„Домаќинство за почетници“ на Горан Столевски влезе во селекција за Европските филмски награди

Македонскиот филм „Домаќинство за почетници“ во режија и по сценарио на Горан Столевски, кој неодамна ја имаше својата светската премиера на филмскиот фестивал во Венеција, влезе во групата на филмови кои ја комплетираат овогодинешната селекција за 36 издание на Европските филмски награди, соопшти денеска Европската филмска академија (ЕФА). Кон крајот на август, најпрвин беа избрани 19 играни филмови, а сега …

Continue Reading

Петровска на конференцијата на началници на Генералштаб на земјите на САД – Јадранската повелба: успешен регионален механизам со потврдени резултати

Министерката за одбрана Славјанка Петровска, се обрати на годишната конференција на началници на Генералштаб на земјите – членки на САД – Јадранската Повелба, на која присуствува и генералот Кристофер Каволи, командант на Армијата на САД за Европа. „Резултатите од дејствувањето и соработката на оваа иницијатива се повеќе од видливи и нашироко препознаени. Четири од постојните пет нејзини членки се полноправни …

Continue Reading

МОН: 60 проценти од студентите ги подигнале наменските платежни картички за субвенциониран студентски оброк

Согласно информациите од „Шпаркасе Банка“, партнер на Министерството за образование и наука во реализација на мерката – субвенциониран студентски оброк, досега околу 60 проценти од студентите кои ги исполниле условите за остварување на ова право, ја подигнале наменската платежна картичка преку која единствено можат да се користат средствата кои им следуваат. Министерството за образование и наука упатува апел до сите …

Continue Reading

(Видео) Голем грабеж во Филаделфија: стотина млади луѓе упаднаа во продавници и крадеа стока

Продавници во центарот на Филаделфија и други делови на градот биле ограбени вчера, откако во нив упаднала толпа малолетни и млади луѓе, соопшти полицијата. Во еден момент имало околу 100 луѓе во толпата што ечеше низ центарот на градот, изјави полицискиот комесар Џон Стенфорд, пренесува „NBC News“. Грабежот се случи на денот на протестите поради отфрлањето на обвиненијата од страна …

Continue Reading

Хорор кај Димитровград: мигрант бил избоден 20 пати во белите дробови и стомакот по расправија покрај автопат

Мигрант утрово бил избоден со нож покрај автопатот во околината на Димитровград, објавија српските медиуми. Од полицијата во Пирот за српски Блиц е потврдено дека мигрантот се здобил со убодни рани во утринските часови во пресметка на автопатот кај Димитровград и дека со повреди е примен во болницата во Пирот, но се уште официјално не можат да соопштат колкав е …

Continue Reading

Починат маж пронајден паднат на улица во Гостивар

Утрово во 7 часот и 30 минути во СВР Тетово било пријавено дека во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад“ бил донесен починат 66-годишниот гостиварец Џ.Р. Според пријавеното, непосредно пред тоа, без видливи траги на насилство, тој бил пронајден паднат на улица „Илинденска“ во Гостивар. По наредба на јавен обвинител ќе се врши обдукција.

Continue Reading

Најстрога казна за сторителот и одговорност од институциите за убиството на жените, бара Националната мрежа против насилство

Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство бара најстрога казна за сторителите на убиствата врз жените, што се случија изминатиов период во земјава. Оттаму бараат и одговорност од институциите, за не преземање мерки за заштита на жените. Се работи за фемициди извршени на свиреп начин, на кои, како што велат од мрежата, им претходело долгогодишно семејно насилство кое …

Continue Reading

Копале од јули, четири дена ваделе работи од судското депо: откриени нови детали од случајот „Тунел“ во Црна Гора

Депото на Вишиот суд во Подгорица било провалено во петок на 8 септември во попладневните часови, а крадците до раните утрински часови во понеделникот на 11 септември краделе докази од магацинот. Според информациите, истрагата досега утврдила дека во тој период влегле во просториите на депото, каде извршиле увид и претурале низ повеќе работи и предмети кои се водат или се …

Continue Reading

Иран лансираше сателит за снимање: Америка реагира, се огласи и Техеран

Иран денеска објави дека успешно лансирал сателит за снимање во вселената. Државната агенција „ИРНА“, повикувајќи се на министерот за комуникации Иса Зарепур, објави дека сателитот „Ноор-3“ бил лансиран во орбитата на 450 километри над површината на Земјата, пренесе АП. Зарепур рече дека воздушната гранка на Иранската револуционерна гарда го извршила најновото лансирање на сателит. САД велат дека лансирањето на ирански …

Continue Reading