Ковачевски со новогодишна честитка: Заедно ќе работиме на исполнување на европската агенда

Премиерот Димитар Ковачевски на сите граѓани им ја честита Новата 2024 година, посакувајќи им многу здравје, среќа и успех во новата година. „Во новата година влегуваме со нови можности и нови планови за уште поголеми достигнувања. Граѓаните се пред сè и над сè! И во новата година ќе продолжиме да работиме напорно за уште повисоки плати и пензии, продолжуваме со …

Continue Reading

Земјотрес од 7,6 степени во Јапонија, издадено е предупредување за цунами

Земјотрес со јачина од 7,6 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди северниот дел на централна Јапонија. Јапонската метеоролошка агенција издаде предупредување за цунами долж западните крајбрежни области на префектурите Ишикава, Ниигата и Тојама. Се верува дека цунами со бранови високи до 5 метри ќе стигне до Ното во префектурата Ишикава, според метеоролошката агенција. Бранови високи повеќе од еден метар …

Continue Reading

Поминаа дванаесет години од смртта на Киро Глигоров

Собраниска и владина делегација денеска ќе положат цвеќе, по повод 12 години од смртта на претседателот Киро Глигоров. Глигоров почина на 1 јануари 2012 година во Скопје во својот дом на 94-годишна возраст. На 17 ноември 1999 година, кога заврши неговиот втор претседателски мандат, тој имаше 82 години, а во 2000 година Гинисовата книга на рекорди го забележа Глигоров како …

Continue Reading

Далај Лама: Мир во светот само ако прво го најдеме мирот во себе

Далај Лама, духовниот поглавар на тибетските будисти, во неделата ги повика луѓето да имаат сочувство и внатрешен мир како предуслов за подобар свет на крајот на годината. „И покрај многуте предизвици со кои се соочуваме денес, јас сум оптимист дека со зголемена почит дека сите сме поврзани во единството на човештвото, можеме да работиме за да живееме позначајно и да …

Continue Reading

Пендаровски во Новата Година посака добро здравје: „Сите го дишеме истиот воздух, само заедно можеме до просперитет“

Претседателот Стево Пендаровски, по повод новогодишните празници, упати честитка до граѓаните во која посака пред се’ добро здравје, но и добрина, за да се изгради хумано општетство. „Зад нас е уште една тешка година во која немавме многу причини за радост и славење. Глобалните кризи, заедно со нашите хронично присутни домашни проблеми, придонесоа повеќе да размислуваме за ублажување на последиците, …

Continue Reading

Макрон: 2024 ќе биде година на гордост и надеж

Францускиот претседател Емануел Макрон им порача на Французите дека 2024 година ќе биде година на гордост и надеж, обележана со Летните олимписки игри во Париз и повторното отворање на катедралата Нотр Дам по катастрофалниот пожар. „Само еднаш во сто години можете да бидете домаќини на Олимписките и Параолимписките игри, само еднаш во илјада години можете повторно да изградите катедрала“, рече …

Continue Reading

Зеленски за авионите Ф-16: Дефинитивно ќе ги видиме на украинското небо

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во своето новогодишно обраќање истакна дека Украина станала посилна во надминувањето на сериозните тешкотии, бидејќи војната против Русија се приближува на втората година. 20-минутната видео-порака емитувана од неговата канцеларија во Киев речиси и да не се однесува директно на ситуацијата на фронтот долга 1.000 километри или на ограничениот успех на контраофанзивата започната во јуни. Тој, исто …

Continue Reading

Денес сончево време со температура до 15 степени

Времето денес ќе биде сончево со мала до умерена облачност. По котлините ќе има појава на магла, која во текот на денот ќе се намалува. Во ноќните часови облачноста ќе се зголеми, а по котлините ќе биде магливо. Максималната температура ќе биде во интервал од 8 до 15 степени, јавува УХМР. Во Скопје сончево, магливо и тивко. Во текот на …

Continue Reading

Првото бебе во 2024 година се роди точно на полноќ, машко е

Точно на полноќ се роди првото бебе за оваа година на Универзитетската Клиника за гинекологија и акушерство во Скопје. Бебето е машко, тежи 3.760 грама, а долго е 52 сантиметри. Од Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство објавија дека 34-годишната Наташа Стефковска од Скопје го родила бебето по природен пат. Во првите 15 минути од Новата година на ГАК се родиле три бебиња.

Continue Reading