Ќе нема превоз во понеделник, ако на вработените во ЈСП дотогаш не им биде исплатена платата
Трите репрезентативни синдикати на Јавното сообраќајно претпријатие информираа дека ќе нема превоз во понеделник, ако не ја добијат платата до тогаш. „Репрезентативните синдикати во Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ ги повикуваат советниците од Советот на Град Скопје итно да свикаат седница на Советот со една единствена точка на дневен ред, а тоа е гласање за субвенционирање на ЈСП. Бидејќи истите тие …
Continue Reading
Нестварен меч во Мелбурн, Блинкова ја елиминира ланската финалистка Рибакина
Финалистката од минатата година во Мелбурн, Елена Рибакина, испадна во второто коло на годинешното издание на Австралија опен. Во неверојатен меч кој траеше два часа и 48 минути, третата носителка загуби од Ана Блинкова (57. на ВТА листата). Блинова славеше со 2:1 (6:4, 4:6, 7:6 (22:20). Спектакуларната борба на двете тенисерки го обележа супер тај-брејкот од 35 минути, во кој …
Continue Reading
Kаде е Дрин Ахмети, прашува Европскиот сојуз за промени
Европски сојуз за промени постави прашање до лидерот на ДУИ, Али Ахмети, каде е неговиот внук Дрин Ахмети, формалниот сопственик на TЦ „Соравија“ во Скопје, кој беше фатен со пиротехнички средства, за што Кривичниот законик предвидува казна затвор до 10 години. „Бидејќи е внук на капо Али Ахмети -продолжува да шета слободно, а загрозени се полицајците кои го фатија со експлозив. …
Continue Reading
Коцевски: Дали за профит на некој од власта народот чека во редици на минусни температури за вадење на пасоши
Власта не го решава проблемот со пасошите. Граѓаните се уште на минусни температури во редици чекаат за поднесување на барање или подигање на личните документи од пунктовите на МВР, изјави на прес-конференција, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Коцевски. „За добивање на било каков личен документ, потребно е да се јавите и да добиете термин преку кол центарот на МВР. Доколку успеете …
Continue Reading
Стоилковски: Обезбедувањето што не го спречи упадот во М-НАВ во истиот период добило нов годишен договор
Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски објави дека фирмата за обезбедување во М-НАВ која не го спречи упадот и насилството во контролната кула, во истиот период, од истите директори добила нов годишен договор. Стоилковски вели дека наместо веднаш по инцидентот во стратешки државен објект, по ваков напад, да биде прекинат договорот со обезбедување, и да биде отворен предмет за улогата на …
Continue Reading
Артир Казо го елиминира Холгер Руне
Четвртиот ден на Австралија опен го донесе првиот сензационален резултат. Французинот Артур Казо го елиминира осмиот носител Холгер Руне во три сета. Моментално 122. играч во светот славеше со 7:6 (4), 4:6, 6:4, 6:3. Претходно драматични мечеви во пет сета одиграа шестиот носител Александар Зверев, Каспер Руд (11) и Камерон Нори (19), додека вториот фаворит на турнирот Карлос Алкараз во …
Continue Reading
Меџити: Штипската болница со нова медицинска опрема, интензивно работиме на зајакнување на установите
Министерот за здравство д-р Фатмир Меџити беше во посета на Клиничката болница во Штип по повод набавка на нова медицинска опрема – лапараскопска и ендоскопска опрема, нов ултразвук колор доплер апарат со две сонди и цисто-уретроскопски сет. „Денеска сме во посета на Клиничката болница во Штип да ја промовираме новата лапараскопска и ендоскопска опрема набавена од Министерството за здравство во …
Continue Reading
Никогаш досега во историјата на државата за две години не беа зголемени пензиите за 30 отсто, рече Тренчевска
Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска на трибина на Сојузот на броците, по повод 80 години од ослободувањето на градовите рече дека и оваа година во декември 2023 обезбеден е пакет финансиска подршка за пензионерите со пензија до 19 000 денари и најмногу е оделена за оние со најниски пензии, до 14 000, по 3000 денари во наредните …
Continue Reading
Петровски: Отворањето на нови рудници треба да биде приоритет, а не табу тема
Став на Филип Петровски, дипломиран рударски инженер и актуелен Генерален Директор на рудникот ГРОТ, Република Србија „Веднаш на почеток сакам да кажам дека јас сум “Економски активист”. Верувам дека само богата држава може успешно да ги реши еколошките, социјалните, културните и други проблеми на своите граѓани. Оваа наша убава држава страда од едно загадување кое е насекаде и се продлабочува, …
Continue Reading