Ковачевски-Прескeр: Македонија и натаму може да смета на силна и отворена поддршка од Словенија на патот кон членството во ЕУ

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, се сретна со новоименуваниот амбасадор на Република Словенија во Северна Македонија, Грегор Прескер, на кого му посака успех во неговиот нов професионален ангажман и желба за активeн придонес во натамошното зближување на двете земји и народи. На средбата беше оценето дека Северна Македонија и Словенија имаат одлични пријателски односи и соработка …

Continue Reading

Македонија ЃП го елиминира Вардар, Работнички подобра од Шкендија, Струга испадна од Воска

Бранителот на титулата во Купот на Македонија, екипата на Македонија ЃП преку Вардар избори пласман во четвртфиналето. Во второто дерби Работнички ја елиминираше Шкендија. Натпреварите во Купот, во осминафиналето, ги заврши минатосезонскиот финалист Струга ТЛ. Стружани на пенали беа елинимирани од Воска. Работнички до предност дојде со голот на Стојановски деветта минута, но до крајот на првиот дел Шкендија направи …

Continue Reading

Во автобус на ЈСП едно лице истепано од неколкумина

Вчера во 19.20 часот во СВР Скопје Л.Г.(64) од Скопје пријавила дека на 21.10.2023 околу 01.00 часот во автобус на ЈСП на подрачјето на Хиподром нејзиниот внук бил физички нападнат од неколку лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Continue Reading

Приведен криумчар на мигранти, пронајдени пет лица од Сирија

Oколу 13 часот полициски службеници од РЦГР Југ- ПС за граничен премин и граничен надзор Богородица го лишија од слобода Е.Р. (21) од Скопје поради сторено кривично дело криумчарење на мигранти. Возило „ауди“, управувано од Е.Р. било запрено во близина на Смоквица, при што во возилото се затекнати пет лица мигранти од Сирија. Известен е јавен обвинител од ОЈО за …

Continue Reading
Приведен крадец во Кичево, вршел тешки кражби во станови и куќи

Во дом во Ѓорче Петров пронајдено починато лице

Вчера во 14.55 часот во СВР Скопје било пријавено дека во домот на подрачјето на Ѓорче Петров бил пронајден починат М.Т.(53) од Скопје. Од страна на лекар од Итна медицинска помош констатирана била смрт. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено за обдукција.

Continue Reading

Костадиновска-Стојчевска: Го зацврстуваме македонскиот идентитет преку изучување на македонскиот јазик на Универзитетскиот колеџ во Лондон

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска денеска ја посети Школата за словенски и источноевропски студии (UCL SSEES) при Универзитетскиот колеџ во Лондон каде што, меѓу другите јазици, се изучува и македонскиот јазик. Костадиновска-Стојчевска се сретна со директорот на оваа реномирана лондонска образовна установа, Ричард Мул, и изрази задоволство од досегашните односи меѓу Република Северна Македонија и Обединетото Кралство кои се традиционално …

Continue Reading

Отворен Дневен центар за лица со попреченост во Чашка, ќе има 12 корисници

Официјално почна со работа Дневниот центар за лица со попреченост во Општина Чашка. Тој треба да обезбеди поддршка за 12 лица со попреченост од територијата на општината. Новиот Дневен центар официјално го пуштија во употреба министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, заедно со градоначалникот на Општина Чашка, Горан Стојановски и пратеникот Мухамед Кадриов. Министерството за труд и социјална …

Continue Reading

Осимен ќе отсуствува подолго од планираното

Фудбалерот на Наполи, Виктор Осимен ќе отсуствува од терените најмалку уште еден месец поради повреда на тетивата, објавија денеска италијанските медиуми. Осимен заработи повреда играјќи за Нигерија на пријателскиот натпревар против Саудиска Арабија на 13 октомври, поради што мораше да ги пропушти натпреварите против Верона и Унион Берлин. Како што пренесува „Тутомеркато“, 24-годишниот напаѓач ќе биде подложен на нови прегледи …

Continue Reading

Маричиќ-Копман: ЕУ е подготвена да ги забрза преговорите, домашните задачи клучни за напредок

Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ во рамки на работната посета на Брисел оствари важна и продуктивна средба со директорот на Генералниот директорат за соседска политика и преговори за проширување при Европската комисија (ГД НЕАР), Герт Јан Копман. Фокус на разговорот со Копман биле односите кои Северна Македонија ги има со ЕУ, поддршката од државите членки за да продолжиме со …

Continue Reading