СДСМ: Изборот е хорор со Мицкоски и ДПМНЕ или европска иднина и поголеми плати со СДСМ

Мицкоски најавува хорор и влечење за коса. ДПМНЕ не може да донесе ништо добро за земјата ниту за граѓаните. Тоа е истата режимска партија во која ништо не се променило, велат во соопштение од СДСМ. -Со Мицкоски и ДПМНЕ нема иднина, нема членство во ЕУ, туку враќање назад во изолација, неизвесност, криминал, корупција, поделби меѓу граѓаните, мали плати и пензии. …

Continue Reading

Шолц на годишнината од ослободувањето на Аушвиц: Мрачните неонацисти се во пораст

Германскиот канцелар Олаф Шолц изрази загриженост поради порастот на екстремно десничарските тенденции во земјата 79 години по ослободувањето на логорот за истребување Аушвиц. „Постојано има нови извештаи за неонацистите и нивните мрачни мрежи“, рече социјалдемократот во снименото видео обраќање објавено утрово во знак на сеќавање на ослободувањето на Аушвиц. Беше ослободен од советските трупи на 27 јануари 1945 година. „Истовремено, …

Continue Reading

Финците утре избираат претседател, главна тема се тензиите со Русија

Финците утре избираат нов претседател, чија улога во водењето на надворешната политика стана поважна поради зголемените тензии со соседна Русија предизвикани од војната во Украина. Геополитичките промени во Европа ќе му зададат најголема главоболка на новиот претседател, кој е и врховен командант на финските вооружени сили. Двајца политичари водат вкупно девет кандидати, поранешниот конзервативен премиер Александар Стуб и поранешниот министер …

Continue Reading

САД одобри продажба на борбени авиони на Грција и Турција

Американскиот Стејт департмент одобри продажба на борбени авиони Ф-16 на Турција и Ф-35 на Грција, откако Анкара го ратификуваше приемот на Шведска во НАТО претходно оваа недела, пренесуваат странските агенции. Како што налага американскиот закон, Стејт департментот официјално го извести Конгресот дека ги одобрува двата договора. Законодавниот дом, кој има рок да ги разгледа и доколку се сомнева, да ги …

Continue Reading

Силен земјотрес во Гватемала, почувствуван и во Ел Салвадор

Земјотрес со јачина од шест степени според Рихтеровата скала го погоди јужниот брег на Гватемала во Пацификот доцна синоќа, објавија странските агенции, повикувајќи се на сеизмолошката служба на Гватемала. Земјотресот го потресе Гватемалскиот регион Ескуинтла, а беше почувствуван и во Ел Салвадор. Засега нема информации за жртви или материјална штета. Според германскиот истражувачки центар за геонауки, земјотресот бил со јачина …

Continue Reading

Во февруари 50-годишен јубилеј на Кинотека: Старите вредности во нови контексти

Пред 5 децении е формирана македонската кинотека. Честитки за сето она што досега го направила оваа значајна културна установа. Една од основните дејности на филмскава институција е да го прикаже сето она што го има, и ново и старо; ова второто во нови контексти и изданија. Тоа ќе биде карактеристика на програмата на најкусиот месев во годината – февруари. Календарски, …

Continue Reading

Времето денеска променливо облачно и дождливо

Времето денеска ќе биде променливо облачно со локален слаб дожд, а на планините и на некои од повисоките места со врнежи од слаб снег. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието и во источните делови засилен ветер од северен правец (над 60 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 2, а максималната ќе достигне од 4 …

Continue Reading