„Пецаков фатен со рачињата во медот – си доделил 15 милиони денари општински пари“, велат од партијатав Левица

„Кирил Пецаков – Градоначалник на Општина Охрид, си доделил сам себе 15 000 000 денари општински пари, односно пари на охриѓани. Имено, Пецаков се јавува како 100 процентен сопственик, односно 250 акции во Градски Ракометен Клуб Охрид АД Охрид 2013 Охрид со ЕМБС 6723136“, велат од партијатав Левица. „Така бившиот ракометар Пецаков, а сегашен градоначалник си ги пикнал рачињата во …

Continue Reading

(Видео) „Паѓа толку многу снег што луѓето излегуваат од дома преку прозорците“ – снежен хаос во Норвешка

Невидена снежна бура ја покри Норвешка, а во главниот град Осло предизвика хаос во транспортот. „Жал ни е, ова е хаос. Надвор е минус 10, но тоа не е проблемот. Падна толку многу снег што немаа време да го расчистат. Вака никогаш не било, минатата недела беше -25. Беше тотален колапс, луѓето се евакуирани од метроата, снема струја во делови …

Continue Reading

Стоилковски: Ковачевски не смее збор да изусти за тоа што Груби, Османи и половина влада вработувале семејства во М-НАВ

Димитар Ковачевски не смее збор да изусти за тоа што Груби, Османи и половина влада вработувале семејства во М-НАВ, изјави на прес-конференција, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски. „Ковачевски не е портпарол кога станува збор за бандитизмот, Ковачевски е портпарол само кога ќе му дошепне Али Ахмети. Уште пострашно, Љупчо Николовски, министер со цело семејно стебло вработено во М-НАВ, не му …

Continue Reading

Меџити: Нов лапароскоп за гостиварската болница, ќе нема потреба граѓаните да патуваат во Скопје за овој тип интервенции

Министерот за здравство, Фатмир Меџити, денеска беше во посета на Општата болница во Гостивар по повод набавка на нов лапароскоп на одделот за урологија. Меџити рече дека со ова, првпат во областа на урологијата ќе се извршуваат лапароскопски интервенции во болницата и ќе нема потреба пациентите да се упатуваат во Скопје за овој тип интервенции. Лапароскопската и ендоскопската опрема е …

Continue Reading

Јаревски: Молк од ЈО откако објавивме дека функционери на СДС набавиле машини за бележење 100 пати поскапо од тоа што власт тврди дека е реално

„24 часа откако објавивме дека ЈП за одржување на магистрални и регионални патишта, Струмица и Центар набавиле машини за бележење на патишта и до 100 пати поскапо од тоа што СДС тврди дека може да се набават молк од ЈО“, рече Тони Јаревски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ. „Молчи и СДС и нема коментар како нивни функционери набавувале машини и за 250 …

Continue Reading

Грковска: Законот за борба против допингот е финализиран, очекувам консензус за негово брзо усвојување

Вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, денеска организираше работен состанок со претставници на Светската анти-допинг агенција (WADA), со цел да се интензивира постапката за усвојување на Законот за борба против допингот и негово спречување, што е обврска за нашата држава според меѓународниот анти-допинг код. Грковска информираше дека нацрт-текстот на овој закон е веќе подготвен и следи негово …

Continue Reading

Сообраќајка кај Куманово: автомобил излета од патот, повредени четири лица, меѓу кои и деца

Вчера на регионалниот пат Куманово – Општина Арачиново, кај Ново Село, кумановско, автомобил „рено“ со кумановски регистарски ознаки, управуван од В.С.(25) од Куманово, излета надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, а со телесни повреди се здобиле сопатникот Ф.А.(48) и уште двајца малолетни сопатници, констатирани во Општата болница Куманово, објави МВР. Извршен бил увид.

Continue Reading

Станковиќ: Арсовска закажа вонредна седница за тековни точки на која самата не дојде, а не закажува за над 100 партиски вработувања во „Паркови и зеленило“

Денеска се бараше вонредна седница на која ни градоначалничката не е присутна, со самото тоа е јасно колку овие точки го задоволуваат критериумот за вонредна седница. Направен е опасен преседан, се свикува вонредна седница за точки кои вообичаено одат на редовни седници, а ниедна од овие точки не го задоволуваат критериумот согласно Деловникот и Статутот на Град Скопје за вонредни …

Continue Reading

Граната од Првата светска војна најдена во нива во Новаци

Вчера во Полициското одделение Новаци, Б.П.(47) од селото Новаци пријавил дека во нива во атар на селото пронашол граната. Пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување Битола безбедно ја подигнал гранатата и утврдил дека се работи за артилериска граната калибар 75 мм. од Првата светска војна.

Continue Reading