Османи: ОБСЕ продолжува со мисијата наспроти сите предизвици

Министерот за надворешни работи Бујар Османи го отвори министерскиот совет на ОБСЕ и им посака добредојде на гостите во Скопје, опишувајќи го како град кој претставува крстосница на културите и цивилизациите. Османи на почетокот на обраќањето потсети на скопскиот земјотрес од 1963 година, кога светот се сплоти за обнова на градот во големата катастрофа. Како претставач со ОБСЕ, Османи истакна …

Continue Reading

Русите објавија фотографија: Го уништивме првиот западен тенк Леопард во Украина

Руските сили го уништија првиот тенк Леопард 1А5 од германско производство во Украина, во близина на Купјанск, тврди руското Министерство за одбрана, а пренесува агенцијата Тасс. Министерството објави и фотографија за која тврди дека го прикажува уништувањето на првиот Леопард во Украина. „Командантот на руската борбена група Запад ја пофали успешната акција на единицата вооружена со противтенковски системи на Првата …

Continue Reading

„Жители на Центар загрозени од приватна клиника во објект за домување“, вели партијата Левица

„Во станбената зграда на улицата Димче Мирчев бр. 20 се планира изградба на нова болница, но по цена на здравјето на станарите на зградата“, велат од Левица. „Во склоп на таа болница ќе се постават апарати со високо јонизирачки зраци како рентген апарат и апарат за компјутерска томографија кои со самото свое зрачење имаат негативен ефект врз здравјето на станарите …

Continue Reading

Шпанскиот премиер: Се сомневам дека Израел го почитува меѓународното право во Газа

Шпанскиот премиер Педро Санчез изјави дека се сомнева во усогласеноста на Израел со меѓународното право во Газа. „Поради снимката што ја гледаме и фактот дека се повеќе деца умираат, сериозно се сомневам дека Израел го почитува меѓународното хуманитарно право“, рече Санчез во интервју за шпанската државна телевизија ТВЕ. „Она што го гледаме во Газа е неприфатливо“, додаде тој.

Continue Reading

Велика Британија испраќа еден од најмоќните воени бродови во Заливот: „Тоа е порака до Иран“

Обединетото Кралство испраќа еден од своите најсмртоносните воени бродови во Персискиот Залив за да ги одврати растечките закани за бродовите од Иран и групите поддржани од Иран поради војната на Израел против Хамас. Распоредувањето на HMS Diamond, разурнувач тип 45 способен да пресретнува проектили, доаѓа откако јеменските бунтовници Хути киднапираа товарен брод поврзан со Израел во Црвеното Море минатата недела, …

Continue Reading

Немања Видиќ: Дали и јас треба да одам во затвор за да добијам некоја функција во српскиот фудбал

Познатиот српски фудбалер Немања Видиќ, кој на почетокот на годината поднесе кандидатура за претседател на Фудбалскиот сојуз на Србија (ФСС) и набрзо се откажа од кандидатурата, јавно праша дали прво треба да оди во затвор за потоа да може да обавува некоја функција во српскиот фудбал. „А како тоа Драган Џајиќ, кој беше во затвор и призна дека се занимавал …

Continue Reading

Ковачевски нема да има средба со Лавров: Ова апсолутно не е никаква дипломатска победа на Русија, ова е победа на ОБСЕ

Пред почетокот на денешниот 30. Министерски состанок на ОБСЕ премиерот Димитар Ковачевски го оправда откажаното присуство на министрите од Украина, Литванија, Естонија и Летонија, а подоцна и Полска откако рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров доби дозвола за прелет и го потврди присуството во Скопје. Премиерот Ковачевски смета дека Русија не извојувала дипломатска победа. „Ова апсолутно не е никаква …

Continue Reading

Русија му се заблагодари на Хамас

Министерството за надворешни работи на Русија изрази благодарност до Хамас по вчерашното ослободување на двајцата киднапирани руски државјани кои беа држени во Газа. Властите велат дека заложниците не биле ослободени како дел од размената меѓу Израел и Хамас, туку како резултат на договор меѓу Русија и милитантната група. „Нашите сонародници беа ослободени на 29 ноември во согласност со договорот што …

Continue Reading

Платформата на граѓански организации за борба против корупција: Остра осуда за партизацијата при изборот на нови членови на ДКСК

Платформата на граѓански организации за борба против корупција остро ги осудува „партизацијата и изигрувањето на процесот на избор на нови членови на Државната комисија за спречување на корупцијата“. Платформата целосно ја поддржува Снежана Камиловска Трповска, која како член на Комисијата за селекција за избор на претседател и членови на Државната комисија за спречување на корупцијата, изрази издвоено мислење од Комисијата …

Continue Reading