„Герасимовски одобри да се гради кај „Tреска” спротивно на препораката на ДКСК“, велат од Левица

„Иако Јавното обвинителство води истраги за имотот на фабриката Треска во Општина Центар, поради што Антикорупциската комисија се изјасни дека на просторот на Треска не смее да има градежни активности додека траат двете истраги – просторот на бившата фабрика забрзано се расчистува за градење, а веќе е издадено и одобрение за еден од објектите и се работи на ископот“, соопшти …

Continue Reading

Кисела Вода: Граѓаните да аплицираат за субвенции за огревно дрво

Општина Кисела Вода го објави повикот до граѓаните за субвенционирање на дел од трошоците за купување на дрва за огрев. Од денес, па во наредните 5 дена жителите на општината кои набавиле огревно дрво во периодот од 01 април 2023 година, можат да аплицираат за финансиски надомест во износ од 500 денари (со вклучен персонален данок) за секој купен метар …

Continue Reading

„Кафез кај кокони“ на Драмски со три награди на МТФ Денови на комедија во Куманово

Претставата „Кафез кај кокони“ на Драмски театар Скопје доби три награди на 26-от по ред МТФ Денови на комедија Куманово 2023. Жирито во состав Магдалена Ризова Черних претседателка и членовите Драгана Гунин, Кети Пауновска Стевковска, Петар Андоновски и Стефан Јакимовски ги донесе следниве одлуки за награди на Фестивалот: Најдобар актер Александар Степанулески „Кафез кај кокони“ Драмски театар – Скопје; Најдобра …

Continue Reading

Драма во училиште во Франција, каде што наставник беше избоден до смрт: наредена итна евакуација поради закана за бомба

Гимназијата во францускиот град Арас, каде што во петокот беше избоден до смрт професор, е евакуирана поради закана за бомба, јавуваат француските медиуми. Полициската екипа и екипите за експлозиви пристигнале на местото на настанот и се врши вештачење на ранците на учениците, јавува БФМ ТВ. Наставниците и учениците од средното училиште „Гамбета-Карно“ се собраа во дворот на зградата лоцирана спроти …

Continue Reading

Османи сака да го врати Груевски, за да го загрози македонскиот идентитет, велат од Демократскиот сојуз

„Во Македонија, како и во други држави има голем број лица кои располагаат со сензитивни информации чие обелоденување може да има одраз врз безбедноста, одбранбената моќ, внатрешната стабилност, економската состојба итн“, велат од Демократскиот сојуз. „Заради собирање информации од безбедносен, политички или економски карактер, сите држави формираат разузнувачки служби при што ги користат информациите од отворен карактер, но развиваат и …

Continue Reading
Откако извиси за Кепа, Баерн тргна по голманот на Севилја

Имобиле: Не требаше да останам во Лацио

Капитенот на Лацио, Чиро Имобиле, се кае што одбил богата понуда од Саудиска Арабија во летниот преоден рок. Договорот на Имобиле со Лацио трае до јуни 2026 година, но како што стојат работите тој пред време ќе го напушти клубот. „Размислував да заминам, но останав поради Лигата на шампионите и Италија. По веквиот старт на сезоната, особено по критиките што …

Continue Reading

Предложен притвор за осомничени за илегална трговија со дрога во Гевгелија и Делчево​

Основното јавно обвинителство Гевгелија донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот, во временскиот период од јуни до 13 октомври годинава, во дворот од неговата семејна куќа во Гевгелија, засадил семки од растението …

Continue Reading

Вил Смит го прекина молкот за брачната драма

Вил Смит сподели дрска порака игнорирајќи ја објавената „бомба“ од неговата сопруга Џејда Пинкет Смит. Вил јасно даде до знаење дека нема да се меша во драмата откако Џејда откри минатата недела откри дека живеат одвоено од 2016 година и дека не биле маж и жена кога тој му удри шлаканица на Крис Рок на сцената на „Оскарите“ минатата година. …

Continue Reading

Приведени тројца крадци од Битола, одземеното вратено на сопственикот

Вчера, на патот помеѓу селата Могила и Вашарејца, Битолско, полициски службеници од криминалистичката полиција и Полициската станица од општа надлежност при СВР Битола ги лишиле од слобода Д. Ќ. (23), Н. М. (18) и С. М. (22), сите од Битола. Тие се сомничат дека со употреба на сила и погоден алат влегле во објект на правно лице и одзеле повеќе …

Continue Reading