Ангеловска-Бежоска на започнувањето на втората фаза од проектот со ИНФЕ-ОЕЦД и МФ на Холандија: Преку финансиска едукација до ползување на придобивките од финтек-секторот

Гувернерката Ангеловска-Бежоска, на покана на министерката за финансии на Холандија и ОЕЦД, учествуваше на настан посветен на финансиската едукација. Средбата истовремено го означи и почетокот на втората фаза на проектот финансиран од холандското министерство за финансии и ИНФЕ-ОЕЦД, насочен кон поддршка на финансиската писменост и инклузија во регионот на ЦЈЕ. Средбата ја отвори потпретседателката на Владата на Холандија и министерка …

Continue Reading

Охриѓанец си ја претепал сопругата

42-годишен охриѓанец ја претепал неговата сопруга. Според полицијата синоќа во 22.10 часот, во СВР Охрид лишен од слобода е М.С.(42) од Охрид, кој, претходно, во семејниот дом, физички ја нападнал неговата сопруга. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштија надлежните.

Continue Reading

Ковачевски го најави пакетот антикризни мерки до крајот на неделава, Тренчевска за во вторник

Вчера премиерот Димитар Ковачевски по посетата на компанијата „Вабтек МЗТ АД Скопје“, одговарајќи на новинарско прашање зошто се уште го нема новиот пакет на мерки за помош на граѓаните, рече дека неделата се уште не е завршена. Денеска, министерката за труд и социјална политика, Јована Тренчевска најави дека во вторник на седница на Влада ќе биде на ред пакетот за …

Continue Reading

Директорката на училиштето каде учениците снимаа орален секс во училница: Состојбата е деликатна, инспекцијата ќе пристигне денеска

Катарина Шќепановиќ од Форумот на белградски гимназии и Дарко Егера, претседател на активни директори на училишта во Нов Белград, во „Јутро на Блиц“ посочуваат дека насилната клима меѓу децата е присутна подолго време, но дека дури неодамна стана видлива. За „Блиц ТВ“ зборуваше и директорката на училиштето во Сурдулица која откри детали за скандал каков што овој град досега не …

Continue Reading

Ди Канио: Влаховиќ нема фудбалска интелигенција

Поранешниот фудбалер на Јувентус, Паоло Ди Канио, пред дербито со Интер зборуваше за италијанскиот весник „Тутоспорт“ во кој меѓу другото го критикуваше и Душан Влаховиќ. Дербито кое барем привремено ќе ја реши лидерската позиција во италијанскиот шампионат се игра во недела од 20:45 часот, а сите погледи се вперени во Масимилијано Алегри и неговиот тим. „Не можеме да кажеме дека …

Continue Reading

Дете нападнато од група соученици на излегување од училиште во Тетово

Четириесет и тригодишниот Б.С. од тетовско Камењане, вчера во 20 часот и 30 минути тетовската полиција пријавил дека на 21-ви овој месец на излегување од училиште, неговиот малолетен син физички бил нападнат од неколку други малолетници. Според пријавеното, едниот од напаѓачите во раката имал и остар предмет, велат од СВР Тетово. Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.

Continue Reading

Насилство во Тетово: маж ја нападнал 19-годишната сопруга и се обидел сексуално да ја злоставува нејзината малолетна сестра

Синоќа околу 22 часот, полицијата го приведе 23-годишниот тетовец С.Д., кој претходно бил пријавен од неговата 19-годишна сопруга дека физички ја нападнал и дека минатиот месец се обидел да изврши полов напад врз нејзината малолетна сестра. С.Д. е задржан во Полициската станица Тетово и по целосно расчистување и документирање на случајот ќе му бидат изготвени законски предвидените поднесоци.

Continue Reading

Грковска: Криминалците се жилави во изигрување на законот и мора да работиме на минимизирање на просторот за маневри

„Криминалците се жилави во изигрување на законот и мора да работиме на минимизирање на просторот за маневри кога станува збор за избегнување на одговорност и зачувување на криминално стекнатиот имот“, истакна заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, на јавната расправа за предлог Законот за конфискација на имот во граѓанска постапка, која денеска се …

Continue Reading

Гостиварчанка нападната од партнерот во нејзиниот дом

Ноќеска четириесетина минути по полноќ, полицијата го приведе 51-годишниот гостиварец Б.А.. Претходно, тој бил пријавен од неговата 36-годишна вонбрачна партнерка дека во нејзиниот дом во Гостивар физички ја нападнал. Задржан е во Полициската станица Гостивар и по документирање на случајот против него ќе следува поднесок.

Continue Reading