Шер повторно заедно со 40 години помладиот Александар
Шер се појави на модната ревија на „Балмејн“ во Париз со 40 години помладиот рапер Александар Едвардс и со тоа и официјално потврди дека се во врска. Поп-дивата (77) во неколку наврати насмеано позираше со своето момче (37) во текот на модната недела во Париз. Се чини дека парот се смири откако во мај медиумите објавија дека повеќе не се …
Continue Reading
Во Скопје одбележан денот на Бошњаците
Со свеченост во хотелот Александар Палас во Скопје, беше одбележан Денот на Бошњаците, кој е и официјален државен празник за припадниците на бошњачкиот народ во Северна Македонија, а во организација на Странка на демократска акција на Македонија. Меѓу присутните на прославата имаше повеќе истакнати личности од јавниот живот, претставници на дипломатскиот кор во земјата, на политичките партии, министри, пратеници и …
Continue Reading
Бајден: Трамп е закана за демократијата, нешто опасно се случува во Америка
Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека Доналд Трамп и неговите сојузници се опасна закана за демократијата на Соединетите Американски Држави. „Нешто опасно се случува во Америка во моментов“, рече Бајден, укажувајќи на неодамнешните закани на Трамп кон американските претставници, пренесува „Voice of America“. Во говорот во Аризона, тој рече дека историјата ги донела САД во „нов период на искушение“. „Постои …
Continue Reading
Почнува судскиот процес помеѓу Роналдо и Јувентус
Судскиот процес во кој Кристијано Роналдо го тужеше својот поранешен клуб Јувентус, ќе започне на 4 октомври. Португалскиот напаѓач кој сега настапува за Ал Наср го загуби трпението и реши да го тужи поранешниот клуб. Португалецот тврди дека Јувентус му должи 19,8 милиони евра заостанати плати. Станува збор за приходите што не ги добил за време на пандемијата на коронавирусот, …
Continue Reading
Заврши третиот скопски поетски фестивал
Со соло концертот на гитара на Александар Бошков и гостинот Ади Имери синоќа заврши третото издание на Скопскиот поетски фестивал. Претходно се одржа и интернационалното поетско читање на кое настапија поетите Марам ал-Масри (Франција/Сирија), Имануел Мифсуд (Малта), Лана Деркач (Хрватска), Мартин Глаз Серуп (Данска), Драгослав Дедовиќ (Србија), Ален Брлек (Хрватска) и Николина Андова Шопова (Македонија). Настаните од фестивалот се одвиваа …
Continue Reading
Околу 186 илјади мигранти годинава пристигнаа во јужна Европа
Околу 186.000 мигранти и бегалци годинава пристигнаа во јужните европски земји, објави Високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации (УНХЦР). Се додава дека најголем број од нив влегле во Италија – повеќе од 130 илјади, што е зголемување за 83 отсто во однос на минатата година, пренесува АП. Остатокот отишол во Грција, Шпанија, Кипар и Малта. Истовремено, од јануари до …
Continue Reading
Пронајден крадец од Ранковце, украл седум кубни метри огревно дрво
Вчера во 12.00 часот во Полициското одделение Ранковце бил извршен службен разговор со С.Л.(30) од с.Ранковце. Тој се сомничи дека во периодот од 24 до 26.09.2023 на место викано „Бела бука“ помеѓу с.Герман и с.Нерав одзел седум кубни метри огревно дрво, сопственост на М.Д. од Куманово. По преземени мерки, полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крива Паланка и …
Continue Reading
Исчезна кинескиот министер за одбрана: го нема веќе еден месец, а Пекинг молчи
Кина одби да коментира каде се наоѓа нејзиниот министер за одбрана, и покрај зголемените прашања за неговата судбина еден месец откако тој последен пат беше виден во јавноста. Портпаролот на Министерството за одбрана, Ву Чиан, рече дека „не бил свесен за ситуацијата“ на прашањето дали министерот Ли Шангфу е под истрага. Исчезнувањето на Ли следи по серијата необјаснети кадровски промени …
Continue Reading
Премиера на современиот балет „Сага“ на 6 и 7 октомври во Националната опера и балет
На 6 и 7 октомври со почеток во 20.00 часот ќе се одржи премиерата на современиот балет „Сага“. „Сага” (идентитети) е возбудливо патување низ ритамот на седмата осмина. Низ заедничка креација со Националниот балет, кореографката Рисима Рисимкин, на извонредната музика на композиторот Тони Китановски, сценографијата на Матеа Мијановиќ и костимите на Благој Мицевски, ги открива идентитетите на Црвената и Црната …
Continue Reading