„Каде се 50 милиони евра годишно од еколошката такса на Заев“, прашува партијата Левица
„Граѓаните повторно ја дочекаа зимата обвиени во токсичен воздух, а Скопје достигна и во топ 10 градови кои се најзагадени во светот. Владата на СДС во два мандати покажа тотална неспособност да се справи со овој горлив проблем, кој чини неколку илјади животи годишно!“, велат од партијата Левица. „Иако, СДС ветуваше дека до 2024 година нема да постои ниту една …
Continue Reading
Во ноември: Годишен раст од 7,2% на вкупните депозити и од 5,2% на вкупната кредитна поддршка
Анализирано на годишно ниво, вкупните депозити се зголемени за 7,2% како резултат на растот на депозитите на двата сектора, со поизразен придонес на секторот домаќинства. На годишна основа, вкупните кредити бележат раст од 5,2%, којшто се должи на зголеменото кредитирање на двата сектора, со поголем придонес на секторот домаќинства. Најновото соопштение за монетарните движења е достапно на линкот
Continue Reading
Орбан: 50 милијарди евра за Украина, лоша одлука
Унгарија смета дека парите на ЕУ за Украина не треба да се земаат од буџетот на ЕУ и дека треба да се постави „разумен“ временски рок за секое финансирање на Украина, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан. „Убеден сум дека давање на Украина 50 милијарди евра од буџетот на ЕУ во текот на пет години е лоша одлука“, рече Орбан на …
Continue Reading
УЕФА: Ги усогласивме правилата со европските закони
Во Нион, каде се наоќа куќата на Европската фудбалска унија (УЕФА) нема загриженост од одлуката на Европскиот суд на правдата, која претпладнево пресуди во корист на Суперлигата. Во УЕФА се уверени дека нивните нови правила се во согласност со европското право. Прописите со кои им се забранува на клубовите да основаат и да учествуваат во Супер лигата се прогласени за …
Continue Reading
Ослободителна пресуда за обвинетите во случајот Ласкарци побара одбраната
Ослободителна пресуда за обвинетите за второобвинетиот Ремзи Мифтари и третообвинетиот Игор Ѓорѓиевски во случајот „Ласкарци“ побара одбраната во завршните зборови во Кривичниот суд во Скопје. Според адвокатката Сузана Абдурахими, бранителка на второобинетиот Ремзи Мифтари, одговорен за транспорт во фирмата „Дурмо Турс“ ниту еден доказ не докажал дека се исполнува обвиението што му се става на товар на обвинетиот. Второобвинетиот според …
Continue Reading
(Видео) Стоилковски: На минусни температури граѓаните се туркаат пред импровизиран пункт за лични документи, наместо ред Спасовски продуцира неред
Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски вели дека наместо ред Оливер Спасовски како на чело на МВР, продуцира неред. Повеќе од еден месец, според него, МВР не е во состојба да издаде лични документи за македонските граѓани, а тие да се чувствуваат достоинствено. „Неспособноста на Оливер Спасовски ги остави луѓето надвор на минусни температури и на загаден воздух, да чекаат и …
Continue Reading
Герасимовски: Градинката Корчагин доби целосна реконструкција на кровот и внатрешноста на градинката
Објектот Пинокио, клон на детската градинка „Раде Јовчевски Корчагин“ доби комплетно реконструиран кров, надворешни тераси и внатрешноста на целиот објект. Во внатрешниот дел на објектот се реновирани занималните и ходниците, реконструиран е дел од ентериерот, извршена е замена на внатрешната столарија, прозорците и паркетот, тоалет на горниот кат, а направена е и целосна замена на електричната инсталација како и реконструкција …
Continue Reading
(Видео) Јаневска: Потценувачки е односот на власта која дава 1.200 денари месечно за учениците, со што не може да се плати ниту месечната ужинка
Според Весна Јаневска, претседател на Комисија за образование и наука на ВМРО-ДПМНЕ, Владата на ДУИ и СДС ги претвори училиштата во социјални служби. Оценува дека тие наместо да се бават со својата основна дејност, воспитување и образование на ученици, се бават со социјална работа. Ова, според неа, е уште еден од катастрофалните ефекти на оваа Влада која со т.н. помош …
Continue Reading
Ѓорѓиевски во новата сензорна соба во ООУ “Кирил Пејчиновиќ”: битен ресурс за унапредување на образовниот процес за децата со попреченост
Трамболина, лејзи бег фотелја, сензорна лулашка, панелна плоча за вежбање на моторика, голем број на реквизити за стимулирање на различни сетила кај децата со попреченост, се само дел од содржините со кои е опремена новоотворената сензорна соба во ООУ “Кирил Пејчиновиќ”. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски разговараше со дефектологот кој работи во оваа сензорна соба со дваесетте ученици со попреченост кои посетуваат …
Continue Reading