Грција и Турција подготвени темелно да ги обноват односите: „Ајде да разговараме гледајќи ја чашата полуполна“

Атина и Анкара вртат нова страница во односите и потпишаа декларација за билатерална соработка. „Ајде да разговараме гледајќи ја чашата полуполна“ – изјави турскиот претседател Реџеп Ердоган, кој вчера пристигна во грчката престолнина за прв пат по 6 години. Тоа беше долг период на тензии меѓу двата соседа, обележан со спорови околу миграцијата, енергетските проучувања во Егејското море и територијалниот …

Continue Reading

На српски jазик Курти им се заблагодари на сите за вербата во подобро Косово

Косовскиот премиер Аљбин Куртије на српски им се заблагодари на сите за, како што рече, „вербата во подобро Косово“ и посочи дека од почетокот на ноември 3.260 сопственици на автомобили ги замениле регистерските таблички со републичките на Косово, како и бројот на барања за биометриски пасоши годинава е за 30 отсто поголем од лани. „Со оглед на фактот дека над …

Continue Reading

Пендраовски: Свети Климент Охридски остави трајно наследство коешто изобилува со духовност и со мудрост

Претседателот Стево Пендаровски, по повод христијанскиот празник Свети Климент Охридски упати честитка до поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, Господин Господин Стефан, Архиепископ Охридски и Македонски и на Јустинијана Прима и до сите верници од православната вероисповед. „Дозволете ми да Ви упатам искрени честитки по повод големиот христијански празник Св. Климент Охридски и да Ви посакам празникот да …

Continue Reading

(Видео) Експлозии во близина на американската амбасада во Багдад, се огласија сирените

Рано утринава се слушнаа експлозии во близина на американската амбасада во ирачкиот главен град Багдад и се огласија сирените, објави „Ројтерс“, повикувајќи се на добро информиран извор. ⚡️Sirens sounded at the American embassy in the capital, Baghdad pic.twitter.com/xq6L4vfccL — Middle East Observer (@ME_Observer_) December 8, 2023 Портпаролот на амбасадата не одговори веднаш на барањето на Ројтерс за коментар. Не е …

Continue Reading

Ерменија и Азербејџан разменија воени заробеници

Ерменија и Азербејџан денеска разменија воени заробеници, оценувајќи ја како мерка за градење доверба на патот кон нормализација на односите. Азербејџан ослободи 32 ерменски војници во замена за двајца азербејџански војници, се наведува во заедничкото соопштение. Двете земји, исто така, соопштија дека работат на мировен договор, но детали не се познати. На 19 септември, азербејџанската армија со молскавична офанзива ги …

Continue Reading

Русите го уапсија украинскиот агент кој разнесе два воза во Сибир

Руската Федерална служба за безбедност објави дека уапсила маж од белоруска националност обвинет за кревање во воздух два воза во Сибир по наредба на украинската разузнавачка служба, како дел од саботажа против руската инфраструктура, пренесува Ројтерс. Според ФСБ, уапсениот поставил експлозивни направи во два воза, а инструкции добил од друг сонародник кој бил во Литванија и работел за Украина. „Тој …

Continue Reading

Трошел милиони на ескорт дами, дрога, автомобили – синот на Бајден обвинет за затајување данок

Синот на американскиот претседател Џо Бајден, Хантер, се соочува со нови кривични пријави затоа што не платил данок од најмалку 1,4 милиони долари, додека трошел милиони на раскошен начин на живот. Според обвинението поднесено во Окружниот суд во Централна Калифорнија, тој се товари за три кривични дела и шест прекршоци поврзани со даноци. Министерството за правда соопшти дека истрагата е …

Continue Reading

Режисерот Илија Пиперкоски: „Раскажи песно“ ги разоткрива приказните вткаени во ткивото на чалгиските и староградските песни

Во прославата на културното богатство и безвременските традиции, и како дел од активностите за достојно одбележување на празникот Св. Климент Охридски – Патрон на градот Охрид, денес, на 8-ми декември ќе се одржи премиерата на документарниот филм „Охрид, Охрид убав мил“ на режисерот, охриѓанецот, Илија Пиперкоски. – Ми преставува чест што оваа година, програмата ќе заврши со проекција на мојот …

Continue Reading

ВМРО-ДПМНЕ: Поради неказнивоста дојде до трагично двојно убиство

Политички и полициски структури на СДС го охрабруваа Палевски да шири токсична атмосфера и да сее омраза- поради неказнивоста дојде до трагично двојно убиство, велат од ВМРО-ДПМНЕ утрово преку соопштение. „Политички и полициски структури на СДС го штитеа и замижуваа пред поведението на Љупчо Палевски Палчо, затоа што им одговараше. Преку своите поткасти и емисии на интернет портал, ширеше омраза и …

Continue Reading