Положено свежо цвеќе пред споменикот на Васил Стојанов-Аџиларски

По повод одбележувањето на денот на македонската револуционерна борба 23-ти Октомври беше положено свежо цвеќе пред споменикот на војводата Васил Стојанов-Аџаларски, во населено место Миладиновци. Свежо цвеќе пред споменикот на Аџиларски положи делегација од општина Илинден предводена од градоначалникот Александар Георгиевски, претставници на општинските јавни установи, сојузот на борци, Здружението на пензионери од Општина Илинден и невладини организации и граѓани. …

Continue Reading

Гвардиола го именуваше својот наследник во Сити

„Марка“, во петокот објави текст во кој на својата публика ѝ го открива можниот наследник на Пеп Гвардиола на клупата на Манчестер сити. Весникот во својот текст се повикува на она што го објави британски „Телеграф“, односно на изјавата на Гвардиола од мај годинава. Тогаш Манчестер сити гостуваше кај Брајтон во натпреварот од 32. коло на Премиер лигата, кој заврши …

Continue Reading

(Видео) Мицкоски: Ковачевски води чудна мачо игра, тој нека одреди ден за средба на работните групи за предвремени избори

Димитар Ковачевски води некоја чудна мачо игра која не ја разбирам навистина. Не знам кој е тој кој што го советува дека сега е моментот да биде мачо и да каже нема предвремени избори, јас кажувам дата. Во ред, еве сѐ нека каже тој. Не сакаше лидерска средба, добро, сакаше работни групи, во ред еве прифаќаме работни групи. Сега ја …

Continue Reading

Македонска музика со пијанистот Дино Имери ќе звучи во Лондон

Македонскиот пијанист Дино Имери, на 25 октомври (среда), ќе настапи во еден од најважните културни центри во светот – Лондон, каде во Кралскиот колеџ за музика (Royal College of Music) ќе одржи концерт со мошне интересна програма. Дино Имери ќе настапи како солист на пијано, но и заедно со хрватскиот повеќенаградуван пијанист Ведран Јањанин. Ќе бидат изведени дела од Густав …

Continue Reading

Левица: Без ниту еден капитален проект, власта продолжува да крати од средствата за капитални инвестиции

Власта најави уште една прераспределба на буџетот, со која ќе се пренаменат средствата од буџетските корисници со намалена реализација на капитални проекти. Претходно беше извршена прераспределба на средства, кои завршија за повисоки плати на јавната администрација, повисоки пензии и за нов пакет на антикризни мерки. Вицепремиерот Фатмир Битиќи го потврди новиот мини ребаланс, без да соопшти за што се потребни …

Continue Reading

(Видео) „Ролинг стоунс“ го претстави својот нов албум во Њујорк

Музика со врвен квалитет и одлична атмосфера завладеа синоќа во ноќниот клуб „Рекет Њујорк Сити“, каде членовите на „Ролинг стоунс“ одржаа приватна забава по повод издавањето на нивниот прв албум по 18 години. „Стоунси“, во својата седма деценија како рокенрол бенд, изведоа неколку песни пред стотици луѓе во клубот на Вест Сајд, Менхетен, за да го одбележат објавувањето на Hackney …

Continue Reading

Петровска: Го реформираме системот за кризен менаџмент кој ќе ги вклучи и доброволните противпожарни друштва

Местото и улогата на доброволните противпожарни друштва и нивниот развој во една силна, стабилна и одржлива мрежа чија цел е да го унапредат системот за кризен менаџмент е темата на која говореше министерката за одбрана Славјанка Петровска на затворањето на конференцијата за развој на мрежа на доброволни противпожарни друштва во Северна Македонија. Министерката Петровска посочи дека пожарникарите – доброволци се …

Continue Reading

Паника во Франција: Осум аеродроми добија извештаи за бомби, во тек е евакуација на три

Во Франција и денеска беа упатени закани за бомби на осум аеродроми, од кои три се евакуираат, јави „ТВ БФМ“. Извештаи за подметнати експлозивни направи во текот на утрото добија аеродромите во Лил-Лекен, Рен, Бове, Тарб, Нант, Безиер, Пау и Брест, од кои во тек е евакуација во Рен, Тарб и Безје. И во претходните два дена, неколку француски аеродроми …

Continue Reading

Гутереш на преминот Рафа: Камионите со помош се разликата меѓу животот и смртта

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш пристигна на граничниот премин Рафах, каде повика камионите со хуманитарна помош да бидат пропуштени во Појасот Газа. „Видов толку многу камиони натоварени со вода, гориво, лекови и храна. Тие се спасот и разликата помеѓу животот и смртта за толку многу луѓе во Газа“, рече Гутереш, пренесе Би-Би-Си. Тој повика на хуманитарно примирје. Палестинското …

Continue Reading