Меџити: Досега направени три трансплантации на црн дроб, Европската комисија нотираше напредок во овој сегмент

Министерството за здравство информира дека пред една година првпат се изведе трансплантација на црн дроб во Северна Македонија, со што македонското јавно здравство се вброи меѓу врвните здравствени системи што изведуваат вакви процедури. За овој краток период се направени три трансплантации кај тројца пациенти и сите се во добра здравствена состојба. Министерот за здравство, Фатмир Меџити се заблагодарува до сите …

Continue Reading

Владата му даде овластувања на МНР да одлучи дали ќе дозволи слетување на Лавров во Скопје

На денешната Владина седница, Владата донесе дополнување на Одлуката за воведување рестриктивни мерки во поглед на активностите на Руската Федерација со која се ограничува пристапот на воздухопловот на Руската Федерација, а согласно со Регулативата на Советот на ЕУ од Заедничката надворешна и безбедносна политика на Унијата, со која Република Северна Македонија е целосно или 100% усогласена, информираат од МНР. Преку …

Continue Reading

Во квалификациите за СП во 2026 Македонија може да биде во група со Хрватска, Србија и Косово

Foto/ EPA Квалификациите за пласман на Светското првенство во 2026 година ќе се играат од март до ноември 2025 година. Прв пат на Мундијалот во Канада, САД и Мексико ќе учествуваа 48 репрезентации. Поради тоа во европската зона ќе биде малку сменет системот на квалификации. Како што сега стојат работите, репрезентацијата на Македонија на ждрепката ќе биде во третиот шешир. …

Continue Reading

(Видео) Лефков: ВМРО-ДПМНЕ ќе се откаже од техничка влада, само ДУИ – дувлото на криминалот да нема технички премиер

ВМРО-ДПМНЕ, како најодговорна политичка партија кон граѓаните и државата е спремна да се откаже од техничка влада, само ДУИ – дувлото на криминалот да нема технички премиер. ДУИ со месеци е во епицентарот на сите криминални скандали кои ја тресат Македонија, партија во која не остана неискомпромитиран и не криминализиран кадар не може да го даде техничкиот премиер на државата, …

Continue Reading

Герасимовски: Наградата „Феникс“ е мотив за нови успеси на центарци

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски денеска ја додели највисоката општинска награда „Феникс“ за особени постигнувања во стопанството, уметноста, воспитувањето и образованието, спортот и повеќе области од трудот и творештвото. Честитајќи им на наградените, Герасимовски рече дека општината ќе продолжи да ги мотивира и вреднува успесите на своите граѓани кои со своите постигнувања ја промовираат општината во државата и во …

Continue Reading

Малолетник тешко повреден кога во него удрило возило во струмичко

Вчера во СВР Струмица било пријавено дека во 16.20 часот на магистрален пат Струмица – Ново Село, во с.Дабиле, струмичко, патничко возило „опел астра“ со струмички регистарски ознаки, управувано од М.Д. (35) од с.Моноспитово, струмичко, удрило во малолетен пешак од с.Дабиле. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Општа болница Струмица. Увид на местото на несреќата …

Continue Reading

Тренчевска за протестите: Да бидеме реални, платите некаде се зголемени и за 100 отсто

Министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска кажа дека протести на улица може да се видат во земја каде што владее демократијата, за разлика од порано кога никој не смееше да протестира, одговарајќи на новинарско прашање за протестите на УПОЗ. „Легитимно е да се протестира, меѓутоа е легитимно и да се информира јавноста, дека е потпишан новиот општ колективен …

Continue Reading

Судските административци до пратениците: Надминете се и изгласајте буџет со повисоки плати

Пратениците да се надминат себе си и да изгласаат буџет кој ќе гарантира зголемување на платите. Ваква порака упатија денес на протест пред Собранието, вработените од судската и јавнообвинителската служба, Фондот за здравство, како и од Канцеларијата на Народниот правобранител. Протестот е во организација на Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани (УПОЗ). Говорниците на протестот …

Continue Reading

Возило излетало од патот Ресен-Охрид, тешко повредена жена

Вчера во 07.40 часот во ОВР Ресен било пријавено дека на магистралниот пат Ресен – Охрид, кај с.Лева Река, ресенско, патничко возило марка „форд“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.М.(32) од с.Велмеј, охридско, излетало од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила С.М., констатирани во специјална Болница „Св.Еразмо“ во Охрид. Увид извршила увидна екипа на ОВР Ресен.

Continue Reading