78-годишен маж загина во пожар во својот дом во Тетово

Седумдесет и осумгодишен маж со иницијали М.Р., загина денес во пожар во домот во тетовското село Рогле. Со интервенција на тетовските пожарникари пожарот бил целосно изгаснат, објави МВР. На местото увид извршиле јавен обвинител и екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово. Се работи на расчистување на случајот.

Continue Reading

Прегазен пешак на паркинг во Скопје

Синоќа околу 20 часот на паркинг простор на улицата Васко Карангелевски во Скопје, патничко возило „цитроен ц2“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.Н.(44) од Скопје, удрило во пешакот Л.Ј.(63) од Скопје. Во несреќата Л.Ј. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, велат од МВР.

Continue Reading

Блинкен во Скопје: САД ќе ја поддржуваат Северна Македонија во нејзините следни чекори за членството во ЕУ

Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски попладнево во Скопје се сретна со американскиот државен секретар Антони Блинкен. На средбата, Ковачевски и Блинкен уште еднаш ги истакнаа одличните односи меѓу двете земји и разговараа за поддршката која САД ја даваат во континуитет на Северна Македонија на патот кон членството во Европската унија и спроведувањето на потребните реформи. На средбата, премиерот Ковачевски оцени …

Continue Reading

Интерпол ја бара исчезната Вања

На барање на Министерството за внатрешни работи распишана е меѓународна потерница за ичезнатата Вања Ѓорчевска од страна на Интерпол. Од МВР информираа дека за решавање на случајот и пронаоѓање на 14-годишното девојче е постапено веднаш по добиената пријава, вклучени се целосните капацитети на СВР Скопје на највисоко ниво, извршени се низа разговори со лица блиски на малолетничката, прегледани се камери. …

Continue Reading

Маж со нож упаднал во казино во Ново Лисиче и им се заканувал на вработените

Полицијата го приведе К.Ж.(27) од Скопје, затоа што претходно денес во казино во населба Ново Лисиче со остар предмет се заканувал на вработените. „Кај него бил пронајден и одземен предметот, а тој бил задржан во полициска станица“, велат од МВР. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

Continue Reading

МВР: Не е вистина дека Вања е најдена во соседна држава

Министерството за внатрешни работи ги демантира дезинформациите објавени на „Курир“ дека 14-годишната В.Ѓ., за која на 27 овој месец беше пријавено дека исчезнала, наводно е пронајдена во соседна држава. Од МВР преку допис до медиумите велат дека станува збор за комплетно лажна вест во која непознатиот автор се повикува на наводни „извори од истрагата“, а притоа со Одделот за односи …

Continue Reading

Левица: Со карти на Голема Албанија во основно училиште во Струга се навредуваат Македонците

Скандалозни фотографии со иредентистичка содржина се објавени на страната на ООУ ,,Браќа Миладиновци”. На слики од Голема Албанија се фотографираат наставниците покрај децата, што претставува отворен сепарационизам и понижување на македонскиот народ, велат од политичката партија Левица. „Од фотографиите кои ги доби Левица, евидентно е дека ваквите скандалозни слики стојат со години во училниците. Во ова основно училиште, ВД директор …

Continue Reading

Скопје преплавено со фотографиите на Вања, исчезна во најфреквентниот дел: за неа јавија и балканските медиуми

Во Македонија продолжува потрагата по 14-годишната Вања Ѓорчевска, која исчезна во Скопје на пат кон училиштето. Оттогаш таа е изгубена, а полицијата неуморно трага по девојчето. Градот е преплавен со нејзини фотографии, а за исчезнатата Вања јавија и балканските медиуми. Според описот на полицијата, Вања е висока 175 сантиметри и тешка 58 килограми. Има темнокафеава коса, кафеави очи, носи фиксни …

Continue Reading

МВР е подготвено за безбедно одржување на Самитот на ОБСЕ

Mинистерот за внатрешни работи Оливер Спасовски го посети Штабот во рамки на Оперативната акција „ОБСЕ 2023”, со цел организирање, раководење и координирање на мерките и активностите за безбедно и непречено одржување на 30. Министерски Совет на ОБСЕ во Скопје, во текот на следните два дена, а на кој присуствуваат 74 високи странски делегации. Началникот на Одделот за заштита на определени …

Continue Reading