Орки потонале јахта кај брегот на Мароко: 45 минути брутално го напаѓале бродот, екипажот едвај се спасил

Орките повторно нападнале луѓе на отворено море. Овој пат, група китови убијци потопиле полска јахта во близина на брегот на Мароко, се вели во објавата на Фејсбук на туристичка компанија. Инцидентот се случил на 31 октомври откако група орки ја нападнале јахтата, по име „Граци Мама II“, додека минувале низ Гибралтарскиот Проток, објави Инсајдер. Orcas sink Polish yacht after 45-minute …

Continue Reading

Eксперти: „Европа се соочува со нов бран на џихадистички тероризам, може да биде и полошо“

Германски експерт за тероризам предупредува дека ситуацијата во Европа може да стане подраматична поради војната на Блискиот Исток. Нападот на божиќниот пазар во Берлин, Батаклан во Париз, шеталиштето во Ница – страшните терористички напади во 2015 и 2016 година однесоа животи на стотици невини луѓе во Европа. Германски експерт за тероризам сега предупредува дека работите би можеле да станат многу …

Continue Reading

(Видео) Македонец возел во спротивна насока на автопатот Белград-Ниш, го пресретна српската полиција

Припадници на српската Управа на сообраќајната полиција синоќа пресретнаа возач кој се движел во спротивна насока кај Грочка, на автопатот Белград-Ниш. Никој не е повреден, а против возачот е поднесена прекршочна пријава, објавуваат српските медиуми. Српското МВР на својот официјален Инстаграм профил сподели видео од запирањето на возачот. View this post on Instagram A post shared by МУП Републике Србије …

Continue Reading

Балаш Орбан: Унгарија ќе го блокира пристапот на Украина во ЕУ додека не се смени законот за јазиците

Балаш Орбан, политичкиот советник на унгарскиот премиер, изјави дека Унгарија ќе го блокира пристапот на Украина во ЕУ додека Киев не го промени неодамна воведениот закон за јазиците, кој, како што рече, ги крши правата на унгарското малцинство. Европската комисија (ЕК) утре ќе претстави позитивен извештај за реформите во Украина, Молдавија и шесте балкански земји кои сакаат да станат членки …

Continue Reading

Руни: Се oпивав до бесвест

Вејн Руни, легендата на Манчестер jунајтед, во текот на кариерата имаl проблеми со алкохолот. Менаџерот на Бирмингем во подкастот на рагби легендата Роб Барлоу призна дека предмногу години спасот го барал во алкохолот и дека му требало долго време да побара помош. „Имав многу различни предизвици, на теренот и надвор од него, а излезот го барав во алкохолот. Во раните …

Continue Reading

Мицкоски: Владата го искористи и Самитот на ОБСЕ за криминал

Владата го искористи и Самитот на ОБСЕ за криминал, смета опозицискиот лидер Христијан Мицкоски. „Па, и од еден ваков настан кој што би требало да значи можност еве странски високи дипломати да ги видат убавините на Македонија и главниот град, тие успеаја да отворат сомнеж за криминал со цените кои што ги прикажуваат тие. Дури не можат да им конкурираат …

Continue Reading

Битиќи-Недера: разговарано за Националната развојна стратегија

Заменикот на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи оствари средба со директорката на Регионалната канцеларија на УНДП во Истанбул, Стелиана Недера, придружена од постојаниот претставник на УНДП во нашата земја, Армен Григоријан. Во нејзината прва посета на Северна Македонија, Недера се запозна со заедничките активности кои Владата …

Continue Reading

Пенов: Многу локални проекти се реализираат со средства од ИПА инструментот на ЕУ, важно е општините да градат капацитети за нивно целосно искористување

Во реализацијата на проектите за развој на општините значајна е поддршката од Европската Унија, преку експертиза, но и со конкретна финансиска поддршка, а вие локалните власти од земјите членки на Унијата, најдобро ги разбирате нашите напори за унапредување на системот на локалната самоуправа и интегрирање на стандардите на ЕУ за рамномерен и одржлив социо-економски развој, рече министерот за локална самоуправа …

Continue Reading

„Танец“ со концерт во чест на Васка Илиева

Одложениот концерт на „Танец“ во чест на Васка Илиева, ќе се одржи овој четврток, на 9 ноември, во 20 часот, до Домот на АРМ. Васка Илиева (1923 – 2001) е доајенка на македонската народна песна и една од најпознатите македонски изведувачки на народна музика. Оваа знаменита Скопјанка, својата музичка кариера ја започнува во 1950 година, токму во Државниот ансамбл за …

Continue Reading