Ученик избодел наставничка на влезот во училиште во Италија, и пришол одзади

Ученик (17) на влезот на стручниот институт Енаип во Вареш со нож избодел во грб 57-годишна наставничка. Таа веднаш била пренесена во болница каде и била оперирана и е надвор од животна опасност. Според извештаите, ученикот го донел оружјето од дома. Настанот се случил утрово околу 8 часот. Се уште не е познат мотивот за нападот.

Continue Reading

Русија ќе ја отфрли кандидатурата на противкандидатот на Путин

Рускиот претседателски кандидат Борис Надеждин денеска изјави дека работната група на руската Централна изборна комисија утврдила дека 15 отсто од потписите што ги поднел се неважечки. Оваа бројка, доколку се потврди, е три пати поголема од дозволената грешка и би и дала дозвола на комисијата да ја дисквалификува кандидатурата. Комисијата ќе донесе конечна одлука за ова прашање в среда, изјави …

Continue Reading

Се јавил во музеј во Вашингтон, за да донира необичен предмет: во гаража чувал нуклеарен проектил од студената војна

Полицијата открила зарѓан дел од американска нуклеарна ракета од времето на Студената војна во гаража во Вашингтон. Имено, неименуван човек претходно се јавил во Музејот на воздухопловните сили за да донира воена ракета што му припаѓала на неговиот покоен сосед. Тој рекол дека неговиот сосед го купил необичниот предмет на продажба во двор. Техничарите на одредот за бомби рекоа дека …

Continue Reading

„Руските варвари напаѓаат цивили во Украина“, убиени двајца француски доброволци

Двајца француски хуманитарни доброволци беа убиени, а уште тројца ранети во регионот Херсон во Украина на 1 февруари. Ова пред три дена го потврди францускиот министер за надворешни работи Стефан Сежурн. „Руски варвари напаѓаат цивили во Украина. Двајца француски хуманитарци платија со живот за помошта на Украина, а уште тројца се повредени“, напиша Сежурн на социјалните мрежи. Поради смртта на …

Continue Reading

Приведен 39-годишен скопјанец, криумчарел мигранти од Сирија

Вчера вечер околу 19.00 часот во близина на село Прдејци, гевгелиско, полициски службеници од Полициската станица граничен надзор и гранични проверки Богородица го лишиле од слобода 39-годишнниот Д.А. од Скопје, извести МВР. „При преглед во возилото „ауди“ со српски национални ознаки, кое го управувал, биле пронајдени седум лица мигранти од Сирија, од кои еден малолетник. Мигрантите бил сместени во прифатно …

Continue Reading

„Заедно“ со оркестарот на Македонската филхармонија

Овој четврток со почеток во 20 часот, оркестарот на Македонската филхармонија ќе го одржи концертот насловен „Заедно“ на кој ќе бидат изведени Концертот за виолина, виолончело и пијано во Це-дур, оп.56 од Лудвиг ван Бетовен и „Фантастична симфонија“, оп. 14 од Хектор Берлиоз. Диригент е маестро Конрад ван Алфен од Холандија, а како солисти ќе настапат виолинистката Софи Хајнхрих (Австрија), …

Continue Reading

Каде се борат моќните британски тенкови во Украина: „Тие се огромни и гласни“

Ако се прашувате зошто нема многу докази дека украинските тенкови „Челинџер 2“, од британско производство учествуваат во големи борби, неодамнешното интервју со еден екипаж на тенк може да даде одредени одговори. Тие велат дека од нивните тенкови, скриени под покривката на дрвјата на територијата под украинска контрола, отвораат оган на руска територија на оддалеченост од три километри, додека беспилотните летала …

Continue Reading

Ангеловска-Бежоска: Преку реформи кај човечкиот капитал, инвестициите и институциите, до побрза конвергенција кон ЕУ

Гувернерката Ангеловска Бежоска учествуваше на панел-дискусија на дваесет и второто издание на престижниот Mеѓународен економски самит Ворвик 2024, којшто се одржува на истоимениот универзитет во Обединетото Кралство. На панел-дискусијата на тема „Навигација на монетарната политика: Гледишта од централните банки ширум светот“, покрај гувернерката, учествуваше и гувернерот на централната банка на Хрватска, Борис Вујчиќ, гувернерот на централната банка на Маурициус, Харвеш …

Continue Reading

Скопјани со најголеми, а крушевчани со најмали можности за здравствена заштита во земјава, според Центарот за граѓански комуникации

Центарот за граѓански комуникации го објави истражувањето за степенот на здравствена заштита на жителите во 30-те здравствени центри во земјава. Истражувањето покажа дека највисоки можности за здравствена заштита имаат жителите на главниот град Скопје, додека најмалку можности за соодветна здравствена заштита имаат жителите на Крушево. „Има огромни разлики во можностите, односно степенот на здравствена заштита што можат да ја добијат …

Continue Reading