Професор од Косовска Каменица пронајден мртов: отишол на фризер и исчезнал, семејството го пријавило случајот во полиција
Професорот на средното медицинско училиште во Ропотов кај Косовска Каменица Ивица Јовановиќ (54) е пронајден мртов нешто по 16 часот, потврди за Косово онлајн претседателката на Привремената управа на општина Косовска Каменица, Тања Акшиќ. Јовановиќ исчезнал вчера, кога околу 15 часот отишол на фризер. Бидејќи не се вратил дома, семејството почнало да го бара, а телефонот последен пат му бил …
Continue Reading
Кривична пријава против директорот на ЈП „Галичица“
Директорот на ЈП„Национални шуми“- Шумско стопанство „Галичица“ – Охрид доби кривична пријава поради неосновано работење во службата. Пријавениот, С.Г.(53) од селото Велмеј, општина Дебрца, директор на ЈП„Национални шуми“- Шумско стопанство „Галичица“ – Охрид, во текот на 2023 година не извршил надзор и контрола во сметководствената документација помеѓу извештајот за извршен превоз и направени трошоци за возила, како и врз евиденцијата …
Continue Reading
Ковачевски во Неготино: Владата секогаш ќе биде поткрепа и поддршка на најранливите категории граѓани
„Обезбедувањето пристап до социјалните станови е камен-темелник на нашата посветеност. Владата која ја предводам изминативе години, со доделувањето на социјални станови на ранливите категории граѓани, создаде услови, секој без разлика на околностите, да има сигурност и достоинствено место за живеење, да има свој дом“, истакна премиерот Димитар Ковачевски денеска на доделувањето на социјални станови за 45 семејства од Неготино. „Градењето …
Continue Reading
Собранието го избра новиот состав на ДКСК и ја почна расправата за предлог-буџетот за 2024 година
Собранието на Република Северна Македонија на првиот ден од 135. седница, го избра новиот состав на Државната комисија за спречување на корупцијата и на судирот на интереси (ДКСК). Со 97 гласа „за“, присутните пратеници едногласно ја донесоа Одлуката за избор на претседател и членови на Државната комисија за спречување на корупцијата, според која претседател на оваа Комисија ќе биде Татјана …
Continue Reading
Шалтерите за издавање готови документи во МРТВ и Беко ќе работат и во сабота
Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека во сабота ќе работат шалтерите за издавање на готови документи во објектите во МРТВ (од 08 до 20 часот) и Беко (од 08 до 16 часот). Граѓаните кои сакаат да направат промена на личните документи во овој пункт, тоа можат да го направат без претходно закажување.
Continue Reading
Битиќи: Конкурентноста и иновациите играат клучна улога за просперитетот на државата
Неодамна објавените демографски проекции за движењето на населението во наредните 50 години од страна на Државниот завод за статистика укажуваат на тренд на намалување на населението и негово интензивно стареење, состојба на која доколку веднаш не пристапиме институционално и стратешки да ја менуваме, тешко ќе можеме да очекуваме нејзино позитивно корегирање. Конкурентноста и иновациите играат клучна улога во давањето на …
Continue Reading
Поскапуваат горивата, нови цени од полноќ
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,50% во однос на одлуката од 18.12.2023 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај …
Continue Reading
Клоп: УЕФА сфати дека не може да прави што сака
Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп го коментираше проектот наречен европска Суперлигата. Го поддржа клубот кој соопшти дека нема намера да биде учесник во ова натпреварување. „Вчерашната пресуда на Европскиот суд на правдата не ја менува претходната позиција на Ливерпул за предложената европска Суперлига. Не планираме да бидеме вклучени. Ќе продолжиме да работиме со други клубови преку EЦA (Европска клупска асоцијација) …
Continue Reading
МВР: ВМРО-ДПМНЕ да престане да шири лаги со цел да ја дискредитира полицијата
Министерството за внатрешни работи апелира до ВМРО-ДПМНЕ да престане да пласира лаги, чија цел е дискредитирање на полицијата. „На денешната прес-конференција преку лицето Наум Стоилковски беа пласирани лаги за наводна поврзаност на МВР со бегство на лицето Наим Самиу, иако и Стоилковски би требало да знае дека надлежен за определување мерка притвор е единствено – судот. Значи, наместо да шири …
Continue Reading