Америка може да влезе во војна во Израел, ако се вмешаат Сирија и Иран, вели пензиониран генерал
САД испраќаат бродови и авиони поблиску до Израел во знак на поддршка, изјави министерот за одбрана Лојд Остин. Тој додаде дека САД ќе обезбедат муниција за Израел, а Пентагон ќе испрати дополнителни борбени авиони во регионот. Коментирајќи ја оваа изјава на министерот за одбрана, пензионираниот американски генерал Бери Мекафри, тврди дека САД ќе интервенираат доколку егзистенцијата на Израел е во …
Continue Reading
„Волстрит журнал“: Иран е вклучен во нападот, тие со месеци работат на план со Хамас
Ирански безбедносни претставници помогнаа во планирањето на саботниот напад на Хамас врз Израел и дадоа зелено светло за нападот на состанокот во Бејрут минатиот понеделник, изјавија високи членови на Хамас и Хезболах, друга милитантна група поддржана од Иран. „Офицерите на корпусот на гардата на Исламската револуција на Иран соработуваат со Хамас од август на планирање воздушни, копнени и поморски напади“, …
Continue Reading
Дибала на 20. дневна пауза
Рома и Жозе Мурињо можат да здивнат, повредата на Пауло Дибала не е сериозна, пренесуваат италијанските медиуми. Аргентинецот го повреди коленото на вчерашната победа на Рома на гостувањето кај Каљари (4:1), а утринските прегледи покажаа дека лигаментите не се оштетени, што е добра вест за тренерот Жозе Мурињо. Се очекува Дибала да паузира околу 20 дена, како и да му …
Continue Reading
Затворен аеродромот во Хамбург поради закани за напад
Аеродромот во Хамбург беше затворен поради закани за напад на авионот од Иран. Федералната полиција ја примила заканата преку е-пошта. На официјалниот профил на аеродромот во Хамбург е објавено известување дека „поради мерките на федералната полиција привремено нема да бидат возможни полетувања и пристигнувања на летови до аеродромот“.
Continue Reading
(Видео) Палестинци маршираа кон операта во Сиднеј и ја гаѓаа затоа што беше осветлена во боите на Израел
Илјадници палестински приврзаници маршираа низ улиците на Сиднеј, Австралија, откако Израел му објави војна на Хамас. На собирот во Сиднеј, организиран од Палестинската акциона група Сиднеј, се бара Австралија да ги прекине врските со Израел и ги повика приврзаниците на „протестирање во знак на солидарност со Палестина“. Демонстрантите маршираа од Градското собрание до операта во Сиднеј, која беше осветлена во …
Continue Reading
Кајли Миног ја продаде куќата во Лондон за 6 милиони фунти
Кајли Миног го продаде својот дом во западен Лондон за повеќе од 6 милиони фунти (10 милиони долари) и оствари профит, пренесуваат британски медиуми. Поп-принцезата, наводно, оствари добивка од 775.000 фунти на имотот со пет спални соби, 12 години откако го купи. Извор за рубриката „Бизар“ на весникот „Сан“ изјави: „Кајли е итра бизнисменка, како и музичка суперѕвезда и, таа …
Continue Reading
АСОМ до пратениците: Кажете „Нe“ на неевропскиот и неуставен Закон за игри на среќа
Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија и Асоцијација на приредувачи на игри на среќа во автомат клубови и казина – АПИС, во придружба на дел своите вработени пред Собранието испрати порака до пратениците од Комисијата за европски прашања да го отфрлат предлог Законот за игри на среќа кој ќе значи крај за легалната индустрија на игри на среќа и ќе …
Continue Reading
Ковачевски смета дека е фер листата на производи со покачено ДДВ: „Тие се сметаат за неосновни, дел не се здрави за населението“
Премиерот Димитар Ковачевски, ја оцени како фер и добро решение листата на производи со покачено ДДВ од 10 отсто, коментирајќи дека тоа е повластена стапка со оглед на тоа што основната изнесува 18 проценти. Повтори дека Македонија има најниска стапка на ДДВ во споредба со земјите од регионот, а при носењето на листата консултирани биле и стопанските комори и заинтересираните страни. …
Continue Reading
Воен аналитичар: Оваа ситуација на Блискиот Исток и одговара особено на една земја
Воениот аналитичар Маринко Огорец на телевизија N1 ја коментираше новонастанатата ситуација на Блискиот Исток и нападот на Хамас врз Израел. Зборувајќи за тајмингот и целта, тој рече: „Мислам дека главната причина за овој напад се преговорите меѓу Саудиска Арабија и Израел за признавање на Израел. Доколку и Саудиска Арабија го признае Израел, ќе дојде до прилагодување на меѓународните односи на …
Continue Reading