Гатузо се договорил со Олимпик Марсеј

Олимпик Марсеј минува низ изклучително тежок период. Поради закани од навивачите по само седум натпревари оставка си поднесе тренерот Марсељино. Се шпекулираше дека во клубот ќе се врати Игор Тудор, кој замина на крајот од сезоната, но медиумите тврдат дека речиси сигурно Марсеј ќе го преземе Џенаро Гатузо (45). „Гатузо денеска лета за Марсеј за да го потпише договорот“, објави …

Continue Reading

Расчистени пет кражби во Тетово, четири велосипеди и еден електричен тротинет вратени на сопствениците

Полициски службеници на СВР Тетово вчера целосно расчистиле пет кражби извршени во текот на овој месец, а за кои е осомничен малолетник од тетовско Селце. Кај него биле пронајдени и од негов роднина одземени четири велосипеди и еден електричен тротинет, кои им биле вратени на сопствениците. По целосно документирање на случаите, против малолетникот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Continue Reading

(Видео) Мигранти нападнаа гранични патроли на Србија и Унгарија: пукаа од автоматско оружје, Орбан со остра порака

Унгарскиот премиер Виктор Орбан објави дека заедничката гранична патрола на Србија и Унгарија неодамна била нападната со автоматско оружје и посочи дека насилството со мигрантите е во пораст. Орбан на социјалната мрежа „Х“ нагласи дека е време сите да се соочат со вистината дека бриселскиот договор за ова прашање пропаднал. Migrant violence is on the rise. Three nights ago, a …

Continue Reading

Словенија воведува полициски контролни пунктови во близина на границата со Хрватска

Словенија одлучи да постави полициски контролни пунктови на својата територија во непосредна близина на граничните премини, вклучително и на границата со Хрватска. Шенгенскиот режим останува на сила и ќе може да се поминува преку поранешните гранични премини без никаква контрола, но на територијата на Словенија ќе има полициски контролни пунктови каде полицијата ќе застанува и ќе проверува поединечни возила. Како …

Continue Reading

Командант, кучето на Бајден, гризнало друг агент на тајната служба

Командант, двегодишниот германски овчар на семејството на американскиот претседател Џозеф Бајден, гризнал друг агент на тајната служба. Како што јавува Би-Би-Си, нападот се случил во понеделникот вечерта, а агентот добил помош на лице место, се вели во соопштението на тајната служба. Ова е 11-ти пат куче да гризне човек во Белата куќа или во домот на Бајден. „Како што знаете, …

Continue Reading

Претрес во Валандово, пронајдени марихуана, семки од канабис, оружје

На 26.09.2023 во 11.45 часот во Валандово, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Валандово го лишиле од слобода В.З.(48) од Валандово. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, воздушна пушка, два детекторa за метал и семки од растението канабис. За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија и по …

Continue Reading

Азербејџан: Во Нагорно Карабах загубивме 192 војници

Азербејџан загуби 192 војници за време на минатонеделната воена операција за враќање на контролата врз отцепениот регион Нагорно Карабах, соопшти азербејџанското Министерство за здравство. За време на азербејџанските воени операции беа убиени 200 етнички Ерменци, но како дел од постигнатиот договор, ерменските борци се согласија да го предадат оружјето. Нагорно Карабах, кој е меѓународно признат како дел од Азербејџан, е …

Continue Reading

Деветмина уапсени во Италија, силувале девојчиња од 10 и 12 години, а еден од нив се пренесувал во живо

Италијанската полиција вчера уапси девет млади мажи за групно силување на две девојчиња на возраст од 10 и 12 години во градот Каивано во близина на Неапол. Веста за силувањето на девојчињата, кои се братучетки, ја шокираше Италија кога беше објавена во август. Силувањето се случило во јули, а девојчињата наводно неколку пати биле силувани од група мажи. Засега не …

Continue Reading

Претрес во прилепско Дебреште, пронајден пиштол, приведено едно лице

Вчера во с.Дебреште, прилепско, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода И.И.(53) од с.Дебреште. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени пиштол калибар 7.65 мм, рамка за пиштол калибар 7.65 мм и други предмети. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на настанот против него ќе следува соодветна пријава.

Continue Reading