Кабинетот на Макрон: Со партнерите ќе се разговара за суспензијата на визната либерализација за Косово

Прес-службата на францускиот претседател Емануел Макрон за албанската ABC News изјави дека одлуката на Франција за суспендирање на визната либерализација за Косово ќе се разговара со другите европски партнери и дека тоа е последица на „блокадата на Косово“. Макрон побара од лидерите на Косово и Србија да се заложат за продолжување на дијалогот во наредните недели, што според него е …

Continue Reading

Министерството на Косово: Нема официјална одлука за суспензија на визната либерализација

Министерството за надворешни работи на Косово денеска соопшти дека Приштина нема официјална одлука за суспензија на визната либерализација за своите граѓани. Од Министерството посочија дека одлуката за ова ја носи Европската комисија, а не која било земја конкретно. „Во врска со денешната изјава на францускиот претседател Емануел Макрон, која дури се чини дека е погрешно протолкувана, ве известуваме дека институциите …

Continue Reading

Владата ги избриша цените за јадење, oбјави Стоилковски

Владата ги избриша цените за јадење, објави на социјалните мрежи, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски. „Дали по објавувањето на ценовникот, како реакција од денеска министрите јадат бесплатно?“, напиша Стоилковски и објави фотографија. Стоилковски претходно вчера објави дека има смрзнати цени во владините бифеа наместо во продавниците. „Народот се турка за корка леб, а Ковачевски, Груби, Бујар, Спасовски, Стани Цаци си …

Continue Reading

Меџити очекува праведна разрешница за Онкологија: „Веќе се направени промени и се инсталира акцелератор“

Министерот за здравство, Фатмир Меџити на денешната анкетна комисија во Собранието за случајот на Клиниката за радиотерапија и онкологија рече дека веќе се направени кадровски промени во менаџментот. -Верувам дека, кривично правната постапка за овој многу сензитивен случај ќе има брза правична и праведна разрешница. Виновниците треба да се знаат со име и презиме, единствено така ќе може да ја …

Continue Reading

Јаревски до Меџити: Доколку имавте таква ситуација како што е скандалот „Онкологија“ дали ќе поднесевте оставка

„Неприфатливо е да седи министер, кај што Вие седите и да каже јас не сум запознаен со ситуацијата. За жал изминативе денови дури и пред Вас имавме таков случај што иритира особено многу. Дополнително на тоа многу ни значеше да се укаже и значењето на КАТО системот од Вас лично. Отстранувањето на КАТО системот создава предуслови за таков хаос што …

Continue Reading

(Видео) Македонија ја победи Ерменија

Македонската фудбалска репрезентација ја победи Ерменија со 3:0 (1:0), во пријателски натпревар, одигран попладнево во Струмица. Три дена по поразот од Украина во Прага, по кој Македонија остана без шанси за пласман на Европското првенство, избраниците на Благоја Милевски одиграат добар натпревар. Од почетокот го диктираа ритамот, не му дозволија на противникот сериозно да се закани кон голот на Шишоквски, …

Continue Reading

Израелскиот министер до Хамас: „Предадете се или ќе умрете“

Израелскиот министер за одбрана, Јоав Галан и’ постави ултиматум на милитантната група Хамас, која уби над 1.400 Израелци по ненадејниот напад пред 10 дена. „Предадете се или умрете, нема трета опција“, рече тој за време на посетата на јужната израелска воена база. Претходно беше објавено дека е убиен висок командант на Хамас. Ајман Нофал е убиен во израелски воздушен напад …

Continue Reading

Вучиќ: Благодарам Макрон, насилството во Бањска го осудивме неколку пати

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека не сака да ја коментира изјавата на францускиот претседател Емануел Макрон дека земјата го суспендирала процесот за визна либерализација за Косово, што требаше да стапи на сила на 1 јануари. „Не сакам да коментирам. Ова е одлука на една од најголемите европски земји. Му благодарам на Макрон за многу други работи, за пријателството што …

Continue Reading

Макрон: Вучиќ мора да го осуди нападот на Косово

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави во Тирана дека очекува српскиот претседател Александар Вучиќ остро да го осуди неодамнешниот напад на северот на Косово. „Одговорност на претседателот Вучиќ е најостро да ги осуди настаните од 24 септември“, рече Макрон на прес-конференцијата заедно со албанскиот премиер Еди Рама во Тирана, пренесува агенцијата Бета. Тој додаде дека одговорност на Вучиќ е да „придонесе …

Continue Reading