За 3.200 вработени во УКИМ се изнајде решение за зголемување на нивните плати, вели министерот Велковски
Министерот за труд и социјална политика, Ѓоко Велковски оствари средба со ректорот на УКИМ, Биљана Ангелова и нејзиниот тим, заедно со претставници на синдикатот, при што се изнајде решение за признавање на поединечниот колективен договор на УКИМ, а со тоа и зголемување на нивните плати, извести МТСП. „Ги повикувам ресорните министерства, Министерството за образование и наука и Министерството за финансии …
Continue Reading
СЗО: Низок ризик од пренос на птичји грип од човек на човек
Светската здравствена организација (СЗО) предупреди дека постои низок ризик од пренесување на птичји грип од човек на човек, откако Кина претходно пријави смрт на лице заразено со комбинација на соеви H3N2 и H10N5. „Не се откриени нови сомнителни случаи на луѓе преку истраги и тестирања извршени од властите“, соопшти СЗО. Во соопштението се додава дека се смета дека соеви на …
Continue Reading
12 лаги на Путин во 12 твитови: што се кажа рускиот претседател во интервјуто со Такер Карлсон
Поранешниот руски олигарх, најбогатиот човек во Русија и соработник на Владимир Путин, а сега неговиот критичар во прогонство Михаил Ходорковски, на „Икс“ објави објаснувања за како што вели, сите лаги што рускиот претседател ги кажал во интервјуто за Такер Карлсон. Putin’s Interview With Tucker Carlson Was Filled With Lies, Here Are Some Egregious Examples 🧵 pic.twitter.com/SMqus7RK6n — Mikhail Khodorkovsky (@khodorkovsky_en) …
Continue Reading
Сенаторите загрижени: изборниот штаб на Бајден користи „Tик-ток“
Претседателот на Комитетот за разузнавање на американскиот Сенат, Марк Ворнер, рече дека е загрижен поради одлуката на изборниот штаб на Џо Бајден да ја користи апликацијата „Тик-ток“, на што Белата куќа рече дека ништо не се променило во однос на загриженоста на владата за националната безбедност. Ворнер рече дека е загрижен за импликациите за националната безбедност на кинескиот „Тик-ток“ и …
Continue Reading
Ова во Шпанија не се случило 48 години – Гостинските тимови не постигнаа ниту еден гол
Последниот натпревар од 26. коло на втората шпанска фудбалска лига, популарната Сегунда, меѓу Ваљадолид и Албасете на „Зориља“, заврши без голови. Колото влезе во историјата на шпанскиот фудбал, бидејќи гостинските тимови на 11 натпревари не постигнаа ниту еден гол. Домаќините остварија осум победи, а покрај натпреварот Ваљадолид-Албасете, 0:0 завршија натпреварите Леванте – Леганес и Елденсе – Уеска. Ова се случува …
Continue Reading
Русија распиша потерница по естонската премиерка
Русија распиша потерница по естонската премиерка Каја Калас. Веб-страницата на руското Министерство за внатрешни работи ја вклучи Калас во својата база на податоци како „барана според кривичното право“, пишува Дојче веле. Не беа наведени конкретни обвиненија. Потерница е распишана и по државниот секретар на Естонија Таимар Петеркоп и министерот за култура на Литванија Симонас Кајрис. Калас беше гласна поддржувачка на …
Continue Reading
Напад на метро станица во Бронкс: има загинати, се трага по напаѓачот
Едно лице загина, а пет се повредени кога напаѓач отворил оган врз патници во њујоршкото метро, соопшти полицијата во тој американски град. Нападот се случил во метро станица во населбата Бронкс. Престрелката се случила во составот на возот кој се движел кон северот на градот по тепачка меѓу две групи тинејџери, изјавија за новинарите претставници на њујоршката полиција (NYPD) пред …
Continue Reading
ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Манолева втор месец молчи за непотпишувањето на согласности за вработување од министерство за финансии
„Заменик министерката за здравство, Маја Манолева вчера се разбуди од длабок зимски сон и го приватизираше Министерството за здравство каде држеше политиканство – партиска прес конференција како класичен партиски полтрон. Без факти и аргументи Манолева одлучи да одработува партиски, без срам и перде таа истата Манолева излезе со клевети дека дополнителната заменичка за Министерството за финансии “ги блокирала” враборувањата за …
Continue Reading
Кина го повика Израел што поскоро да ја прекине воената операција во Рафах
Кина денеска го повика Израел да ја прекине воената операција во Рафах во јужниот дел на Појасот Газа „што е можно поскоро“ со цел „да се спречи уште посериозна хуманитарна катастрофа“. Се зголемува меѓународниот притисок за договор за примирје меѓу Израел и Хамас, вклучително и ново ослободување на заложниците, и покрај заканата од израелска офанзива врз Рафах, последното засолниште на …
Continue Reading