќе биде токму Перо Ловшин. Тој, како фронтмен на Панкрти, со текстовите и активизмот одбележал цел еден период од историјата на …

Continue Reading

Времето денес облачно со температура до 19 степени

Во северните и источните делови ќе има зголемена облачност, а во останатите делови ќе преовладува сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува претежно северен ветер кој од пладневните часови наместа долж Повардарието ќе засилува, јавува УХМР. Максималната температура ќе биде во интервал од 10 до 19 степени. Во Скопје претпладне ќе има зголемена облачност, а потоа облачноста ќе се …

Continue Reading