Летонија и подари на Украина 270 возила одземени од пијани возачи
Латвија ѝ подари на Украина повеќе од 270 возила одземени од возачи под дејство на алкохол, пишува dpa. Вкупната вредност на возилата е речиси еден милион евра, објави летонскиот портал „Делфи“. Летонскиот парламент во февруари одлучи запленетите возила да и бидат предадени на Украина бесплатно. Поради руските воздушни напади и борби, многу цивилни возила во Украина се оштетени или уништени.
Continue Reading
Пронајден Алексеј Навални, се чувствува добро, објави неговата портпаролка
Портпаролката на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, кој отслужува 30-годишна затворска казна, соопшти дека е пронајдено каде се наоѓа Навални. „Го најдовме Навални. Тој се наоѓа во казнената колонија 3, во населбата Карп, на север од Урал, во автономниот регион Јамал-Ненец. Денеска го посети неговиот адвокат. Алексеј се чувствува добро“, рече портпаролката Кира Џармуш на платформата Х (Твитер). Пред две …
Continue Reading
(Видео) Мицкоски: Не гледам потреба за тајни средби со Ковачевски, досега нема иницијатива за било каква средба
Не сум имал тајна средба. Не се дел од мојот карактер тајните средби. Доколку сака господинот Ковачевски да разговараме за техничката влада или за некои други политички процеси коишто следат стојам на располагање, само терминот да го усогласиме, вака претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за време на денешната прес-конференција одговори на новинарско прашање за тоа дали веќе имал тајна средба …
Continue Reading
Бочварски во посета на Пробиштип и Лозово: Силна подршка за општините за да можат да се развиваат, граѓаните ни се во фокусот
Обезбедување на подобри услови за живот, урбаниот развој и градењето на квалитетна патна мрежа се нашите приоритети на кои активно работиме насекаде низ општините. Владата останува најголемиот поддржувач и инвеститор во општините реализирајќи голем број инфраструктурни проекти со кои го подобруваме животот на нашите граѓани, истакна министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, при денешната посета на општина Пробиштип. Тој …
Continue Reading
(Видео) Српскиот министер за внатрешни посети повреден полицаец, снимка на социјалните мрежи покажува дека тој бил удрен од колега
Група студенти и млади кои учествуваат на протестите поради, како што тврдат, кражба на изборите на 17 декември, за денеска најавија шестчасовна сообраќајна блокада на две локации во Белград. Тие во 11 часот се собраа на улицата Бирчанинова пред Министерството за државна управа и локална самоуправа, од кое бараат да се овозможи проверка на избирачкиот список, пренесува Нова.рс. Тој протест …
Continue Reading
Модриќ се договорил со Ал-Наср
Лука Модриќ влегува во последните шест месеци од договорот со Реал Мадрид и извесно е дека нема да потпише нов. Капитенот на хрватската репрезентација веќе има неколку понуди за продолжување на кариерата. „Тодофихајес“, шпански портал специјализиран за трансфери, тврди дека 38-годишниот играч од средниот ред веќе постигнал договор со својот следен клуб. „Пред неколку недели Модриќ ги извести челниците на …
Continue Reading
Извршен службен разговор со малолетник, украл предмет од друг малолетник, одземеното вратено на сопственикот
Вчера во Полициската станица Карпош, во присуство на родител, бил извршен службен разговор со малолетник од Скопје. Тој се сомничи дека околу 15.45 часот на подрачје на Карпош одзел личен предмет од друг малолетник, исто така, од Скопје, соопшти МВР. Одземеното било пронајдено и вратено на сопственикот, а по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, …
Continue Reading
Мециновиќ: Директор на затворот во Штип од СДС тепа студенти и активисти на Левица
Портпаролот на Левица, Амар Мециновиќ на прес-конференција говореше за физичкиот напад на активистот од Црвена Младина, Јован Јанев од страна на функционерот од СДС и директор на КПД Штип. „Директорот на затворот во Штип и функционер на СДС, Мики Тодорор физички напаѓа студенти. Активистот на ЦМ и студент Јован Јанев во вечерта помеѓу петокот и саботата во Штип бил дивјачки …
Continue Reading
Боцан Харченко: Вучиќ ме информираше дека Западот стои зад немирите во Белград
Рускиот амбасадор во Белград, Бочан Харченко, за телевизијата „Русија 24“ изјави дека српскиот претседател го информирал дека Западот стои зад вчерашните немири во Белград. „Опозицијата почна со протести, кои беа поддржани од надвор. Вучиќ зборуваше за тоа, не можам да зборувам за детали, бидејќи информациите се доверливи. Но, тој има непобитни докази дека поттикнувањето немири дошло од Запад“, изјавил Боцан …
Continue Reading