Хамас ослободи 12 тајландски заложници кои не се дел од договорот за прекин на огнот, вели премиерот на Тајланд
Тајландскиот премиер Срета Тависин изјави дека 12 тајландски државјани кои ги држел Хамас се ослободени. Тој на платформата Х рече дека службениците на амбасадата биле „на пат да ги земат“, но не прецизираше каде се заложниците. Немаше коментар од Хамас. Ослободувањето на тајландските државјани не е дел од договорот меѓу Израел и Хамас постигнат со посредство на Катар. Ослободувањето на …
Continue Reading
Милан побара специјална дозвола за 15-годишното момче, ако дебитира ќе влезе во историјата на Серија А
Во сабота од 20:45 часот Милан и Фиорентина го играат натпреварот од 13. коло во Серија А. Милан во првиот тим на тој натпревар го додаде Франческо Камарда (15). Станува збор за напаѓач од јуниорскиот тим на Милан, кој ќе биде резервна опција за тренерот Стефано Пиоли поради проблемите со повредите на Рафаел Леао и Ноа Окафор, додека Оливие Жиру …
Continue Reading
„Политиката на подаништво ја вовлекува државата во војна“, велат од партијата Левица
„Целосната зависност на надворешната и безбедносната политика на Македонија го потврди новиот акт на подаништво кој деновиве го соопшти Министерката Славјанка за обучување на украински војници во нашата држава. Анти-народната Влада на СДС и ДУИ, овозможила обука на украински војници во Македонија, со што уште еднаш директно ја вовлекуваат државата во конфротација со земја членка на Советот за безбедност“, велат …
Continue Reading
Нема намалување на каматите на кредитите кај нас, НБРМ не гледа масовен тренд за намалување кај водечките централни банки
Народната банка на Македонија засега нема да го следи трендот на централните банки во светот, кои од почетокот на минатиот месец првпат од јануари 2021 година почнаа да ги намалуваат каматните стапки. Намалувањето е регистрирано во последниот извештај на Дојче банк, кој укажува дека по 18 месеци немилосрдно зголемување на каматите, сега поголем е бројот на банки што ги намалуваат …
Continue Reading
13 заложници од Газа сега со Црвениот крст, изјави израелски претставник
Првата група израелски заложници сега се во рацете на персоналот на Меѓународниот комитет за Црвен крст и се во амбулантни возила на излез од Газа преку преминот Рафах, изјави израелски претставник. Ослободувањето на 13-те заложници е првата од четирите очекувани фази. Хамас се согласи да ослободи околу 50 заложници во текот на четирите дена од примирјето со Израел, сите деца, …
Continue Reading
На повеќе локации во Битола се вршат претреси и се приведуваат осомничени
Денеска од раните утрински часови под раководство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Битола, Управата за финансиска полиција со асистенција на единиците од Министерството за внатрешни работи на повеќе локации во Битола извршува претреси и се приведуваат осомничени лица. Како што соопшти Управата за финансиска полиција, акцијата е резултат на повеќемесечна предистражна постапка, за кривични дела против јавните финансии, …
Continue Reading
Во живо од преминот Рафах каде што заложниците треба да пристигнат наскоро
Во живо на Ројтерс се снимаат сцените во близина на преминот Рафах каде што заложниците се планира да пристигнат наскоро. LIVE: Rafah crossing as Israel and Hamas agree to ceasefire https://t.co/Tnm8neezgm — Reuters (@Reuters) November 24, 2023
Continue Reading
Истражна постапка против 23 лица осомничени за трговија со дрога и оружје
По повеќемесечна предистражна постапка, денеска под координација на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција е спроведена полициска акција во охридско – струшкиот регион. Со акцијата е сузбиена повеќечлена криминална група чии членови, со цел противправно стекнување на имотна корист, подолг временски период се занимавале со неовластено набавување и продажба на наркотична дрога и …
Continue Reading
(Видео) Сузбиенa организирана криминална група инволвирана во недозволена трговија со дрога и оружје
Денеска Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во координација со Одделот за криминалистичка полиција, Одделот за специјални полициски операции и ОВР Струга, под раководство на надлежен Јавен обвинител од Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, по повеќемесечно криминалистичко истражување, спроведе координирана полициска акција, во којa беше сузбиена повеќечлена организирана криминална група составена од лица …
Continue Reading