Финансиската полиција влегува во Град Скопје: Ќе го побараме повикот за украсување за кој зборува градоначалничката, сè друго е тајна поради предистрагата

Инспектори од Управата за финансиска полиција, денес, од градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, ќе го побараат јавниот повик за новогодишното украсување што го добила компанијата што го украсува градот за 30.000 евра, кој не е достапен за медиумите и за граѓаните. Директорот на Управата, Горан Иванов, вели дека екипата тргнува имајќи го предвид тврдењето на градоначалничката дека постои јавен повик, …

Continue Reading

Над 30 дронови се упатија кон Украина: Русите ги таргетираат Одеса, Херсон и Николаев

Во текот на ноќта руските вооружени сили лансираа 31 беспилотно летало и две проектили на југот на Украина, а украинскиот систем за противвоздушна одбрана собори 28 беспилотни летала , соопшти Военото воздухопловство на Вооружените сили на Украина. „Беспилотните летала беа соборени над регионите Одеса, Херсон, Николаев, Доњецк, Кировоград и Хмелницки, а беа лансирани од Крим“, пренесува Ројтерс. Воените и цивилните …

Continue Reading

Првиот руски авион пристигна во Куба по три години: Повеќе од 300 патници полетаа од Москва до Хавана

Првиот руски авион во последните три години, откако Русија и Куба го прекинаа воздушниот сообраќај поради пандемијата на коронавирусот, слета на меѓународниот аеродром Хозе Марти во Хавана. Во неделата попладне повеќе од 300 патници пристигнаа во кубанската престолнина со директен лет на авиокомпанијата Русија, филијала на групацијата Аерофлот, од Москва. Руската авиокомпанија отсега ќе има редовни летови за Куба двапати …

Continue Reading

Експлозија во зграда во Франција, најмалку едно лице загина

Најмалку едно лице загина во експлозија и пожар во зграда во 6-тиот арондисман на Марсеј, соопшти градоначалникот Беноа Пајан. Тој изјавил дека четири лица биле евакуирани од објектот, додека девет жители на соседната зграда исто така морале да ги напуштат своите домови, пренесува Paris Mond. Едно лице е примено во болница поради вдишување чад. Според локалниот дневен весник Прованса, експлозијата …

Continue Reading

Зиелински реши да го напушти Наполи

По Елиф Елмас и Пјотр Зиелински донел одлука да го напушти Наполи. Разликата е само во тоа што Елмас веќе си замина од Неапол, а Полјакот тоа ќр го направи за шест месеци. Пјотор Зиелински одби да го продолжи договорот со клубот кој му истекува на 30 јуни наредната година. Бидејќи на 1 јануари влегува во последните шест месеци од …

Continue Reading

Заврши мандатот на Јовески: „Во ниту еден момент не престанав да се залагам за повеќе и за подобри резултати“

Јавниот обвинител, Љубомир Јовески, на крајот од својот мандат, писмено се пбрати до медиумите, коментирајќи дека со гордост, задоволство и чест во изминатите шест години ја извршувал функцијата. Тој рече дека во овој период, Јавното обвинителство го почнало процесот на трансформација од целосно затворена, кон институција отчетна и достапна за граѓаните. „Состојбите не се лесни, но сепак покажавме и покажуваме …

Continue Reading

Мицкоски: Сплотени и заеднички да го промениме безнадежното секојдневие и да создадеме иднина и земја на среќни граѓани

Честитка од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за католичкиот Божиќ: „Од мое лично име и од името на ВМРО-ДПМНЕ на сите верници од христијанска вероисповед кои се раководат според грегоријанскиот календар да Ви го честитам големиот христијански празник Божиќ. Нека најсветлиот празник Божиќ ви донесе мир и спокој и ги исполни вашите домови со радост. На овој ден кој означува …

Continue Reading

Зечевиќ: Во духот на заедништвото, сплотени да обезбедиме светла иднина за сегашните и идните генерации

Генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ Вардарски, упати честитка до верниците од католичка вероисповед и до сите македонски верници кои денеска го празнуваат христијанскиот празник -Рождеството Христово – Божиќ. „Христовата светлина нека ги осветли Вашите домови. Ви посакувам празничните денови да ги минете во пријатна атмосфера, исполнети со љубов, семеен спокој и добро здравје. Како што со раѓањето Бог создал …

Continue Reading

Џафери за католички Божиќ: Сите имаме потреба од зрак на надеж, да дозволиме да излезе од нас најдоброто

Честитка од претседателот на Собранието, Талат Џафери: Дозволете од име на пратениците на Собранието на Република Северна Македонија и од мое лично име да упатам честитки по повод големиот христијански празник – Божиќ до сите граѓани католички верници кои го прославуваат празникот по грегоријанскиот календар. Оваа година, беше тешка година, со сите тажни вести кои ни доаѓаа од сите страни …

Continue Reading