Винисиус се враќа

Винисиус Жуниор, еден од најдобрите играчи на Реал Мадрид ќе биде подготвен за натпреварот од 7. коло на Примера. Реал, во среда, ќе го пречека Лас Палмас. Бразилецот отсуствуваше од крајот на август, кога на натпреварот против Селта Виго заработи повреда на мускулот. Не беше во тимот за градското дерби против Атлетико, во кое „јорганџиите“ му го нанесоа првиот пораз …

Continue Reading

На клупа во парк во Гостивар пронајдено малолетно дете, предадено е на неговата баба

Полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар, вчеравечер околу 22 часот, по претходна пријава, во парк на улица „Живко Брајковски“ во Гостивар пронашле малолетно дете кое спиело на една од клупите, извести СВР Тетово. Детето било од Скопје и во присуство на претставници од Центарот за социјални работи Гостивар било предадено на неговата баба.

Continue Reading

Уапсен тетовец, ја истепал сопругата

Вчеравечер, околу 22.50 часот, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 34-годишниот тетовец С. А., кој претходно бил пријавен од 34-годишната сопруга дека во семејниот дом физички ја нападнал, извести СВР Тетово. По целосно документирање на случајот, против С. А. ќе следува соодветен поднесок.

Continue Reading

На магистралниот пат Гостивар-Кичево сообраќајот се одвива наизменично со пропуштање на сите типови возила

На магистралниот пат Гостивар-Кичево сообраќајот се одвива наизменично со пропуштање на сите типови возила, извести АМСМ. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, …

Continue Reading

Прегазен 88-годишен пешак во Дебар

Вчера во Полициската станица Дебар било пријавено дека на улицата 100 во Дебар, патничко возило „пежо“ со дебарски регистарски ознаки, управувано од Љ.Р.(40), удрило во пешакот А.Б.(88), двајцата од Дебар. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Дебар.

Continue Reading

Тешка сообраќајка во Скопје: повредени четири лица, две потешко

Вчера во полицијата било пријавено дека на крстосница од улицата Македонско косовска бригада и Втора македонска бригада во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу „даеву матиз“ – возило управувано од М.Б.(66) од Скопје и патничко возило „бмв“, управувано од М.С.(18) од селото Сарај, двете со скопски регистарски ознаки. „Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот М.Б. и неговата …

Continue Reading

Книгата „Вештица“ од Венко Андоновски на Дванаесеттата Европска Ноќ на Литературата

На 27 септември 2023 во Софија ќе се одржи Европската ноќ на литературата, организирана од амбасадите и странските културни центри во Бугарија, во соработка со Европска комисија и Општина на главниот град Софија. На настанот кој ќе се одвива во централниот дел во Софија ќе бидат претставени најново преведени книги на автори од различни европски земји, а секој културен центар …

Continue Reading

„КФОР да ја преземе безбедноста на северот на Косово“, се огласи Вучиќ по средбата со амбасадорите на земјите од квинтата

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, побара од амбасадорите на земјите од квинтата, КФОР да преземе грижа за сите безбедносни прашања на северот на Косово „наместо полицијата на Курти“. „Во еден од најтешките моменти за Србија имав важен разговор со претставниците на квинтата. Ги повторив ставовите на Србија за последните настани на Косово и побарав КФОР да се грижи за сите …

Continue Reading

(Видео) Стоилковски: Дали владата со потпис на Артан Груби ја става Македонија во партнерство со бугарската мафија

Дали владата со потпис на Артан Груби ја отвори вратата за криминалните пари на бугарското подземје и ја стави Македонија во партнерство со бугарската мафија, прашува портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски. „По низа толкувања и заобиколувања на законите, владата тивко, со потпис на Артан Груби летово, дозволи отворање нови видео лотарии, односно онлајн коцкање! Тоа е овој документ со потпис …

Continue Reading