Авдијивка пред пад, Украина: Нема да ги браниме урнатините, поважни се животите на војниците

Во Авдијивка никој нема да ги брани купиштата урнатини и изгореното железо, изјави Дмитро Лихови, портпарол на украинските вооружени сили во регионот Таури. Според него, приоритет на воената команда е да ги зачува животите на бранителите на тој уништен град на истокот на Украина. Руските сили со месеци се обидуваат да го освојат Авдијивка, стратешки важен град на истокот на …

Continue Reading

Мраз има се помалку, на поларните мечки им се заканува смрт од глад, покажува истражување во САД

Поларните мечки во канадскиот залив Хадсон се изложени на ризик од глад, бидејќи климатските промени ги продолжуваат периодите без мраз во Арктичкото Море, и покрај напорите на животните да ги прошират своите навики во исхраната. Поларните мечки го користат мразот што се протега низ поларната ледена покривка на Арктикот за време на постудените месеци за да го фатат својот главен …

Continue Reading

Шефот на дипломатијата на Германија до Израел: Откажете се од офанзивата во Рафах

Германската министерка за надворешни работи Аналена Баербок ја повика израелската влада да се откаже од копнената офанзива врз градот Рафах и наместо тоа да се согласи на прекин на огнот со оглед на влошената хуманитарна ситуација за Палестинците во Газа. „Во Рафах, 1,3 милиони луѓе живеат во многу тесен простор под најстрашни услови“, рече министерката во средата пред почетокот на …

Continue Reading

Незгода на експресниот пат Штип-Кочани, сообраќајот е во прекин во двата правци

Од 13.30 часот, поради случена сообраќајна незгода, експресниот пат Штип-Кочани е во прекин во двата правци, извести АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Continue Reading

Битиќи: Училиштето „Визбегово“ е израз на посветеноста на Владата да обезбеди еднаков пристап до квалитетно образование за сите

Новоизграденото и модерно училиште „Визбегово“ е израз на посветеноста на Владата да обезбеди еднаков пристап до квалитетно образование за сите, независно од нивното социјално потекло, припадност или место на живеење, изјави заменик претседателот на Владата за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи кој денеска заедно со државната секретарка во Министерството за образование(МОН), Билјана Казанџиска направија увид …

Continue Reading

Јункер: ЕУ не треба лесно да ѝ дава ветувања на Украина

Поранешниот претседател на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, изјави дека на Украина треба да ѝ се даде перспектива за членство во Европската Унија, но и предупреди дека е скептичен кога се во прашање роковите и дека Брисел не треба да ветува нешто што не може да го исполни. „Целосно се согласувам дека треба да има перспектива за членство на Украина. Но, …

Continue Reading

Традиционалното закројување на лозјата на „Тиквеш“ за Свети Трифун во знакот на новите прогресивни практики на винарницата

ВВ „Тиквеш“ го одбележа празникот Св. Трифун со свечено закројување на лозјата во Лепово. На настанот присуствуваа бројни гости – претставници на институции, на дипломатскиот кор, соработници на винарницата и лозари. Годинешниот настан беше во знакот на воведување на ЕСГ стандардите во работењето на винарницата. Со нивното имплементирање, „Тиквеш“ станува единствена винарница во регионот која воведува нови прогресивни активности и …

Continue Reading

Костадиновска – Стојчевска: Ние сме синоним за квалитетно вино, а нашите винарии се вистински амбасадори

Честитајќи им го Свети Трифун, празникот на лозарите и производителите на вино, министерката за култура Бисера Костадиновска – Стојчевска, истакна дека Северна Македонија е синоним за квалитетно вино кое е наша традиција, а нашите винарии, како што наведе министерката, се вистински амбасадори во многу држави низ светот. „Ние знаеме како да го почитуваме трудот на лозарите кои вредно и посветено …

Continue Reading

Рајо Ваљекано го назначи помошникот на Франциско за нов тренер на првиот тим

Рајо Ваљекано експресно го назначи наследникот на Франциско Родригез кој вчера доби отказ поради серијата лоши резултати. До крајот на сезоната, тимот чии гол го брани Столе Димитиревски, ќе го предводи Ињиго Перез. За тренерот од Баскија ова ќе биде прва самостојна работа. Ињиго Перез кариерата која ја започна во Атлетик Билбао, а потоа играше во Уеска, Мајорка, Нумансија и …

Continue Reading